Инзаги за победата над Лајпциг: Никогаш не е лесно да се игра со ваков ривал

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги се осврна на синоќешната победа над Лајпциг во 5. коло од Лигата на шампионите.

До трите бода „Нероазурите“ дојдоа со автоголот на Кастело Лукеба во првото полувреме.

-Одигравме одличен натпревар, постојано ја контролиравме ситуацијата, а против Лајпциг не е лесно. Повеќе напаѓаа во завршниот дел од играта, Зомер добро се снајде на голот. Штета што не успеавме да постигнеме втор, изјави Инзаги.

Интер во поредокот во Лигата на шампионите со 13 бодови, Лајпциг нема бодови и е на претпоследното, 33. место.

Кинеските брендови доминираат со 70 отсто на рускиот пазар за нови автомобили

Кинеските брендови зафаќаат околу 70 отсто од пазарот за нови автомобили во Русија, изјави аналитичарот на податоци од компанијата „Авито Авто“, Артјом Соколов.

Руските производители во исто време ги достигнале планираните производствени капацитети, а нивниот удел на пазарот на нови автомобили во Русија достигнал 22 отсто во октомври 2024 година, пренесува ТАСС.

Соколов додаде дека уделот на локалните брендови на рускиот пазар пораснал за 7 проценти во последните 12 месеци. Просечната цена на нов автомобил во Русија минатиот месец изнесувала 3,4 милиони рубљи (околу 30.420 евра), додека просечната цена на половен автомобил била 1,45 милиони рубљи (приближно 12.970 евра).

Според податоците на „Автостат“, во октомври во Русија биле продадени вкупно 171.200 нови автомобили. Најпродаваниот бренд била домашната „Лада“, додека „Тојота“ се најде на деветтото место. Останатите позиции во топ 10 ги заземаат исклучиво кинески брендови.

Поради сообраќајна несреќа во прекин сообраќајот на патот Гостивар - Стража

Сообраќајот на патниот правец Гостивар - Стража е во прекин поради случена сообраќајна несреќа.

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија сообраќајната несреќа се случила пред УО Империјал.

Сообраќајот на овој патен правец е во прекин од 12.30 часот.

Фјури за борбата со Усик: Ова е најдобриот противник со кој сум се борел

Британскиот боксер Тајсон Фјури го сподели своето мислење за претстојниот реванш со Александар Усик.

Мечот е закажан за декември, Фјури во досегашната професионална кариера има 36 борби од кои 34 победи една нерешена и еден пораз.

Усик е со биланс 22-0.

-Мислам дека тој е најдобриот противник со кој сум се борел. Се борев со светски шампиони, олимписки шампиони. Но, никогаш претходно не сум се борел со светски шампион во двете верзии. Тоа го става на врвот, изјави Фјури за „FTTV Boxing“.

Реваншот меѓу Фјури и Усик ќе се одржи ноќта меѓу 21 и 22 декември 2024 година во Ријад (Саудиска Арабија). Првата меѓусебна борба се одржа во мај - украинскиот боксер победи со поделена одлука на судиите.

притисни ентер