На ден 25. ноември 2024 година, амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Фатих Улусој, оствари работна посета на седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз (БДС). При посетата, амбасадорот Улусој се сретна со претседателот на БДС, г. Мунир Колашинац, заменик-претседателот на БДС, г. Зеќир Курбардовиќ и претседателот на Бошњачкиот национален совет- Џевад Хот.
Тема на разговорите беше продлабочувањето на соработката помеѓу Турција и Бошњаците во Република Македонија, како и унапредувањето на заедничките интереси во повеќе области, вклучувајќи ги политиката, економијата и културата. Амбасадорот Улусој посочи дека Турција останува посветена на помагање во развојот на земјата, додека пак Претседателот на БДС, г. Мунир Колашинац, ја поздрави посетата и истакна дека односите меѓу Турција и Бошњаците во Република Македонија се исклучително важни за развојот на регионот, додека заменик-претседателот, г. Зеќир Курбардовиќ, ја нагласи важноста на турската поддршка за бошњачката заедница во земјата, а претседателот на Бошњачкиот национален совет Џевад Хот, истакна дека континуираната поддршка на Турција е од клучно значење за зајакнување на правата на бошњачката заедница во Македонија и регионот. Оваа посета е уште еден чекор во зајакнувањето на историските и пријателските врски помеѓу двете земји и заедничкиот ангажман за стабилен и просперитетен Балкан.
Бошњачки демократски сојуз