Герасимовски: 3.500.000 денари финансиска поддршка на пензионери со пензии до 20.122 денари

Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка наменета за пензионери со пензии до 20.122 денари, кои се жители на општината. Јавниот повик е отворен од денеска 21.11.2023 година, заклучно до 06.12.2023 година.

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски појасни дека висината на еднократната финансиска поддршка изнесува вкупно 3.500.000 денари односно по 2.000,00 денари од корисник, а исплатата ќе биде по принципот „прв дојден – прв услужен“, се до исцрпување на средствата во Буџетот на Општина Центар, Скопје за 2023 година.

- Во пресрет на претстојните новогодишни празници и семејни слави верувам дека овие средства ќе им помогнат на нашите повозрасни сограѓани да ја збогатат трпезата или да ги олеснат семејните трошоци. Општина Центар втора година по ред обезбедува поддршка за повозрасните граѓани во општината, пензионерите. Искрено верувам дека оваа помош ќе биде добредојдена. Затоа ги повикувам граѓаните кои ги исполнуваат условите да аплицираат на Јавниот повик и станат корисници на мерката, изјави Герасимовски.

За остварување на правото на користење на финансиската поддршка, заинтересираните граѓани треба да бидат корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија не повисока од 20.122,00 денари и да бидат жители на Општина Центар-Скопје. Граѓаните кои ги исполнуваат овие услови ќе треба да поднесат: Барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка и доказ од последна примена пензија (потврда/чек издаден од Банката во која се прима пензијата, за последните 2 месеци, односно за септември или октомври 2023 година). Барањето за доделување на финансиска поддршка за пензионери во социјален ризик е достапно во просториите на Општина Центар-Скопје (архива на Општина Центар-Скопје, барака 6) и на веб страната на Општина Центар-Скопје https://www.centar.gov.mk/?p=19130. Потребната документација може да се достави секој работен ден во барака 6 (Сала на Совет на Општина Центар – Скопје), од 09.00 до 14.00 часот.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Центар-Скопје, ќе ги разгледува и ќе одлучува по поднесените барања за остварување на правото за финансиска поддршка. На пензионерите што аплицирале и ги исполниле потребните критериуми, Општина Центар-Скопје ќе изготви Решенија за доделување на финансиска поддршка. Исплатата на предвидениот износ за финансиска поддршка (во висина од 2.000,00 денари), ќе ја изврши Секторот за финансиски прашања на Општина Центар-Скопје, директно на трансакциските сметки кои барателите ги доставиле како потребна документација. Исплатата ќе биде реализирана до крајот на 2023 година.

Општина Центар ги повикува сите пензионери, кои се корисници на старосна, семејна или инвалидска пензија и ги исполнуваат потребните критериуми, да аплицираат и да го остварат правото за доделување на финансиска поддршка.

Општина Центар

Мбапе: Мора да победиме во Дортмунд, бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе не се откажува од првото место во групата во Лигата на шампионите и покрај „киксот“ со Њукасл во 5. коло.

Парижаните синоќа на домашен терен одиграа 1:1 спасувајќи се од пораз со пенал во осмата минута од судиското надополнување.

- Резултатот е тешко да се прифати, имавме толку многу шанси за гол. Во фудбалот може да се биде подобар, но не и да се победи. Така се случи вечерва. Во Дортмунд треба да победиме бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата. Мојата работа е да постигнувам голови и да им помагам на моите момци. Сепак, можев повеќе да му помогнам на мојот тим бидејќи имав многу шанси. Во Лигата на шампионите треба да постигнете гол кога имате можност. Имавме 9-10 шанси, но не ги реализиравме, з ана крај да се спасиме со пенал, изјави Мбапе за „TNT Sports“.

На едно коло пред крајот во Ф-групата, Борусија Дортмунд е лидер со 10 бода, ПСЖ има седум, Њукасл и Милан собраа по пет бода.

Потрагата по 14 годишната Вања се уште трае, но нема информации каде е девојчето

Потрагата по 14 годишната Вања од Скопје се уште трае, но засега нема никакви информации каде е девојчето.

Полицијата објави нејзина фотографија и опис во билтенот за исчезнати.. МВР ги истражува сите можни мотиви и причини за нејзиното исчезнување.

Фотографии од девојчето се залепени во центарот на градот со надеж дека некој од минувачите ќе се присети на било каква информација.

Последниот сигнал кој бил забележан од нејзиниот телефон бил лоциран на Партизанска спроти Универзалната сала.

Вања во училиште заминала завчера изутрина во 7.20 часот а веќе во 7.35 била недостапна. Според мајката девојчето пред заминување било расположено и не се пожалило на никаков проблем.

Партиите согласни за двојни избори во мај

Премиерот Димитар Ковачевски вчера потврди дека на лидерската средба во Собранието ќе се разговара за датумот за одржување на претседателските и парламентарните избори што треба да се одржат следната година.

Средбата за усогласувањето на датумот за одржување на претседателските и парламентарните изборите во рамки на уставните и законски рокови, функционирањето на техничката влада пред изборниот процес, но и можноста за заеднички кандидат за претседател и заеднички листи за пратеници, остануваат во фокусот на политичката дебата.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера потврди дека на лидерската средба во Собранието ќе се разговара за датумот за одржување на претседателските и парламентарните избори што треба да се одржат следната година. Средбата ќе биде во формат како што беше и минатата лидерска средба на парламентарните партии. Ковачевски не кажа кога ќе се случи средбата, но се очекува таа да биде од следната недела.

Ковачевски повтори дека претседателските и парламентарните избори ќе бидат во редовен термин.

- Затоа кажав дека мај нуди можност за одржување и на претседателски и на парламентарни избори. Тоа го потвдрија и низа други претседатели на партии и претседателот на Собранието, кој се грижи за роковите и затоа кога ќе заврши таа средба согласно со ставовите на сите политички партии, затоа што таа одлука се носи со широк политички консензус таа одлука ќе може да биде и соопштена, рече вчера Ковачевски на новинарско прашање по презентацијата на новите антикризни мерки.

Според него, нема расположение кај сите политички партии за укинување на техничката влада со оглед на краткиот рок до изборите.

-Според она што СДСМ и ДУИ го имаат како коалициски договор од 2020 година, што е потврден со формирањето на Владата, премиер треба да биде од редовите на албанската етничка заедница што исто така согласно е со нашиот Устав и нашите закони, кои ќе бидат кадровските решенија тоа е сега прерано да се зборува, рече Ковачевски.

Одговарајќи на прашање дали технички премиер би можел да биде Фатмир Битиќи, Ковачевски рече дека тој има исклучително високо мислење за него, но оти сепак, се работи за коалициски договор.

Премиерот ја коментираше и можноста за заеднички кандидат за претседател и заеднички листи за пратеници. Се потврдило, како што вели, дека во нашата земја има партии што се залагаат за влез во ЕУ и за интеграција на државата во НАТО и на другата страна, како што кажа, „сега веќе и официјално имаме друг блок на политички партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се против зачленувањето на земјата во Европската унија и против НАТО“.

-Лидерите на двете политички партии јавно кажаа дека немаат против заедничко коалицирање. Граѓаните ќе имаат многу лесен избор за проевропски блок и за европска иднина на државата или ќе бидат за некое алтернативно решение кое не е ниту понудено, рече Ковачевски.

Верува дека политичките партии ќе се водат од истите принципи. -Како ќе изгледаат листите тоа на крај зависи од одлуките на политичките партии меѓутоа СДСМ ќе има широка коалиција која се покажала дека може да ги води успешно процесите и на во државата и на меѓународен план, изјави премиерот.

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакнувањето на заеднички претседателски кандидат на „проевропскиот фронт“ би претставувало дополнителна вредност за самата држава и за нејзиниот напредокот, затоа што, како што посочи, е многу важно кој концепт ќе ја предводи земјата во наредниот период.

- Дали тој проевропски фронт, којшто има јасна визија, којшто знае каде треба да се движи Република Македонија и која е нашата цел, бидејќи навистина нема алтернатива на европскиот пат. Ако имаше до сега, ќе се соопштеше некаква нова алтернатива. И имаме една опозициска партија, која што практично е осамена во напорите, бидејќи нема јасна визија во целиот овој процес, рече Спасовски во интервју за МИА.

Според него, вреди да се разговара на сите овие теми и да се отвори што е можно поголем фронт, којшто би поддржал проевропска идеја.

-Нормално тука се разговара за кандидатот за претседател и за настапот на парламентарните избори. Значи има опции, тие опции треба да се анализираат, да се разгледаат и тоа што е најдобро пред се за државата, да биде и на изборите, рече Спасовски, оценувајќи дека е многу важно да се утврди кандидат за претседател на држвата кој, пред се, ги споделува вредностите на мнозинството граѓани кои се за членство во ЕУ.

Во однос на можноста тој да биде претседателски кандидат, Спасовски потенцира дека процесот на кандидирање воопшто не е ни започнат и оти во овој момент тој воопшто не размислува во тој правец.

Во врска со можниот датум за претседателските и парламентарните избори, и Спасовски посочува дека има законски рокови за нивно одржување, а пред тоа се преговара меѓу политичките субјекти за внесување на сите забелешки од страна на ОБСЕ/ОДИХР на Изборниот законик, со цел да се отстранат сите слаботи и изборниот процес да протече на еден фер и демократски начин.

-Важно е да имаме фер, демократски избори, коишто ќе овозможат граѓаните да донесат одлука за тоа каде ја гледаат Република Макединија во наредниот период, рече Спасовски.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за „Гласот на Америка“ рече дека до овој момент нема никаква официјална потврда за датумот за избори, ниту пак има каква било потврда дали изборите би биле единечни или раздвоени.

-Не би рекол дека во рамките на Парламентот има какви било разговори. Разговорите, како што гледаме, и самиот Ковачевски, но и Владата ги прави преку медиумите. Таму слушнавме дека изборите би биле редовни во мај, таму слушнавме дека изборите би биле заеднички. Но како и да е, важно е на крајот да постигнеме каков било договор кој што ќе не води кон предвидливо сценарио, а нема да не втурне во каква било уставна или политичка криза, рече Мицкоски.

Како ВМРО-ДПМНЕ, вели тој, не можеме да си дозволиме раздвоени избори од многу причини, а споени или заеднички избори се решение.

-Добро е да се земе почетокот на мај како потенцијален оквир за постигнување решение. Гледам дека тука, односно слушам преку медиумите, дека отприлика тука конвергира ставот и на Владата. Ако има било каква лидерска средба, ...со ова решение, ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени да го прифатиме, рече Мицкоски во интервју за „Гласот на Америка“.

Што се однесува до потенцијален коалициски партнер, Мицкоски рече дека многу пати кажал дека треба да се даде шанса на албанската опозиција да води ресори, да имаат одговорност во државата и да се види со каков капацитет располага.

-А ценам дека би било здраво и добро и корисно за ДУИ да помине одреден период во опозиција, да може да ги пронајде своите програмски начела. Бидејќи гледате, од партија која што беше, би рекол самонаречена зелена опција, таа се претвори во партија која што изобилува со најголем број новопечени милионери, па заврши денеска со повторно некаква националистичка национално-романтична, романтистичка реторика. Така што, ценам дека за да се пронајдат себе си и кадровски и програмски и структурно, добро е да поминат најмалку еден мандат во опозиција, истакна Мицкоски.

Мицкоски го потврди ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека е за укинување на техничката влада, бидејќи смета дека со неа не добива државата, туку губи.

Лидерите на албанскиот опозициски блок Африм Гаши, Изет Меџити и Биљал Касами синоќа во Тетово потпишаа заедничка декларација на коалицијата Европски сојуз за промени за заеднички настап на претстојните парламентарни и претседателски избори.

Како лидери на нивните партии Алтернатива, Демократско Движење и Движење Беса, тие се обврзаа на заедничко опозициско настапување во албанскиот политички блок со фокус кон зачленување на државата во Европската унија.

Во понеделникот претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека доколку 8 мај е прифатлив за одржување на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори, тогаш изборите би се распишале најдоцна на 28 февруари, а техничката Влада би требало да се формира до 28 јануари.

Ако изборите се на 8 мај и согласно уставните и законските рокови, инаугурацијата на Претседателот на државата може да се одржи на 12 мај, конститутивната седница на Собранието би се одржала 20 дена по изборите односно до 28 мај, а новата влада би требало да биде избрана до крајот на јуни 2024 година./МИА

притисни ентер