Со предлог на СДСМ за укинување на ДДВ ќе поевтинат над 250 категории на производи

Со усвојување на предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи храна, граѓаните ќе може да заштедат и до 2.000 денари месечно.

Со ова законското решение се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти.

Тоа ќе даде реален ефект и вистински ќе ги намали малопродажните цени на прехранбените производи, со што ќе се намали и вредноста на потрошувачката кошница.

Учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, што значи ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети.

Бенефитите ќе бидат за граѓаните а воопшто нема да ги оптоваруваат компаниите. Оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата.

После еден месец се покажа дека владината мерка за замрзнување на маржите не донесе никаков резултат. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари во споредба со минатито месец, во период кога просечната плата се намали за 1.000 денари.

Затоа СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат ова законско решение.

Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да не води политички инает врз грбот на граѓаните. Наместо постојано да одбива добри законски решенија предложени од опозицијата да се одважи и да ги поддржи.

Нема ниту еден аргумент ВМРО-ДПМНЕ зошто е против оваа мерка, против ова законско решение за укинување на ДДВ-то на основните производи. Освен дека е против затоа што е поднесена од СДСМ.

Споредбите со периодот кога СДСМ успешно спроведе мерки за намалување на цените се несоодветни. Само со една од мерките што СДСМ ја донесе пред две години, поевтинија над 500 производи, или околу пет пати повеќе од сега.

Граѓаните немаат време да чекаат, додека трошоците за живот секој месец растат. Потребни се ефикасни, реални и системски решенија како ова законско решение.

За овој предлог закон треба да дадат поддршка сите пратеници, затоа што е во интерес на граѓаните и ќе овозможи подобар животен стандард и одржлива економија. Тоа е обврска на сите пратеници, без разлика каква политичка идеологија имаат или од која партија доаѓаат.

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - пратеничка

Град Скопје со апел да се стави иницијативата на приватните превозници на разгледување

Град Скопје апелира до Трајко Славевски да ја стави иницијативата на приватните превозници на разгледување пред советниците

Град Скопје во денешното соопштение до медиумите апелира до претседателот на Советот Трајко Славевски веднаш да ја стави иницијативата за барањето на приватните превозници за разгледување пред советниците со цел деблокирање на овој сегмент од јавниот превоз во главниот град.

- По вчерашната прес конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за која цената ја плаќаат граѓаните на градот Скопје, се наведува во соопштението од Градот Скопје.

Оттаму посочуваат дека приватните превозници редуцирано сообраќаат поради револтот за неразгледување на нивната иницијатива за која може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје.

- Тие имаат доставено барање до претседателот на Советот на град Скопје Трајко Славевски пред неколку месеци, кое според Деловникот за работа на Советот на град Скопје требаше да биде ставена на разгледување пред советниците во Советот веднаш без одлагање. За жал, тактиката на мнозинството во Советот да се креира незадоволство и предизвика хаос за граѓаните на градот Скопје, преку спречување набавка на нови еколошки автобуси и обидот за девастирање на јавниот превоз со неисплаќање на долгот кон ЈСП од 8 милиони евра кој го има Владата за превоз на студентите и студентскиот стандард, се наведува во соопштението од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Кога и под кои услови унгарските кредити ќе бидат достапни за компаниите?

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнисот мора веднаш да се стават во функција – бара првиот човек на Стопанксата комора Бранко Азески

Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнисот мора веднаш да се стават во функција – бара првиот човек на Стопанксата комора Бранко Азески, откако беше обајвено дека банките не ги прифатиле критериумите под кои Владата сакаше да ги пласира 250 милиони евра, па остана нејасно кога и по кои услови тие ќе бидат достапени за компаниите..

„Намерата на премиерот да помогне на бизнисот е чесна како и настојувањата на банкарите да го одбранат своето. Но, чесно е барањето на бизнисот, имплементација одма. Тоа ќе овозможи заедно со другите инвестициски активности што ги најавува Владата и оние што ги планираат компаниите, да внесеме доза на оптимизам дека работите одат кон посакуваната цел, а тоа подразбира раст на економијата поголем од 1,8% што беше просек во изминатиот период.“ - Бранко Азески – претседател на Стопанка комора.

Главниот проблем биле трошоците што банките ги пресметуваат за пласманот на кредитите. Банките на основната камата од 3.25% за унгарската Ексим банка, побарале уште толку за нивните трошоци, па како решение се споменува тие да паднат на товар на буџетот.

Од Македонската банкарска асоцијација, засега нема став околу тоа како течат преговорите со Владата.. Премиерот викендов рече дека не очекувал тие да бидат алтруисти но ризикот, вели, мора да се подели.

„Не можам а да не го сокријам моето разочарување. Очекував сите заедно да работиме за интересот и на државата и на граѓаните и секој да понесе дел од одговорноста. Јас не очекувам некој да биде алтруистра далеку од тоа, не очекував дека банките ќе бидат алтруисти но исто така не очекував дека ќе се доведеме во една ваква ситуација, но тоа е што е ние треба да се подготвиме да го помогнеме бизнисот. “-изјави Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Минстерката за финансии Кочоска пред неколку дена кажа дека фоксуот на разговорите сега е рокот за отплата на кредитите. Предлгот на Владата е тој да биде ист како што се услвоите од Унгарците – 3 години грејс период и 15 години отплата, но банките се повикале на своите интересни акти според кои ваквите кредити ги сметаат за високоризични и ги диваат на рок не подолг од 10 години.

СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени

СВР Велес попладнево излезе со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени, на патот од Кавадарци за Росоман, кај росоманското село Рибарци.  

- Денеска во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 08.45 часот во близина на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 18-годишната В.З. од Градско и товарно возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(46) од Велес, појаснија од СВР Велес.

Оттаму соопштија дека од здобиените повреди на местото починал М.П.(40) од Велес, сопатник во товарното возило, а смрт констатирал лекар.

- Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на товарното возило и 18-годишната А.Н., сопатник во патничкото возило, а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираа од СВР Велес.

притисни ентер