Конференција за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење

Конференција за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во југоисточна Европа.

Утринава министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се обрати на конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.

Со предлог на СДСМ за укинување на ДДВ ќе поевтинат над 250 категории на производи

Со усвојување на предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи храна, граѓаните ќе може да заштедат и до 2.000 денари месечно.

Со ова законското решение се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти.

Тоа ќе даде реален ефект и вистински ќе ги намали малопродажните цени на прехранбените производи, со што ќе се намали и вредноста на потрошувачката кошница.

Учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, што значи ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети.

Бенефитите ќе бидат за граѓаните а воопшто нема да ги оптоваруваат компаниите. Оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата.

После еден месец се покажа дека владината мерка за замрзнување на маржите не донесе никаков резултат. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари во споредба со минатито месец, во период кога просечната плата се намали за 1.000 денари.

Затоа СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат ова законско решение.

Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да не води политички инает врз грбот на граѓаните. Наместо постојано да одбива добри законски решенија предложени од опозицијата да се одважи и да ги поддржи.

Нема ниту еден аргумент ВМРО-ДПМНЕ зошто е против оваа мерка, против ова законско решение за укинување на ДДВ-то на основните производи. Освен дека е против затоа што е поднесена од СДСМ.

Споредбите со периодот кога СДСМ успешно спроведе мерки за намалување на цените се несоодветни. Само со една од мерките што СДСМ ја донесе пред две години, поевтинија над 500 производи, или околу пет пати повеќе од сега.

Граѓаните немаат време да чекаат, додека трошоците за живот секој месец растат. Потребни се ефикасни, реални и системски решенија како ова законско решение.

За овој предлог закон треба да дадат поддршка сите пратеници, затоа што е во интерес на граѓаните и ќе овозможи подобар животен стандард и одржлива економија. Тоа е обврска на сите пратеници, без разлика каква политичка идеологија имаат или од која партија доаѓаат.

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - пратеничка

САД/Избори: Почна гласањето на источниот брег

На источниот брег денеска почна гласањето за претседателските избори во САД.

Повеќе од 82 милиони Американци гласаа предвреме.

Право на глас имаат околу 240 милиони луѓе.

Анкетите покажуваат речиси идентични шанси за потпретседателката Камала Харис, која е кандидат на демократите, и републиканскиот кандидат Доналд Трамп. За исходот од трката се очекува да одлучат седум клучни држави.

Изборите, исто така, целосно ќе го обноват составот на Претставничкиот дом и за околу една третина - составот на Сенатот. На места ќе се направат и голем број референдуми, вклучително и за правото на абортус во неколку држави.

Шест лица загинаа, а девет се ранети во рускиот напад на градот Запорожје

 Шест лица загинаа, а девет се ранети во рускиот напад утринава врз градот Запорожје, на југот на Украина, соопшти регионалниот гувернер.

Тоа беше смртоносен напад врз инфраструктурен објект, напиша гувернерот Иван Федоров на Телеграм.

Тој додаде дека по ударот на тоа место избувнал пожар.

Непосредно пред нападот, се огласија сирените за предупредување за напад со балистички ракети во таа зона, каде што се наоѓа најголемата нуклеарна централа во Европа, која е под руска контрола од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андриј Јермак преку Телеграм го повика Западот да направи повеќе за да и помогне на Украина.

„Нов руски напад во Запорожје. Има мртви и ранети. Треба да го запреме насилството со силни акции. Сојузниците треба да дејствуваат посилно“, рече тој.

Киев го обвинува Западот дека е плашлив во однос на Русија, која ги забрзува своите освојувања во источна Украина и е обвинета за распоредување севернокорејски трупи да се борат против Украина.

притисни ентер