Фото: Принцот од Рим е повторно среќен

Фудбалскиот принц на Рим е повторно среќен, главен „виновник“ за тоа е русокоса секс бомба.

Легендата на светскиот фудбал Франческо Тоти, популарниот Принц на Рим ја врати насмевката на лицето, славниот капитен на Рома, успеа да заборави на пеколните неколку години во кои остана без својот татко кој почина како последица на коронавирусот, но го остави и неговата сопруга Илари Бласи.

Водеше долг судски процес со сопругата и неколку пати јавно кажал дека му е тешко.

Денеска покажа дека завел нова убавица, а тоа е Ноеми Боки. Двајцата се фотографирани на плажа во Мајами како се релаксираат на лежалки. Ниту еден момент не престанаа да се смеат, што покажува дека одлично се забавуваат.

Интересно, тие дури имаа бикини во складни бои.

Франческо и Ноеми се веќе извесно време во врска, а таа му помогна да го преброди разводот и тешките моменти.

Пред тоа, Тоти беше во брак со Илари 17 години, а имаа три деца - синот Кристијан и ќерките Шанел и Изабел. Тие беа еден од најхармоничните парови во Италија пред вестите за развод.

Јанчев: Асфалтирање на трета лента од Западен Булевар

Започна асфалтирањето на новоизградената трета лента на Западен Булевар, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Асфалтирање на трета лента од Западен Булевар, по претходно проширување и тампонирање на истата, во должина 350 метри, и површина од 1000м2. Инвестицијата е од Министерството за локална самоуправа во висина од 2.500.000,00 денари.

Изведувач на работите е фирмата Дикор ЦД ДООЕЛ, Струмица, објави Јанчев на Фејсбук.

Америка гласа – Камала Харис или Доналд Трамп?

Америка гласа. Светската јавноста го исчекува исходот од најважните избори на светот. 

Камала Харис како прва жена претседател или Доналд Трамп како повратник во Белата куќа по четири години.

Одговорот се очекува да го дадат седумте таканаречени колебливи држави, чие расположение во минатото никогаш не можело да се предивиди.

Ако разликата меѓу двајцата кандидати биде тесна, одлуката кој ќе биде новиот станар во Белата куќа, може да трае со денови. Јован Ѓорговски со анализа за изборната трка во САД..

Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го честита Денот на ромскиот јазик – јазик кој е неразделен дел од културата и идентитетот на Ромската заедница, но и на богатството на нашето заедничко мултиетничко општество.

„Како Претседател на СДСМ, упатувам искрена честитка до сите граѓани, особено до припадниците на Ромската заедница, кои со гордост го негуваат и пренесуваат овој јазик низ генерациите.

Преку промоција на ромскиот јазик, не само што ја зачувуваме традицијата и историјата на еден народ, туку испраќаме и силна порака за почитување на различностите и за нашата заложба за инклузивно општество, во кое сите граѓани имаат еднакви можности и права.

Нашата партија, СДСМ, останува посветена на градење на држава во која културните и јазичните богатства на секој народ ќе бидат признаени и вреднувани. Нека овој ден биде потсетник за значењето на ромскиот јазик и за нашата заедничка одговорност да го зачуваме како дел од богатото културно наследство на нашата земја. Честит Ден на ромскиот јазик!“ стои во честитката на Филипче.

притисни ентер