Македонец меѓу жртвите на несреќата во Нови Сад, потврди Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и се обрати на јавноста по трагедијата што се случи во Нови Сад, кога се урна дел од зградата на Железничката станица, при што загинаа 14 лица.

- Нѐ снајде голема трагедија. Главната железничка станица во Нови Сад, настрешницата се урна врз голем број луѓе. Се уште не успеавме да го дознаеме идентитетот на пет лица, осум лица се државјани на Србија, едно е од Македонија. Во име на сите граѓани сакам да изразам сочувство до семејствата и роднините. Мораме да се обединиме и да им помогнеме на семејствата на жртвите, да направиме се за да ја минимизираме штетата и што е можно повеќе да им помогнеме на луѓето кои ги загубија своите најблиски – рече претседателот во солзи.

- Нема да се занимавам со оние кои би се криеле од одговорност под покровителство на властите. Барам од Вишото обвинителство во Нови Сад одговорните за тоа што се случи да бидат кривично гонети и најстрого казнети. Барам и политичка и кривична одговорност.

За потсетување, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека во текот на истрагата од урнатините досега се извлечени 14 тела на починатите, од кои идентификувани се две женски лица - А.Р. (20.) и А.Ќ.С. (35) години и пет машки лица – Х.С. (27), М.М. (21), Ш.Ѓ. (77), Р.В. (69) и С.В. (45) години.

Поради здобиените повреди во овој настан, во Клиничкиот центар Војводина се примени три лица чиј идентитет се уште не е утврден, од кои две женски и едно машко, објави српски Курир.

Израелците тврдат дека убиле еден од последните функционери на Хамас (ВИДЕО)

Израелската армија денеска соопшти дека е убиен еден од последните високи функционери на Хамас, Иза ал-Дин Касаб.

Во соопштението се наведува дека Касаб е еден од последните високи членови на Хамас кој е одговорен за координација на другите групи во Газа во воздушниот напад врз Кан Јунис, пренесе Ројтерс.

Во Појасот Газа, судирите меѓу израелските одбранбени сили и Хамас траат од 7 октомври 2023 година, кога, според израелски извори, во напад на таа група врз Израел биле убиени околу 1.200 луѓе, а околу 250 луѓе биле киднапирани.

Верстапен е казнет со пет места на стартот на неделната трка за Големата награда на Бразил

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, доби казна од пет места за неделната трка за Големата награда на Бразил во Формула 1, соопшти ФИА.

Холандскиот возач на Ред Бул е казнет поради промена на моторот. Тоа ќе биде втора ваква казна за лидерот во генералниот пласман во сезоната, откако правилата им дозволуваат на возачите да менуваат мотори до четири пати на сите 24 старта.

На „Интерлагос“ ваквата казна не се смета за особен проблем, бидејќи патеката во Сао Паоло е полесна за претекнување.

Сепак, казната на Верстапен ќе му даде дополнителна шанса на фаворитот на Мекларен, Ландо Норис. Со четири старта до крајот на сезоната и вкупно 120 бодови за освојување, Британецот е со 47 зад Верстапен во поредокот.

Купил складиште за 500 долари, па во него нашол милиони- среќата не траела долго (ВИДЕО)

Приказната за аукционерот Ден Дотсон, најпознат по реалното шоу „Storage Wars“, повторно и повторно се актуелизира на мрежите.

Тој го шокираше светот, пред неколку години, кога откри дека еден човек купил стар магацин за 500 долари (околу 460 евра), а внатре пронашол неверојатно богатство.

Доколку сте ги гледале споменатите ТВ серии, знаете дека заинтересираните се натпреваруваат за купување магацини, надевајќи се дека ќе заработат.

Внатре најчесто наоѓаат работи од втора рака, но среќата понекогаш им се насмевнува, како во случајот со неименуван маж, пренесува Unilad.

Дотсон открил дека една жена му пришла и го оставила без зборови со својата приказна.

„Нејзиниот сопруг купи складиште од мене и најде стар сеф. Ангажирале експерти за да го отворат. Внатре имаше 7,5 милиони долари во кеш“, рече тој.

Приказната звучи неверојатно, а многумина мислеа дека е направена за да се популаризира ТВ-програмата.

Од друга страна, Дотсон го раскажа и продолжението со шокантен пресврт.

„Потоа добија телефонски повик од адвокат кој ги застапувал поранешните сопственици на магацинот. Тие ги бараа парите назад, заедно со такса од 600.000 долари. Потоа ја удвоија сумата, па зделката беше направена“, додаде тој.

Дотсон смета дека епилогот им одговарал на двете страни.

„Да се ​​направи 1,2 милиони од магацин купен за 500 долари е пеколна зделка“, заклучил тој.

притисни ентер