Членот на преодниот претседателски совет на Хаити, Едгар Лебланк Филс, ги критикуваше изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше снимен како лидерите на оваа карипска земја ги нарекува „тотални морони“. Филс во изјавата рече дека Макрон со тоа ја навредил целата нација која „минува низ мрачни времиња“.
Макрон беше снимен како ги нарекува „морони“ на маргините на состанокот на Г-20 во Бразил претходно овој месец, додека ја критикуваше одлуката на Советот за ненадејно разрешување на премиерот Гери Конел по само шест месеци на функцијата.
Забелешките на Макрон го поттикнаа Министерството за надворешни работи на Хаити да го повика францускиот амбасадор на Хаити на брифинг кон крајот на минатата недела, нарекувајќи ги коментарите на францускиот лидер „непријателски и несоодветни“.
Лебланк рече дека „Макрон не се двоумел да интервенира во прашање што во суштина ги засега само властите на Хаити, изјавувајќи ја својата поддршка за поранешниот премиер Конил“.
Лебланк ја искористи можноста да критикува како Франција, нејзиниот поранешен колонијален господар, го принуди Хаити да му плати милијарда долари за да ја добие својата независност.
Хаити е зафатен од насилство на банди кои контролираат големи делови од земјата и главниот град Порт-о-Пренс. /МИА