Дурмиши: Есенската кошница ги даде резултатите, цените се стабилизираа и се намалија

Месечната заштеда изнесува од 690 ден до 1.360 ден.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес-конференција во Министерството а економија и труд ги презентираше резултатите од Есенската потрпошувачка кошница.

Ви го пренесуваме неговиот говор:

Есенската кошница како мерка која што ја донесовме на крајот на септември веќе заврши, заклучно со вчерашниот ден.

Мерката беше спроведена успешно и според анализите на Министерството за економија ги даде очекуваните резултати.

Оваа мерка ја донесовме со цел да ги заштитиме граѓаните во време кога има зголемување на цените на основните прехранбени производи, пред се за време на празниците, односно да се стабилизираат цените и да не дојде до нивно нагло зголемување.

Тоа и се случи, со мерката успеавме да не дозволиме нагло зголемување на цените на основните прехранбени производи, туку нивни стабилизирање и намалување во одредени сегменти.

Нашите анализи кои ги споделивме покажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5% до 10%, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема (како на пр. лебот, маслото за јадење и млекото), додека кај други производи истото е значително поголемо (на пр. месо, зеленчук и млечни производи (сирење и кашкавал).

Секако дека за оваа мерка како што и самите знаете имавме забелешки во најголем дел од трговците и од дел од дистрибутерите, но таа сепак ги даде резултатите кои ги очекувавме, бидејќи заштитата на животниот стандард е наш приоритет.

Нашите податоци кажуваат дека искажано во заштеда во пари за едно четворочлено семејство, на месечно ниво заштедата од ограничените маржи и намалените цени на дел од производите изнесува од 690 ден до 1.360 ден по семејство, во зависност од начинот на исхрана, како и од изборот на маркети каде што се набавува истата.

Тоа го потврдуваат и податоците на Синндикатите од нивната синдикална кошница каде што во октомври во делот на храна и пијалоци е намалена за 935 денари.

Тоа укажува дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена.

Вкупното намалување на октомвриската синдикална кошница е 57 денари, но тука вклучува и кирија.

Во наредниот период како што најавивме ќе има божиќна кошница, рамазанска, велигденска кошница. Овие кошници ќе имаат различен состав на производи, во зависност од тоа штио најмногу се троши во тој период и во дијалог и со производителите и со трговците, оваа мерка ќе ја креираме да биде во интерес на сите и да биде лесно применлива.

Каков модел ќе одбереме ќе зависи од предлозите кои ќе ги добиеме, а секако треба да земеме во предвид дека во маркетите за време на празниците има попусти и акции на одредени производи, па ќе видиме како тие ќе можат да се вклучат во наредните кошници.

Она што е важно да кажам дека оваа мерка, односно кошничка нема да трае повеќе од еден месец.

Односно предвидени се со пократок рок на траење од 15 до максимум 30 дена.

Очекувам дека од почетокот на следниот месец ноември ќе има дополнително намалување на цените бидејќи како што знаете пред еден месец започна примената на Законот за нефер трговски практики и очекуваме со новите залихи на производи во маркетите да има и нови пониски цени.

Од денеска мерката за замрзнати маржи не е на сила, очекувам дека нема да има зголемување на цените од страна на трговците. Доколку се случи тоа односно доколку дојде до дивеење на цените без никаква основа тогаш Министерството за економија и труд ќе ги превземе сите мерки кои што ги има на располагање и ќе превземеме поригорозни одлуки се со цел да се заштити стандардот на граѓаните

Две лица уапсени откако без дозвола влегле во космодромот Бајконур

Две лица се уапсени откако без дозвола влегле во космодромот Бајконур во Казахстан, соопшти Обвинителството.

Во соопштението од казахстанското обвинителство се наведува дека уапсени се 21-годишен Французин и 26-годишен Германец откако влегле во космодромот за да ја видат руската ракета Енергија.

Во јули, двајца холандски државјани и еден Белгиец беа уапсени кога се обиделе да влезат во комплексот Бајконур.

Космодромот Бајконур се наоѓа во Казахстан, но е изнајмен од Русија. Пристапот до комплексот е ограничен, иако платени тури се достапни за оние кои сакаат да гледаат лансирање на вселенско летало. /МИА

Португалецот Аморим официјално нов тренер на Манчестер јунајтед

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед денеска официјално за нов тренер го назначи Португалецот Рубен Аморим, кој ќе се пресели во премиерлигашот од клупата на Спортинг од Лисабон.

Аморим доаѓа на Олд Трафорд на местото на холандскиот стратег Ерик тен Хаг, кој беше отпуштен од должноста по поразот од Вест Хем.

Аморим официјално ќе го преземе клубот од „Олд Трафорд“ на 11 ноември, а дотогаш со тимот ќе раководи поранешниот напаѓач на Јунајтед и Холандија, Руд ван Нистелрој.

Како што е соопштено, Аморим потпиша договор до лето 2027 година, со опција за продолжување на уште една година.

„Рубен е еден од највозбудливите и најпочитуваните млади тренери во европскиот фудбал. Беше успешен и како играч и како тренер, со Спортинг двапати го освои португалскиот шампионат, а првата титула беше прва по 19 години“, се вели во соопштението на Јунајтед. /МИА

Гаши им порача на студенти од Филозофски да бидат поагилни, погласни, покритични

Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со студенти на Институтот за безбедност од Филозофскиот факултет, информираат попладнево од собраниската прес-служба.

Гаши потенцирал дека успехот во политиката се мери со тоа што е направено за идните генерации.

- Во тој контекст, истакна дека претседателската функција бара државнички пристап, еднаквост за сите. Затоа и неговите заложби како претседател на законодавниот дом, се посветеност во работата во насока на подигнување на Собранието на повисоко ниво, со професионална служба, политички неутрална. Тој е поборник за департизација на институциите, за повисок стандард, владеење на правото, имплементација на Националната стратегија, сѐ во насока на задржување на младите во земјава, затоа што тие се иднината, наведуваат од собраниската прес-служба.

Студентите имале можност да му поставуваат прашања на претседателот на Собранието, а тој ги охрабрил младите да бидат поагилни, погласни, покритични, да организираат дебати, да зборуваат гласно, затоа што нивниот глас е искрен.

- Студентите на Институтот за безбедност се токму оние кои се многу битни за иднината на државата, се додава во соопштението.

притисни ентер