Трагедија во боксерскиот свет: 29 годишен боксер почина по тежок нокаут

Професионалниот боксер од Танзанија, Хасан Емгаја, го загуби животот на 29-годишна возраст, само неколку дена откако доживеа тежок нокаут од рацете на Пол Елиас.

Нивната тепачка се случила на 27 декември, а по натпреварот Емгаја итно била пренесен во болница. За жал, и покрај напорите на лекарите, тој починал три дена подоцна.

Според официјалните информации, причина за смртта биле повредите здобиени при самата борба. Светскиот боксерски совет (ВБЦ) објави:

- Емгаја најпрвин беше примен во палестинската болница во Синза, а потоа префрлен во болницата Мвананџамала каде ги помина последните моменти. Нашето најдлабоко сочувство до целото негово семејство и пријателите. Почивај во мир шампионе.

Локалните медиуми открија дополнителни детали за трагедијата. Во текот на мечот Емгаја добил неколку тешки удари, а по нокаутот го гризнал јазикот кој му се заглавил во грлото што дополнително ја влошило ситуацијата.

Ова е втора трагедија во танзанскиот бокс во последните неколку месеци. Пред само неколку недели, во ноември, боксерот Абаси Емселем почина во Занзибар откако беше нокаутиран во рингот.

Судан ја прифаќа турската иницијатива за мир

Лидерот на суданската армија, Абдел Фатах ал Бурхан, позитивно ја оценува иницијативата на Турција за решавање на конфликтот во Судан.

За време на вчерашниот состанок во Порт Судан, генералот Абдел Фатах ал-Бурхан побара од турскиот заменик министер за надворешни работи Бурханетин Дуран да му пренесе на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека суданските лидери ја прифаќаат иницијативата на турската страна за позитивно решавање на конфликтот. Ова го соопшти суданскиот министер за надворешни работи Али Јусеф.

- На Судан му требаат браќа и пријатели како Турција, рече Јусеф, додавајќи дека иницијативата може да доведе до мир во Судан.

На почетокот на декември, Едроган за време на телефонскиот разговор со генералот Бурхан рече дека Турција може да посредува за решавање на разликите меѓу Судан и Обединетите Арапски Емирати и за постигнување мир и стабилност во Судан.

Суданската влада, поддржана од суданската армија, во неколку наврати ги обвини Обединетите Арапски Емирати дека ги поддржуваат паравоените сили на Силите за брза поддршка. ОАЕ ги отфрла овие тврдења.

Во декември, суданската влада ги обвини Силите за брза поддршка за соборување на беспилотни летала составени во ОАЕ од територијата на соседен Чад.

По средбата со генералот Бурхан, турскиот заменик-министер за надворешни работи Дуран изјави дека на мировниот процес му требаат заеднички напори и дека Турција е подготвена да игра улога во мобилизирањето на другите регионални играчи за да помогне во надминувањето на пречките за ставање крај на конфликтот.

Минатата недела ОАЕ ги поздравија дипломатските напори на Турција за решавање на актуелната криза во Судан.

Војната во Судан однесе десетици илјади животи и принуди 12 милиони луѓе да ги напуштат своите домови. Исто така, ја турна земјата на работ на глад. /МИА

Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија

Полициски службеници на граничниот премин Ќафасан, на албанско - македонската граница кај Струга, во багажник на патничко возило „БМВ" открилњ лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија.

Според Полициската управа од Корча, возилото го управувал М.Ч. (25), а затекнатото лице во багажникот е А.Б.(20), двајцата од пограничното гратче Прењас.

М.Ч. е уапсен и ќе одговара за кривично дело „помош за илегално преминување на државната граница“, а за сторено кривично дело „недозволено преминување на државната граница“ ќе одговара А.Б.

Голема снежна бура предизвика хаос во Европа

Затворени аеродроми, откажани летови и прекини на струјата

Европа се соочува со тешки зимски услови кои предизвикаа сериозни нарушувања во авио-сообраќајот, железницата и секојдневниот живот на северот и западот на континентот.

Силното невреме, проследено со снежни врнежи и леден дожд предизвика хаос од Британија до Скандинавија, со сериозни последици по инфраструктурата и сообраќајот.

Во Германија снежните врнежи и дождот предизвикаа откажување на повеќе од 100 летови на најголемите аеродроми. На франкфуртскиот аеродром се откажани 120 полетувања и слетувања од вкупно 1.090 планирани, додека во Минхен се откажани 35 летови.

Слични проблеми се забележани и во Британија, а скандинавија се подготвува за уште поекстремни зимски услови.

притисни ентер