Хаос во Португалија: Судијата поради магла не виде црвен картон среде теренот (ВИДЕО)

Натпреварот од 17. коло од португалската лига помеѓу Национал и Порто е прекинат по само 20 минути фудбал.

Натпреварот од 17. коло од португалската лига помеѓу Национал и Порто е прекинат по само 20 минути фудбал, откако било констатирано дека поради густата магла не може да се продолжи овој натпревар, додека судијата не виде очигледен црвен картон.

Се спушти густа магла, а судијата не можеше ниту да ги види играчите.

Дополнително, натпреварот го одбележа и една спорна ситуација, кога судијата не им додели црвен картон на фудбалерите на Порто поради крајно груб старт.

Одлука се чека и од официјалните лица со оглед дека имаат рок од 30 минути да ја подобрат ситуацијата, во спротивно натпреварот ќе мора да биде одложен.

Влада: Законот за заштита на децата ќе биде доработен и доставен до Собранието

 По непотпишувањето на Указот на Законот за заштита на децата од страна на претседателката на државата вечерва од Владата во изјава за МИА информираа дека Законот ќе се доработи и дека ќе биде доставен во Собранието во законските рокови.

- Како Влада информираме дека Законот ќе се доработи и истиот ќе се најде пред пратениците согласно законодавните процедури, се вели во одговорот од Владата.

Пратениците го изгласаа овој Закон на 24 декември во рамки на 27-та пленарна седница, со обично и Бадинтерово мнозинство. Со непотпишувањето на Указот, сега законските измени се враќаат во Собранието, а доколку повторно бидат изгласани, претседателката ќе биде должна да го потпише Указот.

Од Собранието за МИА потврдија дека образложението на претседателката Сиљановска-Давкова е доставено на 31 декември.

Во образложението на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова се наведува дека законските измени содржат повеќе спорни одредби и дека по спроведена темелна анализа и експертски консултации бара преиспитување на одредбите од членовите 9 и 10 од Предлог-законот.

- Верувам дека Собранието како носител на законодавната власт ќе ги има предвид моите забелешки и укажувања при повторното разгледување на одредбите од членот 9 и членот 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, што го донесе на 24 декември 2024 година и ќе креира јасни, прецизни и недвосмислени решенија во согласност со Уставот, пишува во документот.

Претседателката наведува дека посочените членови од Законот треба да се преиспитаат низ призма на амандманот 5 од Уставот и постоечкиот Закон за употреба на јазиците.

- Потсетувам дека начинот на употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо, се веќе уредени со закон, се наведува во образложението.

Претседателката укажува и на одредбата од членот 182, став 5 од Законот за заштита на децата каде е регулиран начинот на добивање, продолжување и одземање лиценца за работа, формата и содржината на образецот за лиценца кои ги пропишува министерот.

Непотпишувањето на Указот денеска го поздравија од опозициската СДСМ и од лидерот на Левица, а преку соопштение реагираа од Демократската унија за интеграција наведувајќи дека ова е обид за поткопување на правата на Албанците.

„Тајмс“: НАТО побарало Велика Британија да ги засили системите за ПВО и ПРО

Соодветното барање до британските власти ќе биде вклучено во ажурираниот список на барања кон армиите на земјите-членки на воената алијанса за 2025 година.

НАТО побарало Велика Британија да ги засили своите системите за противвоздушна и противракетна одбрана (ПВО и ПРО) поради тоа што е утврдено дека земјата е ранлива на ракетни напада, соопшти лондонски „Тајмс“ повикувајќи се на извори од британското Министерство за одбрана.

Соодветното барање до британските власти ќе биде вклучено во ажурираниот список на барања кон армиите на земјите-членки на воената алијанса за 2025 година.

Недостатоците во британските системи за ПВО и ПРО беа утврдени за време на проверка на борбената готовност, спроведена неодамна од комисија на НАТО. Како резултат на оваа проверка подготвен е нацрт-планот „Capability Target 2025“. Во документот се истакнува потребата од зголемување на инвестициите во системите за противвоздушна одбрана за заштита на критичната инфраструктура, вклучувајќи атомски електрани и воени бази.

Некои земји на НАТО изразиле разочараност поради малиот придонес на Велика Британија во поставувањето одбранбени штитови неопходни за заштита на Европа од напади со ракети со долг дострел, дознава издението.

Се вели дека ситуацијата станала особено актуелна во контекст на ракетните напади на Русија врз Украина, што поттикна многу европски земји итно да купат дополнителни системи за ПВО. Но Велика Британија не располага со копнени средства за противвоздушна одбрана кои би можеле да обезбедат заштита од балистички ракети на критично важни инфраструктурни објекти и населени места

-Причината зошто Велика Британија има толку слаба ПВО е тоа што во текот на изминатите три децении никој не сметаше дека таа е неопходна, изјави виш претставник од одбранбената сфера. Но, според него, настаните во Украина и на Блискиот Исток го докажале спротивното. „Многумина мислат дека Велика Британија е безбедна. Но сега тоа не е така“.

Друг претставник на армијата истакнува дека Велика Британија може да биде нападната „од кој било правец“ ако балистичка ракета биде лансирана од брод, подморница или авион. „Во наредните 15 години, балистичка ракета ќе може да ја достигне Британија од кое било место во светот. Но, решението на овој проблем бара значителни финансиски вложувања“.

Велика Британија ѝ испорачува на Украина ракети „Storm Shadow“, користени од Киев за напади врз територијата на Русија. Рускиот претседател Владимир Путин претходно предупреди дека нападите врз руска територија со примена на западни ракети ќе се сметаат како вклученост НАТО, САД и Европа во воени дејствија против Русија.

Адмирал Тони Радакин, началник на Одбранбениот штаб на Велика Британија, неодамна предупреди дека во случај на напад од страна на Русија, Велика Британија е спремна со „надмоќен одговор“. Тој додаде дека оваа информација веќе е пренесена до Москва, па шансите Путин да ги нападне Британија или НАТО со директни удари се многу мали./МИА

Итната помош со зголемен број повици за сообраќајки и хронично болни лица

Во 2025 година, Скопје влегува со зголемен број сообраќајни несреќи и раст на повиците кон Итната медицинска помош. 

Како што попладнево изјавија за МИА од Итната медицинска помош во Скопје, најчесто повиците се за сообраќајни незгоди, како и хронично болни пациенти, чии јавувања се последица на временските промени и загадениот воздух во главниот град на државава.

Меѓу собраќајните незгоди има некои со потешки последици, па и со смртен исход.

Здравствени работници во изјава за МИА апелираат да не се вози под дејство на алкохол за време на претстојните празници,да се внимава при управување со возилата поради времето, особено во вечерните часови кога има услови за замрзнување на коловозот.

За претстојните божиќни празници, Итната помош ќе работи нон - стоп, а Единицата за домашна посета од седум до 21 часот.

- Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, во текот на божиќните празници на 6 и 7 јануари, ќе работи со следново работно време - Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од седум до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

притисни ентер