Јаков е првото бебе родено во Скопје

Една секунда по полноќ, плачот на прво роденото бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство го направи мама и тато  Сања и Александар среќни што го добиле најубавиот подарок во новата година синот Јаков. 

Персоналот на клиниката среќни што бебето е во добро здравје и малиот Дедо Мраз е во прегратката на мајката. Бебето е тешко 3190 грама и е долго 50 сантимери и прво бебе на Сања и Александар.

Традиционално, гости во Клиниката за гинекологија. Сопругата на премиерот Мицкоски Рози Мицкоски која му подари на бебето златник и подарок за семејството, министерот за здравство Таравари неговата сопруга Нора Тарвари, замениците министери Андовски и Велковски кој им подари златник. Директорката на клиниката со благодарност до дежурниот пресонал. И со голема радост раскажа дека по полноќ се родиле уште четири бебиња.

Некоја минута по полноќ и семејството Етем со радости на нивната рожба во новата година. Нивната ќерка Аја е првото дете во болницата за гинекологија Чаир тешка 3.110 и долга 50 сантимери.

Блинкен во посета на Сеул среде политичка криза во Јужна Кореја

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска треба да пристигне во Јужна Кореја, која е зафатена од политичка криза.

Блинкен ќе се сретне со својот јужнокорејски колега Чо Те-џул за да разговараат за „сојузот меѓу Јужна Кореја и САД, соработката со Јапонија, прашањата поврзани со Северна Кореја, како и за регионалните и глобалните предизвици,“ соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Посетата доаѓа во период на политички хаос во Јужна Кореја, откако претседателот Јун Сук-јеол на 3 декември воведе воена состојба, која Парламентот набрзо ја поништи. Обидот за негово апсење беше спречен од неговата лична заштита.

По посетата на Јужна Кореја, Блинкен ќе отпатува за Јапонија, а потоа и за Франција, каде што ќе разговара за војната во Украина и кризата на Блискиот Исток.

Годинава почнуваат активностите за филмот, серијата и документарецот за Тоше Проески

Подготовките и првичните активности поврзани со снимањето на играниот филм, серијата и документарниот филм за Тоше Проески, според најавите, треба да почнат во текот на оваа година.

Конкурсот во врска со снимањето ќе биде објавен од Македонската радио-телевизија, а станува збор за проект којшто треба да се реализира во рок од две години.

Во проектот ќе бидат вклучени повеќе копродуценти, а министерот за култура и туризам Зоран Љутков се надева дека ќе има копродуценти речиси од сите национални телевизии на Балканот, бидејќи постои многу голема заинтересираност.

- Средствата ќе бидат обезбедени од буџетот на државата преку Министерството за дигитализација, а проектот ќе го води Македонската радио-телевизија. Во проектот ќе бидат вклучени многу повеќе копродуценти, се надевам дека ќе бидат копродуценти речиси сите национални телевизии од Балканот, бидејќи навистина има многу голема заинтересираност, изјави неодамна Љутков на брифинг со новинарите.

Дополнително, се размислува и за музичко шоу за млади таленти кое што би го носело името на Тоше Проески.

Тоше беше еден од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена. Роден е на 25 јануари 1981 година во Прилеп, како второ дете на Никола и Доминика Проески. Неговиот талент првпат е забележан на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1992 година, на кој настапува со песната „ Јас и мојот дедо“, испеана на влашки јазик и компонирана од Христо Христовски – Муларот.

Под мотото „Образованието е одговорност на сите“ на 5 октомври 2007 година го одржува својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше поддржан од УСАИД, а имаше хуманитарен карактер. Парите од билетите се искористија за петгодишниот проект за основно образование финансиран од фондацијата. По неговата смрт на истиот датум беа одржани уште неколку концерти во негова чест.

Загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.

Секоја година во неговото родно Крушево се одбележува годишнината од смртта, а во негова чест маратонци го трчаат ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево.

Постхумно, е прогласен за почесен граѓанин на земјава и е погребан со најголеми државни почести. Од тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, постхумно е одликуван со Орден за заслуги.

Во неговото родно Крушево на 25 април во 2011 година беше отворена националната установа „Спомен куќата за Тоше Проески“ која што до ден денешен е посетувана од неговите обожаватели и бројни музички ѕвезди.

Спомен куќата претставува материјализација на целиот негов животен пат и низ содржините обезбедува хронолошки приказ на неговото детство, тинејџерските години и периодот кога го достигна врвот на својата музичка уметничка кариера./МИА

Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дрона и 20 ракети во првите три дена од 2025.

Русија изврши над 300 напади со дронови и лансираше околу 20 ракети, вклучително и балистички, врз Украина во првите три дена од 2025 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на „Телеграм“, пренесува Укринформ.

„Нашите сили успеаја да соборат или да ги неутрализираат со средства за електронска војна значителен дел од овие напади. Но, за жал, имаше погодени цели, повредени и загинати. Им изразувам сочувство на семејствата и пријателите на жртвите. Покрај тоа, секојдневно има напади со руски насочувани авионски бомби,“ истакна Зеленски.

Тој додаде дека „овој руски терор, кој не губи интензитет, бара од нас и од нашите партнери да го засилиме развојот на воздушната одбрана, од системите ‘Патриот’ до мобилните противпожарни тимови“.

Зеленски им се заблагодари на сите партнери за поддршката и истакна дека е потребно континуирано снабдување со системи за противвоздушна одбрана и зголемување на капацитетот на мобилните тимови.

притисни ентер