Децата оваа сезона ќе скијаат по пониски цени и со една ски карта во целиот регион

 Во периодот на подготовките за претстојната зимска сезона од Ресорт Маврово, најавуваат претпродажба сезонските карти за скијање во т.н. Super Early Bird понуда, која трае до 11.11.2024 година. 

Новите понуди ги опфаќаат и младите кои годинава ќе имаат дополнителни погодности.

Како новитет за годинава, покрај стандардните сезонски карти, Ресорт Маврово подготви пакет 1+1, односно карта за возрасен и карта за младинец или дете со попуст до 60 проценти на втората карта. Тие се во комбинација скијач + скијач или жичарница + скијач.

Од годинава во SUPER Early Bird понуда се тридневните (три последователни дена) pre-paid ски карти за возрасни, млади и деца со голем попуст. Менаџментот на Ресорт Маврово одлучи годинава во Super Early Bird цената на детската карта да изнесуваат 1.200 денари.

- Како и минатата година, сезонски карти од Ресорт Маврово повторно ќе важат три последователни дена во скијачките центри - Копаоник, Златибор, Стара Планина, Колашин и Бјелашница. За секој што поседува сезонска карта за скијање обезбедуваме и 10% попуст во Маврово и Скопје кај „Friends of Mavrovo“. На овој начин, обезбедуваме сериозни заштеди за децата и за семејствата, надевајќи се дека што повеќе деца и млади ќе скијаат во новата сезона, вели Огњан Циговски од Ресорт Маврово.

Онлајн продажба на скијачките карти се врши на https://skipass.resortmavrovo.com/, повеќе информации се достапни на интернет страницата https://resortmavrovo.com/node/130.

Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Двајца наставници од основни училишта од Куманово нападнале ученици во два одвоени случаи, соопшти денеска кумановската полиција.

Еден од наставниците пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект, поради претходно недоразбирање со ученик.

Вчера 17:00 часот во СВР Куманово, М.Љ.(27) – вработен во основно училиште во Куманово пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило и со остар предмет поради претходно недоразбирање со ученик од училиштето. Подоцна, во 21.05 часот, М.Б.(40) од Куманово пријавил дека во основното училиште во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот М.Љ.

Вчера, во 17:30 часот во СВР Куманово, Д.И.(41) од Куманово пријавил дека во основното училиште во Куманово во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Д. Д.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Какви лекции треба да извлече Македонија од трагедијата во Нови Сад?

Трагичното уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад треба да не предупреди навремено како држава да преземеме активности за редовна контрола на нашите поранливи објекти

Трагичното уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад треба да не предупреди навремено како држава да преземеме активности за редовна контрола на нашите поранливи објекти, кои постојат секаде, па така и кај нас, вели деканот на Градежниот факутлтет во Скопје Горан Марковски.

Тој додава дека градбите кај нас не се разликуваат многу од оние во соседството, имајќи ги во предвид историските околности, стандардите за градба, како и менталната матрица, затоа вели дека ваквите несреќни настани каде и да се случат треба да се сфатат многу сериозно.

-Треба да се изгради систем за редовна контрола на чувствителните објекти, не се сите такви да мора да се проверуваат ,но има дел од нив како што се мостови брани тунели цевководи потпорни ѕидви, спефицични згради, изградени постари и тн кои редовно треба да се контролираат, тогаш ризикот ќе го сведеме на минимум и ќе можеме со сигурност д акажеме дека не може да ни се случи некакво изненадување како ова, Навистина е трагично во 21 век една настрешница на јавен градски објект да се урне целата.- Горан Марковски.

Говорејќи за областа во која тој работи, професорот Марковски вели дека кај нас се вршат солидни контроли на мостовите на државните патишта и браните.

-Изминатите години вели се снимени 1300 мостови во надлежност на државата за кои се подготвува приоритетна листа за санирање и поправка на најкритичните , додека за браните апелира до надлежните да преземат активности за обнова на опремата за контрола која вели дека е застарена,- Горан Марковски

Како можна причина за уривањето на настрешницата на железничката станица во соседна Србија професорот Марковски вели дека се вклучени повеќе фактори, како главна ја наведува губењето на носивоста на сајлите, потоа концептот на проектирањето на конструкцијата и временскиот контекст на градбата која е од 1964 година.

-Евидентно е дека уривањето е последица на губење на носивост на затегите на кои настрешницата била обесена во предниот дел, е сега е прашањето зошто дошло до губење на носивост на овие елемтни најверојатно со голема сигурнност може да се претпостави е корозијата на затегите која настанала во овие 60 години на постоење на тој објект,- Горан Марковски.

Професорот Марковски смета дека е прерано да се лоцира одговорноста за трагедијата, имајќи ги во предвид дистанцата и недостатокот на соодветни податоци.

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на „Фени”

Одбиени се предлозите за укинување на одлуки за продажба на подвижен имот на поранешно „Фени”, потврдија денеска за МИА од Основен суд Кавадарци.

Предлозите ги поднесоа незадоволни доверители во рамките на стечајна постапка, меѓу кои и транспортери на руда, незадоволни од висината на продажба на имотот, од која чекаат наплатување на своите побарувања.

- Поднесени беа предлози до стечајниот судија да ги укине ваквите одлуки поради ниската понудена цена, имајќи ја предвид проценетата вредност на имотот предмет на продажба . Ваквите предлози од страна на стечајниот судија се одбиени. Против решението, право на жалба имаат подносителите на предлог, во рок од осум дена од приемот на документот и од неговото објавување на огласната табла на судот, одговорија од Основниот суд во Кавадарци. .

Оттаму појаснија дека се работи за донесени одлуки на Собранието на доверители одржано на ден 21 октомври, во отворената стечајна постапка над должникот Трговско друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услуги Еуроникел индустри ДОО село Возарци, поранешниот комбинат за фероникел, „Фени”. Со одлуките, беа усвоени понуди на понудувач, за продажба на имот на стечајниот должник влезен во стечајна маса.

Предлози за укинување на одлуките доставија доверители кои имаат утврдени побарувања по однос на обврски за извршен превоз, транспортерите и уште еден доверител кој има признато побарување, а кои не ги гласале одлуките на Собранието.

Претходно, МИА информираше дека на седницата одржана во рамки на отворената стечајна постапка над должникот во стечај, присуствуваа доверители со утврдени и признати побарувања во износ од 58.414 проценти.

На дневен ред беа неколку точки, за продажба на имот од стечајната маса, меѓу кои и резервни делови, разна руда од Брег на Слонова коска, Албанија, Гватемала, цврсти горива како лигнит од Индонезија, Колубара, камен јаглен од Русија. За некои од пакетите за продажба, немаше заинтересирани за понудите. Била спроведена електронска аукција. Беше прифатена понуда за купување на инвентар и лабораторија со проценета вредност од 14.143.567,00 денари, а со понуда во износ од 8.305.200,00 денари или 58,72 отсто од проценетата вредност. Се прифати и таа понуда за продажба на магацински простор со проценета вредност од 43.492.742,00 денари а со понуда во износ од 13.534.400,00 денари или 31,11 отсто од проценетата вредност.

На седницата беа прифатени и понудите за продажба на магацински простор со резервни делови,со проценета вредност од 371.852.869,00 денари а со понуда во износ од 75.669.600,00 денари или 20,34 проценти од проценетата вредност, како и таа за разна руда со проценета вредност од 16.513.455,00 денари а со понуда во износ од 11.300.000,00 денари или 68,42 проценти од проценетата вредност и таа за цврсти горива со проценета вредност од 11.484.450,00 денари, а со понуда во износ од 7.900.000,00 денари или 68,78 отсто од проценетата вредност.

Седницата ја следеа и доверители што имаат свои утврдени побарувања, меѓу кои и транспортерите на руда.

На два пати досега, транспортери кои своевремено возеа руда за комбинатот, протестираа барајќи над два милиона евра за транспортот и изразувајќи незадоволство што, како што рекоа, имот проценет за над десет милиони евра, се огласил за продажба за околу 2.3 милиона евра.

притисни ентер