Еве како изгледа најскапата венчавка на светот: Кога вашиот татко е милијардер се е можно

Доколку мислите дека вие сте потрошиле многу пари за венчавката, што ли ќе речете за овој пар?

Синот на ерменскиот милијардер Саргис Караптјан и неговата сопруга Салома приредија свадбена веселба вредна дури два милиони долари.


#sarkissalome

A photo posted by Diana🕸 (@dianaign) on


Невестата носеше три различни венчаници, а едната од нив беше креација на познатиот Ели Саб, која чини дури 35.000 долари, а украсена е со накит вреден 200.000 долари.


#sarkissalome can't stop😍👰🏼👰🏼👰🏼

A photo posted by Diana🕸 (@dianaign) on


Салате била украсена со скапоцени цвеќиња и лампиони, а оваа веселба ја засени претходната најскапа венчавка која се одржа на истото место, во ресторанот „Сафиса“ во Москва.


Оформления для свадьбы Саркиса и Саломе в Доме Торжеств "Сафиса" декорация Геннадий Самохин флористика Арам Лобян @samokhing @aram06 #sarkissalome #свадебныйфлорист #оформлениемероприятия #украсимвашпраздик #москва #moscow #бутоньерка#followme #follo#букет #цветы #доставкацветов #свадебныйбукет #букетневесты #флористика #оформлениесвадеб #свадьба #молодожены #юбилей #свадбавмоскве #флорист #оформлениецветами #оформлениwback

A photo posted by ⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀Флорист Свадьба Декор (@aram06) on


Главната атракција на свадбата била групата „Maroon 5” која за настапот земала од 500.000 до 800.000 долари.


🎸 #adamlove Maroon5 surprise #sarkissalome

A video posted by Diana🕸 (@dianaign) on


Инаку, младоженецот е син на Самвел Карапетјан кој се наоѓа на 28 место на листата на најбогатите Руси.


The best wedding evaaa 👰🏼😱#sarkissalome

A photo posted by Diana🕸 (@dianaign) on


На венчавката присуствувале околу 500 гости, а меѓу нив имало и многу познати руски ТВ лица.

Претставена е новата Шкода Кодиак во RS издание (ФОТО)

Најголемата и најсилната Skoda е придвижувана од моторот Golf GTI.

Степенот до кој модуларноста е присутна во автомобилската индустрија јасно се покажува со споредба на два навидум многу различни модели - голем SUV и спортски компакт. Нив ги поврзува моторот 2.0 TSI, кој сега развива и 265 КС во Škoda, или 20 КС повеќе од претходникот.

Максималниот вртежен момент е исто така поголем, за 30 Nm и изнесува 400 Nm. На крајот на краиштата, сопствениците на Octavia RS сепак добро го знаат ова.

Во Kodiaq погонот е координиран со седумстепен DSG менувач, кој во комбинација со погон на сите тркала резултира со забрзување до 100 km/h за 6,3 секунди и максимални 231 km/h.

Тоа е почит за поголемата маса на новиот модел, но и за влезот во премиум сегментот кога е опремата во прашање. Да, покрај возењето со дополнителни режими на работа според типот на теренот, сопственикот овде добива LED матрикс светла, вентилирани предни седишта, 13-инчен инфозабавен екран и голем број системи за помош. Да го споменеме и аудио системот Кантон.

И уште еден детал. Верувале или не, оваа Škoda има видлива двојна издувна цевка, што е сè поретко во групацијата VW.

Цената и точниот датум на почеток на продажбата ќе бидат објавени подоцна.

Драматично предупредување од ЕУ: Граѓаните да направат залихи во случај на војна со Русија

Жителите на земјите од Европската унија треба да складираат храна и основни потреби во случај на војна и руска агресија или некоја друга вонредна ситуација.

Жителите на земјите од Европската унија треба да складираат храна и основни потреби во случај на војна и руска агресија или некоја друга вонредна ситуација, се вели во најновиот извештај на специјалниот советник на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Извештајот за цивилната и воената подготвеност на Европа го составил поранешниот фински претседател Саули Нинисто во својство на специјален советник, објави денеска Newsweek.

Во извештајот се посочува дека ЕУ не била подготвена за пандемијата „Ковид-19“, како и за руската агресија врз Украина и дека треба „од фазата на реакција да премине во состојба на проактивна подготвеност“.

Во извештајот не се наведува дека руската агресија е единствената можна закана, но се истакнува дека таа е најголема.

„Немаме јасен план што треба да направи ЕУ во случај на вооружена агресија врз една нејзина членка. Заканата од руската војна против европските безбедносни сили нѐ принудува да го ставиме ова прашање во центарот на нашата подготвеност за ваква ситуација, без да ги занемариме нашите подготовки за други големи закани“, се вели во извештајот на специјалниот советник на Урсула фон дер Лајен од 165 страници, кој го доставил во средата.

Во рамките на оваа стратегија, ЕУ треба да ги советува домаќинствата да бидат подготвени за во случај на вонредна состојба да можат да имаат достапни залихи за најмалку 72 часа.

Затоа, жителите на земјите од ЕУ треба да складираат основни потреби, а на членките на ЕУ им се советува да им дадат на своите граѓани насоки за складирање, евакуација и начини да стигнат до службите за итни случаи.

Во последниот извештај се посочува дека е неопходно да се набават залихи на храна, вода за пиење, лекови, како и батериски ламби и радија на батерии.

Целта на овие совети е да се подготват граѓаните на ЕУ за вонредни ситуации како што се нови пандемии, екстремни временски настани или вооружена агресија.

Во оваа насока се предложени и други мерки, како што е распределба на најмалку 20 отсто од вкупниот буџет на ЕУ за зголемување на безбедноста и подготвеноста за кризи, како и поголема размена на разузнавачки податоци меѓу членките на Унијата.

Македонец меѓу жртвите на несреќата во Нови Сад, потврди Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и се обрати на јавноста по трагедијата што се случи во Нови Сад, кога се урна дел од зградата на Железничката станица, при што загинаа 14 лица.

- Нѐ снајде голема трагедија. Главната железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз голем број луѓе. Се уште не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Србија, едно е од Македонија. Во име на сите граѓани сакам да изразам сочувство до семејствата и роднините. Мораме да се обединиме и да им помогнеме на семејствата на жртвите, да направиме се за да ја минимизираме штетата и што е можно повеќе да им помогнеме на луѓето кои ги загубија своите најблиски – рече претседателот во солзи.

- Нема да се занимавам со оние кои би се криеле од одговорност под покровителство на властите. Барам од Вишото обвинителство во Нови Сад одговорните за тоа што се случи да бидат кривично гонети и најстрого казнети. Барам и политичка и кривична одговорност.

За потсетување, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека во текот на истрагата од урнатините досега се извлечени 14 тела на починатите, од кои идентификувани се две женски лица - А.Р. (20.) и А.Ќ.С. (35) години и пет машки лица – Х.С. (27), М.М. (21), Ш.Ѓ. (77), Р.В. (69) и С.В. (45) години.

Поради здобиените повреди во овој настан, во Клиничкиот центар Војводина се примени три лица чиј идентитет се уште не е утврден, од кои две женски и едно машко, објави српски Курир.

притисни ентер