Чаби Алонсо за дуелот со Ливерпул: Ќе играме со еден од најдобрите тимови

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги сподели своите очекувања за натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул.

- Убаво е што се враќам овде неколку години подоцна. Забележливо е дека клубот се развива, новата трибина изгледа неверојатно. Ни претстои голем натпревар против Ливерпул. Ова е еден од најдобрите тимови во Европа во моментов, имаат одлични играчи, одличен тренер. Со нетрпение го очекуваме овој предизвик и ќе видиме што ќе излезе од него, изјави Алонсо за сајтот на УЕФА.

Натпреварот меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен ќе се одигра вечер со почеток во 21 часот.

Ливерпул по три кола во Лигата на шампионите е втор со максимални девет бодови, Баер е на шестото место со седум освоени бода./МИА

Ахмети го прифаќа предизвикот на ВРЕДИ, ВРЕДИ очекува одговорност за досегашното владеење

„Слушнам, бараат да сум потпишал на нотар, дека доколку и со еден глас ги загубам изборите, нема да бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, ќе си заминам“, посочи Ахмети.

Откако од ДУИ порачаа дека за нив е прифатливо заедно со локалните наесен идната година да се одржат и предвремени парламентарни избори, синоќа лидерот на интегративците Али Ахмети отиде и чекор понанаму - пред членовите на партискиот огранок во Куманово најави повлекување од политиката доколку изгуби на следините избори.

Ваквата негова изјава следува по неодманешнот повик од Вреди за писмена гаранција од Ахмети дека ќе си замине доколку ДУИ не победи на следните избори и по пораките од премеирот Мицкоски наместо за изборно соочување, интегративците да се подготват за одговорност.

„Слушнам, бараат да сум потпишал на нотар, дека доколку и со еден глас ги загубам изборите, нема да бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, ќе си заминам“, посочи Ахмети.

Со реакција на ваквата изјава на Ахмети, возвратија од Вреди и им порачаа дека наместо за предвремени избори, идеално време било за одговорност за досегашното лошо владеење..

- ДУИ се во треска да не се појават СМС пораките во јавноста како доказ за нечесните понуди што ги имаа да влезат во Влада наместото на ВРЕДИ со половина министерства, без спикерот на Собранието и со ветување за поддршка на терен да се изберат Македонци за градоначалници на општините во Струга и Кичево на локалните избори во 2025 година, се наведува во партиското соопштение од ВРЕДИ.

Темата за евентуални предмевремени заедно со локалните избори се актуелизираше откако Мицкоски ја понуди до СДСМ како реакција за нивното барање да го врати мандаотот поради употребата на Северна.. Подгтовеност за такво сценарио вчера изрази и Филипче, но колку е тоа реално?

Во ваквите искри со пораки и повици за предвремено изборно соочување и ветувања за повлекување од политиката сцена, дел од аналитичарите препознаваат само полтички фолклор и превремена предизборна реторика.

„Овие храбри политики изјави ќе си одам ако изгубам со еден глас и така натаму ги толкувам како предизборна реторика. Тие не се призвод на некаква сериозна политичка стратегија, туку на дневниот понг-понг помеѓу партиските штабови на конференции. Не би ги земал здраво за готово. Ова се уште наликува на политички фолклор, одошто на серизона иницијатива за предвремени парламентарни изборинамногу затоа што нема никков контекст или повод за таквите избори. Но не исклучувам можност во блиско време дали поради уставни измени или некој друг политички потрес да се реактуализираат предвремени парламентарни избори“– Петар Арсовски, политички аналитичар.

Можноста за предвремени парламентарни избори во пакет со локалните според Аросовски е минимална и смета дека тие нема да донесат никаква драстична промена на политичките сили во парламентот, туку само ќе ја закочат економијата во државата.

Мелник од ШК Мулти Есенс стигна до делба на шестото место на Светското првенство за слепи лица

Членот на ШК Мулти Есенс, Стефан Мелник, со делба на шестото место го заврши настапот на Светското индивидуално првенство во шах за слабовидни и слепи лица, во верзија на IBSA, кое се одржа од 25 октомври до 4 ноември во Петровац, Црна Гора.

Ова е прв настап за 16-годишниот младинец на ваквото Светско првенство, кое по третпат го организира Интернационалната спортска федерација на слепите, а кое се игра во сениорска конкуренција.

На крајот првите три места ги освоија играчи кои во деветте кола прокнижија по седум бода, а меѓу нив беа и двајцата најсилни според рејтингот: ФИДЕ-мајсторот Иштван Золтан Замбо од Унгарија и ветеранот ИМ Предраг Никач од Црна Гора. Со 5,5 бода Стефан Мелник се доближи до водечката група и заврши на делба на шестото место.

Претходно, годинава во јуни, тој настапи на Европското првенство за слепи лица, во верзија на IBCA, кое се одржа во Романија, каде што се пласираше на делба на 10. – 18. место.

Со исклучителните постигнати резултати Стефан Мелник го потврдува својот шаховски талент и потенцијал, а воедно и континуираната работа со неговиот тренер, ВМ Трајко Недев, во последните две години ги дава посакуваните резултати.

- Овој настап ќе го паметам по пропуштените шанси. Се изборив за подобри позиции во два случаи, од кои првиот беше против ИМ Никач, кој потоа ги искористи моите непрецизности и успеа да освои цел поен, а во вториот случај партијата заврши со реми (со Французинот Јан Тевене). Бев најмладиот учесник на Првенството, а, според информациите што ги добив, подобро пласираните играчи биле од категоријата на слабовидни лица, за разлика од мене. Мислам дека во скоро време би можел да напредувам и да стигнам до борба за еден од медалите – вели Стефан во првата изјава по враќањето во Скопје.

При овој настап младинецот од шаховската школа на ШК Алкалоид освои и нови 63 рејтинг-поени на листата на ФИДЕ, слично како и при настапот на Европското првенство, кога освои 131 рејтинг-поен. Со тоа неговиот вкупен рејтинг ќе ја надмине границата од 1900 и ќе го вброи рамо до рамо меѓу најуспешните играчи од тимот на ШК Мулти Есенс, за кој настапуваше минатата сезона во екипните натпревари и со кој заедно обезбеди пласман во највисокото екипно натпреварување во Македонија според рангирањето – Првата шаховска лига.

„Ванчо Михајлов“ го смени името во „Една роза“: Македонска крвава свадба била бугарска

Бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов функционира во истиот простор во Битола, но под ново име. 

Во Централен регистар сега е заведен под името Една Роза како Здружение Културен центар, откако пред 2 години министерството за правда не им даде согласност за користење на името на Михајлов, поради неговото поврзување со фашизмот..

И под новото име, здружението продолжи со активности кои предизвикуваат реакции во јавноста... Тие на социјалните мрежи споделија видео од промоција на издание на „Македонска крвава свадба“ претставена како бугарското културно наследство.

-Решивме да објавуваме оригинални документи, оригинални текстови, без корекции, Бугарка да се чита Македонка, Бугарија да се чита како Македонија,- изјави – Калин Крумов – промотор на книгата.

За овој настан, пратеничката и потпретседателка на Собрнаието, Весна Бендевска од ЗНАМ, го инаформирала ЈО во Битола.Смета дека се прави провокација на националните чувства на македонскиот народ.

-Се обратив до Основното јавно обвинителство во Битола за да прашам дали државните институции можат да најдат начин на кој ќе го забранат дејствувањето на здружението на граѓани со фашистичко име. Доколку има индиции, веднаш ќе поднесам кривична пријава против Љупчо Ѓоргиевски, поранешен претседател на поранешното здружение што е избришано од регистарот. – вели Бендевска во телефонски разговор.

Претседателот на здружението Љупчо Горгиевски, пак, за Канал 5 вели дека воопшто немале намера да провоцираат, а во поднесокот од Бендевска гледаат обид за притисок.

-За најточни информации, таа може да се обрати до Централниот регистар, каде што ќе го најде новото име на нашето здружение. Што се однесува до нашите активности, тие продолжуваат да се одвиваат во согласност со законите и регистрираните промени. Нема никаква намера за провокација кон никого, туку напротив, сите активности се насочени кон меѓусебно разбирање и почит. - вели Љупчо Ѓорѓиевски – КЦ Една Роза – Битола, и додава дека за „Македонска крвава свадба“ сакале да го промовираат фототипното издание на книгата.

Тој утре повтроно ќе седне на обвинитилна клупа во битолскиот суд, откако обвинителството поради пораките на социјалните мрежи и на ѕидовите на клубот лани му поднесе обвинение за ширење национална омраза кон македонскиот народ и придобивките од НОБ како и ксенофобија преку компјутерски систем.

притисни ентер