Дневен хороскоп за 4. јануари 2025 година

Дневен хороскоп за сабота, 4. јануари 2025 година. 

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Речиси е сигурно дека денот ќе го поминете дома во друштво на саканата личност. Ќе ви биде убаво и без поголеми љубовни активности.

Кариера

Стигнува предлог за една соработка што не сте ја очекувале.Малку сте збунети , но ќе реагирате бргу и ќе се снајдете.

Здравје и совет

Имате право да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете способни да читате меѓу редови , како и да детектирате и она што е најскриено во односот со личноста која ја сакате.

Кариера

Ќе влијаете на работите и луѓето околу себе, понекогаш и несвесно.Ќе забележувате и повеќе отколку што очекувате.

Здравје и совет

Подобрување и инспирација .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ја поврзете саканата личност со вашето друштво и пријателите. Ќе ви биде пријатно и драго поради тоа.

Кариера

Не се двоумите да вложите енергија во работата. Секој труд кога-тогаш ќе се исплати.

Здравје и совет

Што сте замислиле, остварете го.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Фантазијата ќе ве води низ патеките на срцето , па нема да бидете целосно реални. Отуѓувањето што е започнато , ќе ве оддалечи.

Кариера

На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. работете енергично , а анализирајте полека.

Здравје и совет

Нерасположение без вистинска причина.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска е ден кога во љубовните прашања ќе ги мешате скромноста и високите идеали. Резултат ќе биде збунетост од другата страна.

Кариера

Многумина ќе се насмеат на можноста за една соработка , зашто ќе ви се чини дека не е реална. Сепак , размислете.

Здравје и совет

Мали главоболки.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Имате доволно самодоверба . Врските добро се развиваат , а ако сте уште сами , не чекајте туку излезете. Се е можно.

Кариера

Повеќето од вашите деловни активности ќе се одвиваат соо помош или поддршка на други. Покажете дека тоа го цените.

Здравје и совет

Ќе имате доволно време за дружба.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можело да се најдете на ново место со стари познајници или навики.

Кариера

Вашето знаење и стручноста се неспорни , но ќе ви се чини дека не ви придаваат доволно внимание и дека заслужувате повеќе.

Здравје и совет

Не може ништо да се прескокне.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе бидете повеќе посветени кон партнерот , кој ќе биде почувствителен од вообичаеното. Бидете внимателни.

Кариера

Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и ги контактирате колегите за нови деловни потфати.

Здравје и совет

Пуштете да ве води интуицијата.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска ќе дадете се од себе за да ја збогатите својата врска. Предлозите ќе бидат необични , но интересни.

Кариера

Срцето ве влече меѓу луѓето , но ако треба да се сработи уште нешто , направете го тоа без приговор.

Здравје и совет

Јадете повеќе овошје и зеленчук.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите кои се попречуваат меѓу вас и саканата личност.

Кариера

Ќе покажете дека имате свежи идеи , кои ќе бидат изненадување за некои од соработниците. Слободно презентирајте ги.

Здравје и совет

Би било добро да се наспиете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Како што ќе минува денот , вие ќе бидетге подложни на посилно искажување на емоциите , а инспирациите за љубов нема да ви недостигаат.

Кариера

Сите работи поврзани со луѓе добро ќе се одвиваат . Комуницирајте , отворете се , предлагајте ги своите идеи и решенија.

Здравје и совет

Во добра кондиција сте . Продолжете така.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Развојот на вашиот љубовен живот е неспорен. Можете да избирате , а понекогаш е и обратно. Важно е дека срцето ви е на место.

Кариера

Во деловната коресподенција , што е интензивна би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и на ист начин одговарајте.

Здравје и совет

Поставете си јасни цели .

Четиридневна национална жалост во Грција поради смртта на поранешниот премиер Симитис

Поради смртта на поранешниот грчки премиер Костас Симитис, со одлука на Владата, во Грција е прогласена четиридневна национална жалост, а погребот ќе биде в четврток со почести како за премиер во функција, јави дописничката на МИА од Атина.

Поранешниот премиер на Грција и поранешен лидер на ПАСОК, ненадејно почина вчера наутро на 88-годишна возраст, а пораки со сочувство упатија грчката претседателка, грчкиот премиер, лидерот на ПАСОК, како и претседателите на опозициските партии.

Национална жалост во Грција се прогласува по трагичен настан како што беше железничката несреќа кај Темпи во 2023 година и катастрофалните пожари во близина на Атина во 2018 година, но и по смрт на поранешен функционер или важна личност во земјата, а предвидува знамињата да бидат на половина копје, може да бидат затворени и дел од јавните служби, како и училиштата, иако во конкретниот случај, засега, не постои ваква одлука.

И покрај четиридневната национална жалост, денеска во Грција се прослаувава празникот Водици и сите манифестации во земјата се одржуваат регуларно.

Симитис беше премиер во периодот од јануари 1996 до март 2004, меѓу најважните успеси во неговиот мандат е членството на Грција во еврозоната, додека неговиот осумгодишен премиерски мандат беше поврзан и со големите инфраструктурни проекти за подготовка на Олимписките игри и интеграцијата на Кипар во Европската унија.

На крајот од октомври 2000 година, како премиер на Грција го посети Скопје за време на Конференцијата на балканските земји и се сретна со тогагшниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, а според натписите во медиумите од тој период, претседателите на двете Влади, тогаш интензивно разговарале за постигнување решение за името, додека „Република Горна Македонија“, бил предлогот што бил на маса.

Како поранешен премиер често ја истакнуваше потребата за изнаоѓање решение на спорот меѓу двете земји, меѓутоа за Договорот од Преспа, при еден од неговите говори во Солун рече дека „проблемот требаше да се реши, но решението не е задоволително“.

Симитис во Грција се сметаше за умерен и политичар и е меѓу најважните премиери на земјата.

Во неговата политичка кариера, пред да стане премиер, беше министер за финансии, за трговија, за образование, за индустрија и енергија, додека пак речиси 24 години (од 1985 до 2009) беше пратеник во грчкиот Парламент. /МИА

Приведено лице од Тетовско за издржување затворска казна

 Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 15.00 часот во с.Брвеница, го привеле Т.М.(41), жител од ова тетовко село кој се барал за издржување затворска казна.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од една година и пет месеци за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство по член 144 став 2 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“

Филмовите Бруталист (The Brutalist) и Емилија Перез (Emilia Pérez), како и серијата Шогун, доминираа на синоќешното доделување на наградите „Златен глобус“, со што почна и овогодишната сезона на награди.

Нискобуџетната епска драма The Brutalist, која ја раскажува приказната за архитект кој го преживеал холокаустот, освои три награди: најдобар филм во категоријата драма, награда за најдобар актер (Адријан Броди) и награда за најдобра режија (Брејди Корбет). На крајот од својот говор, Корбет му оддаде почит на режисерот Џеф Баена, кој почина оваа недела.

Броди, кој претходно го загуби „Златниот глобус“ за улогата во Пијанистот пред да освои Оскар, го опиша филмот како „приказна за човечката способност за создавање.“

Крими-мјузиклот на Нетфликс Емилија Перез, кој беше најмногу номиниран филм на вечерта, освои четири награди: за најдобар филм – мјузикл или комедија, најдобра споредна женска улога за Зои Салдана, оригинална песна и најдобар филм кој не е на англиски јазик.

Салдана ја победи својата колешка Селена Гомез и Аријана Гранде од Wicked за наградата за споредна улога.

Изненадување беше и наградата за најдобра актерка во драма, која ја освои бразилската ѕвезда Фернанда Торес за нејзината улога во драмата I'm Still Here, сместена во 70-тите години на минатиот век. Таа ги победи Никол Кидман, Анџелина Џоли и Кејт Винслет. Торес наградата ѝ ја посвети на својата мајка, актерката Фернанда Монтенегро, која пред 25 години беше номинирана за „Златен глобус“ за улогата во Central Station.

Деми Мур ја освои наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија за The Substance, победувајќи ги Синтија Ериво и Мајки Медисон. - Не го очекував ова, изјави Мур, додавајќи дека досега ништо не освоила. Таа сподели емотивна приказна за недостигот на самодоверба поради тоа што не била сфатена сериозно.

Себастијан Стен ја изгуби наградата за најдобар актер во драма, но го освои „Златниот глобус“ за најдобар актер во мјузикл или комедија за улогата во A Different Man.

Историската епска серија Шогун доминираше во категоријата ТВ драми, додека хит-серијата Baby Reindeer освои две награди.

Иако Wicked беше исклучен од главните категории, му беше доделена награда за кинематографски и бокс-офис достигнувања – категорија која беше воведена минатата година и првпат ја освои филмот Barbie.

Водителката на вечерта, Ники Глејсер, која оваа година беше номинирана за својот стенд-ап специјал, во својот воведен монолог вечерта ја нарече „најголемата вечер на Оземпик“.

Златните глобуси ги освоија:

Најдобар филм – мјузикл или комедија – „Емилија Перез“

Најдобра актерка во филм - мјузикл или комедија - Деми Мур („Супстанција“)

Најдобар актер во филм - мјузикл или комедија - Себастијан Стен („A Different Man“)

Најдобар филм – драма – „Бруталист“

Најдобар актер во филм - драма - Адриен Броди („Бруталист“)

Најдобра актерка во филм - драма - Фернанда Торес („Сè уште сум тука“)

Најдобра споредна женска улога во филм - Зои Салдања („Емилија Перез“)

Најдобра споредна машка улога во филм - Киеран Калкин („A Real Pain“)

Најдобар режисер - Брејди Корбет („Бруталист“)

Најдобар филм (неанглиски јазик) - „Емилија Перез“

Најдобар анимиран филм - „Flow“

Најдобро сценарио - „Конклава“

Најдобра оригинална песна - „Ел Мал“ („Емилија Перез“)

Достигнување на благајните - „Wicked“

Најдобра телевизиска серија – мјузикл или комедија – „Hacks“

Најдобра актерка во телевизиска серија – мјузикл или комедија Жан Смарт („Hacks“)

Најдобра телевизиска серија – драма – „Шогун“

Најдобар актер во телевизиска серија – драма – Хиројуки Санада („Шогун“)

Најдобра актерка во телевизиска серија - драма - Ана Саваи („Шогун“)

Најдобар актер во телевизиска серија - мјузикл или комедија - Џереми Ален Вајт („Мечката“)

Најдобра ограничена серија, антологија или ТВ филм - „Baby Reindeer“

Најдобар актер во ограничена серија, антологиска серија или ТВ филм - Колин Фарел („The Penguin“)

Најдобра изведба на актерка во ограничена серија, антологија или ТВ филм - Џоди Фостер („True Detective: Night Country“)

Најдобра споредна женска улога во ТВ серија - Џесика Ганинг („Baby Reindeer“)

Најдобра споредна машка улога во ТВ серија - Таданобу Асано („Шогун“). /МИА

притисни ентер