ДКСК се сомнева дека Костадиновска Стојчевска користела народни пари за лични работи

Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска користела државни пари за приватни цели на четиридневно службено патување во Велика Британија и Ирска минатата година

Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска користела државни пари за приватни цели на четиридневно службено патување во Велика Британија и Ирска минатата година во октомври каде присуствувала по повод 30 години дипломатски односи, утврдија антикорупционерите. Како што реферираше членот на ДКСК Зоран Богоевски станува збор за сума од околу 760 британски фунти, а за ваквото трошење, најави дека доказите ќе ги испрати до надлежните истражни органи. При реферирањето на предметот не беше наведено на што Костадиновска Стојчевска ги потрошила парите, но претходно од ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека таа со службената картичка купила куфер, подароци и чорапи.

-Од 292 фунти, 280 се трошоци кои ДКСК смета дека не може да се квалификуваат како трошоци за репрезентација. Дополнително, 528 фунти биле подмирени со службена картичка на Министерството за култура, од кои 485 фунти се трошоци кои, како што дополнуваат од ДКСК, не може да се квалификуваат како направени за службени цели,-Зоран Богоевски – Член на ДКСК.

Антикоруцпионерите ги квалификуваа и како незаконски одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со кои членовите на судски Антоанета Димовска и Ханиф Зендели и претседателката на обивнителскиот совет Душица Димитриеска се номинирани за нови членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Тие побараа од двата совета да ги стават вон сила одлуките со кои се врши недозволена акумулација на функции, затоа што требало да назначуваат активни судии и обивнители..

„ Фактот што членовите на советитет што се назначени од редот на судиите и обвинителите не ја менува состојбата во однос на незаконитоста на одлуките истоот што од причина членовите, се избрани да ја вршат функцијата членови професионално, и во текот на мандатот, функциите судија и обвиниел им мируваат. “-Биљана Каракашова Шулев – член на ДКСК.

Од друга страна пак, ДКСК оцени дека нема ништо незаконско во тоа што републчкиот обвинител Љупчо Коцевески и Претседатлеката н Врховен Беса Адеми се дел од управниот одбор на Академијата, за што донив беше поднесена анонимна пријава. ДКСК поднесе иницијатива и за покренување на дициплинска и постапка за издавање прекршочен налог за членот на судски совет Антоанета Димовска, за „судир на интереси“ и „пристрасност при вршењето на функцијата“ за тоа што иницирала постапка за утврдување одговорност на судии во Врховен суд кои постапувале во предмет, каде учествувало адвокатското друштво, каде e нејзинта сестра е адвокатката и екс пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Фото: Маск сака да направи Тесла лимузина за Трамп: „Се разбира отпорна на куршуми“

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, на социјалната мрежа Икс ги праша своите следбеници дали треба да направи Тесла лимузина.

Тој постави фотографија на која е прикажано како би изгледала оваа лимузина од електричниот бренд, наменета за претседателот на САД, Доналд Трамп.

Маск додаде и дека оваа лимузина, секако, би била отпорна на куршуми.

„Да направам ли Тесла лимузина за Трамп?

Се разбира, отпорна на куршуми.“- стои во објавата.

Сиљановска Давкова: Македонската реформска агенда е најдобро оцената

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на седницата на собраниската Комисија за европски прашања на која беше презентирана Реформската агенда на Владата (2024-2027), којашто се однесува на Планот за раст на Европската Комисија.

Во своето обраќање, Претседателката порача дека е неопходна поголема соработка помеѓу Министерството за европски прашања и Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции и дека Комисијата треба да се отвори и да ја зајакне соработката со сите инволвирани во процесот на евроинтеграциите, вклучувајќи го невладиниот сектор, експертската јавност и претставници од ЕУ.

Претседателката нагласи дека македонската реформска агенда е најдобро оценета од Комисијата, што претставува добар влог и дека се доближуваме до европските критериуми, а со тоа и до влезот во ЕУ.

„Мислам дека вреди да се биде оптимист. Зошто вреди да се биде биде оптимист? Вие знаете колкупати јас сум ја критикувала Европската Унија дека немала, после Солун, вистинска стратегија за Западен Балкан, дека доцнела, дека не преземала одговорност. Ова е мислам еден исчекор. Значи имаме агенда. Агендата, односно нејзиното спроведување, велиме дека не е невозможно, разбрани сме, нè поддржуваат“, нагласи претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи увереност дека Планот за раст и реформската агенда ќе можеме да ги направиме реалност, што особено позитивно ќе влијае на довербата кај граѓаните.

Претседателката порача дека Планот за раст е за поздравување бидејќи претставува своевидно содружништво, односно партнерство помеѓу Европската Унија и Западниот Балкан, учење во од, со финансиска помош, со советување и со оценување, каде резултатите ќе бидат заеднички, но и одговорноста споделена.

Во тој контекст таа посочи дека ова е можност да бидеме дел и од заедничкиот европски пазар. Во контекст на финансирањето, Претседателката потенцираше дека тоа мотивира, но домаќински е да не биде авансно, туку врзано со постигнатите резултати.

Во таа насока таа ја истакна улогата на Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, важноста на постоењето на интегриран систем на мониторинг, односно контрола врз трошењето на финансиските средства и ревизија врз внатрешниот систем на контрола.

Осврнувајќи се на роковите, Претседателката посочи дека роковите се строги, но дека тоа значи дека ЕУ верува во нашата способност. Според неа е логично до Нова Година да се донесат двата закони, за буџети и Закон за јавна контрола врз внатрешната контрола, што е услов за ослободување на средствата за претфинасирањето.

Говорејќи за начинот на плаќање 1/3 грант и 2/3 кредит, Претседателката посочи дека ова е секогаш најважно за опозицијата и во овој контекст ги охрабри да критикуваат.

Во обраќањето таа истакна и дека мора да се стави крај на злоупотребата на европското знаменце и ја нагласи хармонизацијата со директивите и регулативите на ЕУ, соопштуваат од Кабинетот на претседателката.

Вежба на ЕУ за дејствување во случај на голем кибернапад

 Европска Унија денеска спроведува вежба поврзана со координација на акциите во случај на кибернапад од големи размери, соопшти Европска комисија.

Во вежбата учествуваат претставници на ЕК, како и на раководствата на службите за киберзаштита на земјите од ЕУ.

Нивната работа е поддржана од Европската агенција за кибербезбедност, чија цел е да се воспостават можности за комуникација помеѓу раководствата на европските услуги во рамките на новоизградениот паневропски систем за известување ЕУ-СајКЛОН (EU-CyCLONe).

Новиот систем е создаден за оперативно управување со одговорот на киберинциденти и ги надополнува воспоставените линии на контакт на политичко ниво.

Резултатите од вежбата ќе се рефлектираат на планот за координирани акции во слични кризи, усвоен пред шест години. /МИА

притисни ентер