Исус покренат со ВИ во црква во Швајцарија

Капелата „Свети Петар“ - мала и не премногу раскошна црква којашто се смета за најстара во швајцарскиот град Луцерн, го инсталираше Исус Христос покренат со вештачка интелигенција. 

Програмата, позната како „Бог во Машина“ (Deus in Machina), е инсталирана во август како најнов чекор во повеќегодишната соработка за тридимензионална реалност со тамошната Универзитетска истражувачка лабораторија. Инсталацијата зборува 100 јазици.

- Тоа беше вистински експеримент. Сакавме да видиме и да разбереме како луѓето ќе реагираат на Исус покренат со ВИ. За што би разговарале со Него? Дали би имало интерес да разговараат со Него? Веројатно сме пионери во ова, вели теологот Марко Шмид.

По проектите коишто експериментираа со виртуелна и проширена реалност, црквата одлучи дека следниот чекор е да инсталира тн. аватари.

- Дебатиравме каков аватар би бил тоа - теолог, личност или светец? Но, тогаш сфативме дека најдобра фигура ќе биде самиот Исус, рече Шмид.

По обуката на ВИ-програмата и полнењето со теолошки написи, посетителите се поканети да му поставуваат прашања на Исус (инсталацијата), со одговори прикажани на екран. Тој одговара во реално време, нудејќи одговори генерирани со ВИ.

Луѓето се советувани да не откриваат никакви лични податоци. - Тоа не е исповед. Немаме намера да имитираме признание, дообјасни Шмид.

За време на двомесечниот период на експериментот, повеќе од 1.000 луѓе - вклучувајќи и муслимани и туристи од Кина и Виетнам - ја искористија можноста да комуницираат со аватарот. По испитувањето потоа, две третини од посетителите сметаат дека тоа е духовно искуство.

- Значи, можеме да кажеме дека тие имаа „религиозно-позитивен“ момент со овој Исус покренат со ВИ. За мене, тоа беше изненадување, истакнува Шмид.

Експериментот, исто така, предизвика критики во црковната заедница. Некои католички свештеници протестираа поради употребата на исповедалницата. Протестантите, пак, е против употребата на слики на ваков начин. Шмид вели оти црквата спроведе тест со 30 луѓе пред да го постави аватарот. По почетокот на проектот, таа се погрижи поддршката за верниците секогаш да биде достапна.

- Никогаш не добивме впечаток дека (инсталацијата) зборува чудни работи. Но, се разбира, не можеме да гарантираме дека нема да каже ништо чудно, рече Шмид.

На крајот, токму оваа неизвесност го навела да одлучи дека аватарот засега ќе остане само привремен експеримент.

- Тоа е навистина едноставна и достапна алатка со којашто може да зборувате за религијата, христијанството, христијанската вера... Може да се преобрази во еден вид повеќејазичен духовен водич којшто ќе може да одговори на религиозни прашања, рече Шмид.

За свештеникот, големиот интерес што инсталацијата го предизвика, покажува дека „луѓето сакаат да одат подалеку од Библијата“, тајните и обичаите. - Мислам дека има потреба да се разговара со Исус. Луѓето сакаат да добијат одговор, сакаат зборови. Сакаат да слушнат што Тој вели, појасни свештеното лице.

Државата Израел донира „Сензорна соба“ за децата во Македонија

На 25 ноември 2024 година, амбасадорката Симона Франкел ја отвори „Сензорната соба“ во „CEDUZ “ центарот во Скопје, Македонија.

Пред неколку месеци, Амбасадорката Франкел беше поканета во центарот „CEDUZ“,здружение фокусирано на раниот детски развој. По посетата, амбасародката Франкел одлучи да донира за изградба на „Сензорна соба“ во центарот, која ќе биде опремена со најсовремени сензорни алатки и специјализирана опрема дизајнирана да одговори на раните предизвици во психомоторниот развој кај децата.

Сетилната соба наречена „Ерусалимска соба“ е посветена на споменот на децата, жртви на масакрот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Државата Израел и Македонија имаат пријателски односи и оваа значајна донација не само што ги поддржува децата во неволја, туку и ги симболизира врските меѓу народите на двете земји.

Адвокатска комора: Предизвикувањето пожар во Комората е напад врз целокупната адвокатура

Адвокатската комора на Република Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и предизвикало пожар.

Пожарот за среќа беше брзо изгаснат од противпожарните екипи. Меѓутоа, предизвикана е значителна материјална штета, а најважно е што, благодарение на брзата реакција на надлежните, нема човечки жртви.

Овој акт на насилство не само што претставува сериозна закана за безбедноста на вработените во институцијата, туку и на граѓаните кои живеат во непосредната близина на деловниот простор на Комората.

Нападот врз Адвокатската комора не е само напад врз еден правен субјект, туку е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во Република Македонија.

Поради ова ја изразуваме нашата најдлабока осуда за ваквото насилство и нагласуваме дека ваквиот напад е апсолутно неприфатлив. Овој чин на насилство и вандализам е сериозна закана за јавната безбедност и правниот поредок во земјата, и не може да се оправда под никакви околности.

Ги повикуваме надлежните органи да дејствуваат брзо и ефективно за да се идентификуваат и приведат одговорните за овој напад. Ваквиот напад не смее да остане неказнет, а одговорните мора да се соочат со последиците од своите дејствија и да бидат најстрого казнети.

Комората останува посветена на заштитата на правата на адвокатите, граѓаните, како и на создавање на опкружување во кое сите институции ќе можат да работат без страв и загриженост, а притоа правото и правдата ќе останат неприкосновени.

Адвокатска комора на Република Македонија

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид по повод упокојувањето на владикатаТимотеј

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод упокојувањето на митрополитот Дебарско – кичевски, господин Тимотеј.

„Владиката Тимотеј беше силен пример за служење на Бог, образец на животот според Евангелието. Тој беше способен да одговори со својат љубов и грижа на секоја тешкотија и болка на човечкото срце. Беше пример на умеењето да дејствува според заповедтта на Светото писмо. Секогаш да се бара добро еден во друг и кон сите. 'Секогаш радувајте се, молете се постојано, благодарете за се'. Споменот за овој голем веледостојник, искрен слуга кон Бога и преданик на христовата вера ќе биде вечен.Од длабочината на исполнетото со тага срце вознесувам молитва кон Бога да го успокои во небесното царство својот верен слуга, чиј цел земен пат беше насочен во спроведување на Христовата заповед, да се љубиме еден со друт, на лошото да одговараме со добрина и да правиме добри дела. Вечен и блажен спомен за покојниот митрополит Дебарско – кичевски, г. Тимотеј“, стои во писмото на градоначалникот Пецаков.

Митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј почина денеска во Скопје, по кусо боледување на 73 години.

притисни ентер