Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба

Можеби една од најубавите жени на денешнината, кубанската глумица Ана де Армас, неодамна е видена на романтична прошетка со Мануел Анидо Куеста, инаку посинок на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез. 

Таа врска не наиде на одобрување кај јавноста во САД - каде што таа живее, но и во Западот, воопшто.

Имено, Кубанката е цел на критики дека „се забавува со посинокот на диктаторот“, а побегнала од Куба токму поради „таа диктатура и лошите услови за живот“, пишува „Дејли мејл“. Таа се преселила од Куба во Шпанија на 18 години и таму ја почнала својата актерска кариера, пред да замине за САД.

„Ана де Армас ја напушти Куба, за да продолжи со кариерата и животот во Америка, а на крајот заврши во врска со посинокот на кубанскиот диктатор. Ова е лошо, многу лошо“; „Овие фотографии мора да го обиколат светот, луѓето не смеат да имаат милост. Познатата актерка Ана де Армас е фотографирана во Мадрид со синот на диктаторот и негов можен наследник. Тие се пар. Уживаат во Мадрид како ништо да не се случува“ - се само дел од негативните коментари.

Поради овие забелешки, глумицата ги ограничи коментарите на својот Инстаграм.

Според критичарите, кубанскиот претседател ја продолжил доктрината на противникот на САД, Фидел Кастро, којашто не дозволува опозициски партии или протести против владејачката партија. Тој е обвинуван и за големи прекршувања на човековите права.

Мануел Анидо Куеста е адвокат и син на сопругата на кубанскиот претседател од претходниот нејзин брак. Тој му е близок советник на својот очув и често го придружува на официјални настани и патувања. Момчето на глумицата е обвинуван дека живее луксузен живот со чести патувања во странство, додека повеќето Кубанци живеат во сиромаштија.

Бигорски манастир: Митрополитот Тимотеј целиот живот го посвети на Господа

Со длабока тага во срцата и со смирение пред волјата Божја, Свештена Бигорската Обител ја доби веста за упокојувањето во Господа на нашиот сакан и возљубен Митрополит дедо Тимотеј, објави Бигроскиот манастир.

-Целото братство на Бигорскиот манастир, на чело со нашиот Старец и Игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, со синовска љубов изразува искрено сочувство до целото свештенство, монаштво и верниот народ на Епархијата, како и до сите кои го познаваа и го љубеа нашиот Митрополит. Молитвите кон Господа во нашите срца сега се насочени за упокојување на неговата душа во вечните дворови на праведниците. Добриот наш Бог нека го удостои со Царството Небесно и со учество во вечната радост на светлината Христова. Вечен спомен и добар Ти Рај, сакан наш архипастиру, стои во објавата.

Со љубов, молитви и вечна благодарност „те испраќаат во Христовите прегратки Твоите духовни синови и внуци, твоите монаси и монахињи од Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино“.

-Како верен служител на Црквата Христова, дедо Тимотеј целиот свој живот го посвети на Господа, оставајќи зад себе неизбришлива трага со својата разборитост, пастирска љубов и грижа за духовното спасение на довереното му стадо. Неговото архипастирско служење беше светло сведоштво на послушноста кон Божјата волја и на ревноста во проповедањето на Евангелието, се наведува во објавата.

Се нагласува дека Митрополитот Тимотеј ќе остане запаметен како монахољубив пастир, со чиј благослов и пастирска слобода и грижа се возобнови и зацврсти монаштвото во нашата богочувана епархија. Неговата љубов кон монаштвото и кон црковниот клир, човечноста и расудувањето што ги пројавуваше во секоја клучна ситуација, беа вистински сведоштва на неговата духовна зрелост и вдахновена мудрост. /МИА

Брнабиќ: Вакво газење на достоинството на Собранието немало од 5 октомври 2000 година

За употребата на свирежите од опозицијата, Брнабиќ рече дека вака изгледа слободата на говор во нивното толкување.

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, во врска со денешните настани во Собранието, каде дојде до физичка пресметка на пратениците од владаечката коалиција со опозицијата и прекин на работата на парламентот, рече дека вакво газење на достоинството на парламентот немало освен на 5 октомври 2000 година, јави дописникот на МИА од Белград.

-Морам да констатирам дека вакво газење по достоинството не е забележано во историјата на овој дом освен на 5 октомври кога го запалија, рече Брнабиќ на прес-конференција во салата на Собранието, додека претставниците на опозицијата го прекинуваа нејзиниот говор со свирежи.

За употребата на свирежите од опозицијата, Брнабиќ рече дека вака изгледа слободата на говор во нивното толкување.

-Вака би изгледала Србија и ги прашувам граѓаните кои го сакаат ова, дали има луѓе во Србија кои сакаат вакво нешто, рече таа.

Таа изјави дека некои луѓе во Приштина го посакуваат таквото однесување, вклучително и „привремените институции на премиерот на Приштина“, Албин Курти.

-Курти со нетрпение го очекува ова, Слободна Босна ќе ги слави, како и хрватските медиуми, некои други луѓе, некои други земји кои не сакаат мирна, стабилна и просперитетна Србија, нагласи Брнабиќ.

И покрај прекинот, претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, потоа ја продолжи седницата на која беа разгледани сите точки од дневниот ред. Бидејќи никој не излезе да зборува Брнабиќ ја заврши расправата за предлог-законот за буџетот и другите точки од денешниот дневен ред. /МИА

ЗНАМ: Тажна е сликата на составот на новиот Централен одбор на СДСМ

Ако овој состав на СДСМ се претставува како новото лице и новата енергија на партијата, тогаш навистина треба да бидат загрижени за својата иднина.

Директорот на фондацијата Заев, Венко Филипче, вршител на должноста Претседател на Акционерското друштво СДСМ, во доминантна сопственост на кланот од Струмица, денеска на конгресот си избра нов акционер од друштвото на Сорос.

Тажна е сликата на составот на новиот Централен одбор во кој нема никаков интелектуален капацитет, ниту реализирани личности во општествениот и јавен простор во Македонија.

Жално е што од една државотворна партија во која беше интегриран интелектуалниот крем на Македонија, партијата се сведува да ја раководат луѓе со сомнително минато, луѓе без никакви биографии, загубени и отуѓени од основната идеолошка матрица на социјалдемократијата.

Како шлаг на тортата ќе биде изборот на секретарите на партијата, со кој ќе се потврди управувачкиот пакет акции на Заеви.

Движење ЗНАМ за Наша Македонија

притисни ентер