Едно лице загина во пожар на локомотива во Србија

Пожар кој денеска избувнал на железничката станица во Раковица, близу Белград, одзеде еден живот, соопштуваат српските медиуми.

Според првичните информации, се запалила локомотива што пренесувала деривати, а во моментот на пожарот околу локомотивата се наоѓале повеќе лица. телото на загинатиот како што соопштија српските власти е предадено на обдукција за утврдување на причината за смртта. Ова е уште една трагедија на железничките станици во Србија.

Нов пресврт на судењето-Кешишев тврди дека писмото го напишал од страв од Палчо

Пишаната изјава со која Влатко Кешишев тврдеше дека Љупчо Палевски Палчо не бил присутен за време на грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, не била негова.

На крајот на денешното рочиште пред судијата објасни дека при транспорт лично Палчо му ја дал да ја препише со негов ракопис и да ја потпише.

-Изјавата не е моја, ми беше даден лист да препишам и да го потпишам а потоа да ја предадам. Ми ја даде Љупчо Палевски Палчо при транспорт од суд. Го сторив тоа од страв. Два пати досега заедно не пренесуваа со комбе.-Влатко Кешишев – обвинет.

Судијата Ивица Стефановски наложи отсега транспортот на обвинетите да се врши одделно со четири комбиња. Адвокатот на Кешишев пак остави на обвинителството да реши дали за ова ќе отвори истрага.

-Два пати бил транспортиран од затворот до судот и назад со првообвинетиот, и при тој транспорт му било дадено ливче од кое било побарано истиот да го препише, да стави негов потпис и да го пушти до судот. Истиот појасни дека чувствувал страв од првообвинетиот и поради тоа го сторил истото, ја повлекува таа изјава а се што има да каже ќе го каже на сведочењето пред суд.изјави – Игор Ефремов – Адвокат на Влатко Кешишев.

Дека има писмена изјава од Кешишев, судијата кажа на претходното рочиште. Но обвинителките во случајот уверуваа дека таа нема вредност како доказ и дека располагаат со доволно цврсти докази против Палчо.

-ОЈО Скопје има доволно цврсти докази со коишто ќе докаже, товарот којшто на обвинетите им се става на терет дека го сториле во критичните моменти. По изведувањето на вербалните докази, следи изведувањето на материјалните докази со кои во целост ќе се доразјаснат одредени околности коишто во јавност оставаат прашалници што и како се случило.изјави – Жаклина Крстевска Јосифовска – Обвинител.

Денеска беа сослушани тројца сведоци. Едниот од нив началник од Сејф сити раскажа дека прво предмет на следење било „цитроенот“, а потоа се поврзале двете возила, рано утрината на 28 ноември. Тој рече дека едно од лицата кои се гледале во реното кангу е сега обвинетиот Љупчо Палевски.

-Го лоциравме цитроенот околу 6.30 часот во Чаир. Доаѓа пред зградата каде е грабнато девојчето, а 2-3 минути подоцна се појавува и реното кангу кое потоа се движи кон Кчанички пат. Во него се гледа сулуета на човек со брада и седа коса. Ми личи на првообвинетиот Љупчо Палевски, сведок.

Другите двајца сведоци раскажаа дека обвинетиот Велибор Манев ги однел до местото каде бил закопан велешанецот Панче Жежовски.

-Кај местото викано Кула се движевме пеш по земјениот пат кој беше непрооден со возило. Велибор посочи на едно место каде имало дупка покриена со гранки. Рече тука има закопан човек-сведок.

За одбраната на таткот на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, денешните сведоштва веќе го разјаснуваат целиот случај.

-Уште на 27.11 постоела поврзаност помеѓу тие две возила а Александар за Панче и за возилото цитроен дознава дури негде во средата, четвртокот, пренесена информација од пријателска врска од МВР преку Гоце Трајковски, што значи добиваме полека една целосна слика на преземените дејствија,-изјави– Владимир Туфекџиќ – Адвокат на Александар Ѓорчевски.

Следно рочиште судијата закажа за 16 декември кога треба да се сослушаат и последните сведоци кои се на предлог на обвинителството.

Германските социјалдемократи го номинираа Шолц во трката за канцелар

Членовите на СПД треба да ја потврдат кандидатурата на Шолц на националната партиска конференција на 11 јануари.

Извршниот комитет на германската централно-левичарска Социјалдемократска партија (СПД) денеска го номинираше канцеларот Олаф Шолц за главен кандидат на партијата на претстојните предвремени избори, по тешка и контроверзна внатрешна дебата. Учесниците на состанокот на 33-члениот раководен комитет на СПД во Берлин ја соопштија одлуката за ДПА.

Членовите на СПД треба да ја потврдат кандидатурата на Шолц на националната партиска конференција на 11 јануари.

Предвремените избори се очекува да се одржат во февруари по колапсот на трипартиската коалиција на Шолц, која се распадна поради жестоките дебати за тоа како да се затворат големите недостатоци во владиниот буџет за 2025 година.

Анкетите сугерираат дека СПД може да се движи кон историски лош резултат на националните избори, при што неодамнешните истражувања покажуваат дека поддршката за партијата е помеѓу 14 и 16 отсто. Тоа би било голем пад од 25,7 отсто што социјалдемократите ги заработија во 2021 година и горко разочарување за партијата која е главен играч во германската политика повеќе од еден век, забележува ДПА.

Централно-десничарските Демохристијани (ЦДУ) и нивната сестринска партија Баварска Христијанско-социјална унија (ЦСУ) имаат јасно водство во анкетите со меѓу 32 и 37 отсто. Тоа го направи опозицискиот лидер Фридрих Мерц фаворит да го замени Шолц како канцелар во следната влада.

Туристички брод потона во Египет, спасени 28 лица

Египетските власти соопштија дека 28 лица се спасени, а 17 се водат како исчезнати откако туристички брод потона во Црвеното Море.

Повикот за помош беше примен во 5:30 часот по локално време од бродот „Sea Story', кој го напушти пристаништето во близина на Марса Алам во саботата на петдневно нуркачко патување со 31 турист и 14 членови на екипажот.

Генерал-мајор Амр Ханафи рече дека преживеаните се пронајдени во областа Вади ел-Гемал, која се наоѓа јужно од Марса Алам, и дека ја добиваат потребната медицинска нега.

Тој додаде дека воениот брод на египетската морнарица „Ел Фатех“ и воените авиони ги интензивираат напорите за лоцирање на исчезнатите.

притисни ентер