Андоновски: Немаме податоци зашто нема механизам за известување за случаи на сајбер напади

Државата нема анализа за сајбер-напади и за проценети ризици и подложност на институциите, бидејќи нема податоци поради немање механизам за известување за вакви случаи.

Државата нема анализа за сајбер-напади и за проценети ризици и подложност на институциите, бидејќи нема податоци поради немање механизам за известување за вакви случаи, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на прес конференцијата поветена на донесување на националната стратегија за сајбер безбедност 2024 -2028

Фото: Деми Мур потсети на својата трансформација во „Супстанција“

Режисер на „Супстанција“ е Коралин Фарџит.

Американската глумица Деми Мур за Ноќта на вештерките објави фотографија од снимањето на хорор-филмот „Супстанција“ (The Substance), којшто веќе се прикажува во киносалите во САД. Со својата „вештерска“ маска од филмот, Мур уште еднаш ги потсети своите обожаватели и следачи на, според многумина - неверојатната трансформација.

„Предупредување за ‘спојлери’. Долго време ги чував овие ’скапоцени камења‘ од снимањето на ’Супстанција‘ и денеска е денот да ги споделам. Среќна Ноќ на вештерките од Елизабет Спаркл“, напиша глумицата.

Друга слика, на којашто лицето на нејзината колешка - Маргарет Квали, е прекриено со боја налик на крв, згрози многу нејзини следбеници на „Инстаграм“ - соодветно на американскиот празник.

Режисер на „Супстанција“ е Коралин Фарџит. Приказната за позната ѕвезда чија кариера оди надолу (Мур), која користи дрога купена на црниот пазар. Супстанцијата „создава“ многу помлада верзија од протагонистката (Квали), но со неочекувани несакани појави.

Филмот беше премиерно прикажан во мај на 77. издание на Канскиот филмски фестивал. Фарџит беше наградена за најдобро сценарио. Има заработено повеќе од 40 милиони долари, a на ИМДБ има оценка 7,6 / 10.

Фото: Инстаграм

Дачиќ: 13 загинати при уривањето на дел од железничката станица во Нови Сад (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ за РТС изјави дека бројот на жртвите во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад е зголемен на 13.

Тој претходно соопшти дека во несреќата загинале 12 лица, објави Телеграф.

Шестгодишно дете е меѓу загинатите во уривањето на настрешницата во Нови Сад, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

„Гагиќ, еден од шефовите на управата за вонредни ситуации, заплака кога виде дека загина и шестгодишно дете“, изјави Дачиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека повеќе од 30 лица се повредени во уривањето на конструкцијата на железничката станица во Нови Сад.

Ѓуриќ веднаш по сознанието за инцидентот пристигнал на местото на несреќата, нагласувајќи дека градските служби се ангажирани во полн капацитет да им дадат поддршка на надлежните државни служби. Ѓуриќ во својата изјава истакна дека приоритет е да им се пружи помош на сите повредени и погодени од овој инцидент, а градот е во постојан контакт со властите за да се преземат сите неопходни чекори. Ѓуриќ нагласи дека по завршување на истрагата, јавноста ќе биде информирана за понатамошните чекори согласно процедурите. „Овој немил настан уште еднаш наметнува прашања за безбедноста на инфраструктурните објекти и потребата од брзи и ефикасни реакции од надлежните служби.“


На железничката станица во Нови Сад денеска во 11:50 часот се урна бетонската настрешница на зградата на станицата.

Две девојки, од кои едната според неофицијални информации има 14 години, се извлечени живи по 4 часа под урнатините.

Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина од урнатините примиле три млади лица, едно машко и две женски.

Како што наведоа во своето обраќање, сите три лица се во многу тешка состојба. Двајца се во операциона сала, додека на третиот се дијагностицира.

Првиот пациент бил примен околу 14 часот, а последни пристигнале двете девојки.

- Во многу тешка состојба, првиот е реанимиран и по стабилизација е однесен на дијагностика и моментално е во тек. Тоа се многу сериозни повреди. Во Централната болница во Војводина дошло и последното женско лице кое било интубирано и веќе е во операциона сала - вели директорката на Клиничкиот центар, д-р Весна Туркулов.

Трагедија во Нови Сад: Од урнатините извлечено телото на 6- годишно дете

Бројот на загинати во катастрофалната трагедија што се случи на железничката станица во Нови Сад се искачи на 11 луѓе , соопшти попладнево министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. 

Од под урнатите е извлечено и телото на шестгодишно дете... Спасувачката акција се уште трае, и не е познато дали има уште тела под бетонските блокови од настрешницата на железничката која се урна денеска.. Според инфомациите од лекарите во Ургентниот центар во болницата во Војводина тројца се во хоспитализирани и тие се во критична состојба.

„Последните две лица кои беа донесени се во многу тешка состојба. Првиот од двајцата е реанимиран на одделението за интензивна нега на Ургентниот центар на Универзитетскиот центар во Војводина. По стабилизирање на состојбата дијагнозата е поставена и дијагнозата моментално е во тек. Се работи за многу тешки повреди, последното е женско лице, станува збор за млади луѓе, е веќе интубирана доенсена во Клинички центар и веќе е во операциона сала, па операцијата е во тек. Тројца се во многу тешка состојба овде, две во моментов се уште во операциона сала, се работи за многу тешки повреди опасни по живот.“

Големата несреќа која што денеска се случи на железничката станица во Нови Сад, е еден од најтешките денови во повоената историја на тој град и трагедија за цела Србија рече српскиот премиер Вучевиќ. Тој вели дека ќе инсистираат да се најдат одговорните за уривање на настрешницата на влезот во станицата.

„ Без оглед на тоа што станува збор за објект за настрешница која е изградена 1964 година, пред точно 60 години, ќе инсиситраме да се најдат одговорните и да одговараат тие што морале да водат сметка за состојбата на конструкцијата на објектот и кои морале да ги предупредат надлежните дека одредени работи требало да се поправат. Не можам повеќе ништо да кажам за овој момент, уште еднаш сочувство до семејствата на жртвите. Трагедија, црн петок за нас. “

Несреќата се случила нешто пред 12 часот, а во текот на уривањето на настрешницата на стариот дел од железничката станица на клупите долу седеле голем број луѓе. Во спасувачката акција се вклучени повеќе од 8о луѓе, од полицијата, итната помош, противпожарната служба а на терен се и багери.

Поради страшната трагедија утре во цела Србија е прогласен ден на жалост, а во Нови Сад тридневна .

притисни ентер