Финансиската полиција со кривични против тројца вработени во Министерството за земјоделство

Управата за финансиска полиција, поднесе кривична пријава  до Основното Јавно Обвинителство - Скопје, против три службени лица во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Првопријавениот во својство на службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Решение несовесно постапувал при вршење на своите овластувања, на начин што во текот на 2021 и 2022 година не изготвил записник за одземање на владението на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје иако на 07.10.2021 година уредно му била доставена Изјава за раскинување на договорот за закуп на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје бр. 39-7689/1 од 28.09.2021 година, спротивно на член 37 од Законот за земјоделско земјиште, дополнително првопријавениот несовесно постапувал во вршењето на своите овластувања и должности и како службено лице во Подрачна единица при МЗШВ во период од 16.09.2020 година до 15.04.2022 година на начин што не ја доставил Изјавата за еднострано раскинување до надлежните служби на МЗШВ - Гази Баба за истата да биде евидентирана во ФАРМ системот и правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје да биде избришан од Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што првопријавениот му овозможил на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари.

Второпријавената во својство на службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во период од 15.04.2022 до 24.08.2022 година, како и во период од 16.09.2020 година до 15.04.2022 година, во својство на службено лице во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги повредила законските прописи за совесно постапување при вршење на своите овластувања на начин што во текот на 2021 и 2022 година Изјавата за раскинување на договорот за закуп на правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје не ја доставила до надлежните служби на МЗШВ-Гази Баба за истата да биде евидентирана во ФАРМ системот и правниот субјект ДЗС Илинден АД Скопје да биде избришан од Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што второпријавената му овозможила на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари.

Третопријавениот во својство на функционер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во период од јануари 2022 до ноември 2023 година ги повредил законските прописи за совесно постапување при вршењето на своите овластувања со пропуштање на должен надзор над комисијата за одземање на владение врз основа на престанок на склучени договори за закуп, формирана од страна на Министерот, во однос на одземањето на владение на државното земјоделско земјиште на правното лице ДЗС Илинден спротивно на чл.49 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. Оваа одговорност вклучува имплементација и одржување на внатрешни контроли кои се релевантни за процесот на одземање на владение на државно земјоделско земјиште врз основа на донесена Изјава за еднострано раскинување на договорот поради неподмирени обврски за закуп, во согласност со одредбите од релевантната законска и подзаконска регулатива, стратешките документи и воспоставени политики. Третопријавениот иако бил задолжен да организира и обезбедува законито и ефикасно вршење на работите и задачите, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувал во вршење на своите овластувања, односно не преземал дејствија за утврдување на фактичката состојба во однос на одземање на владението на ДЗС Илинден АД Скопје, со што третопријавениот му овозможил на ДЗС Илинден АД Скопје да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари.

Управа за финансиска полиција

Објавени се кандидатите за наградата „Греми“, Бијонсе со најмногу номинации

Греми наградите се еден од најгледаните музички настани кога станува збор за овој вид уметност.

Денеска беа објавени номинациите за сите категории.

Бијонсе, Сабрина Карпентер, Charli XCX, Били Ајлиш и Чапел Роан добија номинации за најдобра поп соло изведба.

За најдобар нов изведувач, номинирани се Бенсон Бан, Сабрина Карпентер, Доечија, Хруангбин, Реј, Чапел Роан, Шабузи и Теди Свимс.

Cowboy Carter, F-1, Deeper Well, Higher и Whirlwind се номинирани за најдобар кантри албум.

За песна на годината, Бијонсе "Texas Hold 'Em", Били Ајлиш "Birds of a Feather", Чапел Роан "Good Luck, Babe!", Кендрик Ламар "Not Like Us", Лејди Гага и Бруно Марс "Die With a Smile“, „Please Please Please, Shaboozey - A Bar Song (Tipsy)“ на Сабрина Карпентер и „Fortnight“ на Тејлор Свифт, пишува „Daily Mail“.

За најдобра кантри соло изведба се номинирани Бијонсе „16 Carriages“, Крис Стејплтон „It Takes a Woman“, Џели Рол „I Am Not Okay“, Кејси Масгрејвс „The Architect“, Шабузи „A Bar Song (Tipsy)“.

Филмовите „Американска фикција“, „Предизвикувачи“, „Виолетова боја“, „Дина: Втор дел и Шогун“ се номинирани за најдобра музика за визуелни медиуми (вклучувајќи филм и телевизија).

Сиљановска Давкова ја прими Костовска, основач на Меѓународниот фестивал „Богородичен Покров“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Зорица Костовска, филмски продуцент, режисер, сценарист, новинар, теолог и основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“

На средбата на која присуствуваа и македонскиот режисер Стојан Вујичиќ и српскиот продуцент од Будимпешта Милан Кичевац, претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните заложби за промовирање на културните и духовните вредности, како и за нивната идеја за изработка на филм посветен на Свети Наум, како заеднички проект на Македонија, Србија и Унгарија.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка за нивниот ентузијазам за збогатување на културниот пејзаж, преку промовирање на култот кон Свети Наум, заедничкото наследство и хуманоста, соопштуваат од Кабинетот на претседателката.

ФБИ почна истрага по појавата на бројни расистички СМС пораки по изборите-се спомнува ропството

Расистички СМС пораки во кои се споменува ропството стигнале до Афроамериканците низ САД – до мажи, жени, студенти, па дури и средношколци, а ФБИ и други релевантни агенции отвориле истрага за да се утврди кој ги испратил тие пораки.

СМС пораките биле испратени анонимно до жителите на Њујорк, Алабама, Калифорнија, Охајо, Пенсилванија, Јужна Каролина, Тенеси - тие имаа сличен тон, но некаде се разликуваа во текстот, објави Ројтерс.

Пораките им велат на оние што ги примиле да се пријават на плантажи за да „берат памук“, според Националното здружение за унапредување на правата на расните малцинства (NAACP).

Во некои пораки се споменува и новата американска администрација. ФБИ соопшти дека е во контакт со Министерството за правда, а Федералната комисија за комуникации исто така објави дека го истражува потеклото на СМС пораките во соработка со полицијата.

Таша Данам од Лоди, Калифорнија, рече дека нејзината 16-годишна ќерка добила порака во која се вели дека треба да се пријави на „плантажа“ во Северна Каролина. Таа вели дека никогаш не живееле таму, а кога подобро ја разгледале локацијата виделе дека таму има музеј.

„Многу е вознемирувачки, се обидувам да сфатам што значи ова? Дефинитивно сум исплашена и загрижена“, рекла мајката на 16-годишното девојче.

Прво мислеле дека некој се шегува, но емоциите станале интензивни по претседателските избори во вторникот, па сепак решиле да пријават во полиција.

"Јас не сум роб, мајка ми не беше роб, но ние сме само неколку генерации подалеку од тоа. Кога ќе размислите колку брутално и ужасно ропството беше за нашиот народ, навистина е вознемирувачки", вели Данам.

Претседателот на НААЦП Мисури Нимрод Чапел вели дека студентите кои се членови на организацијата добиле пораки во кои зборуваат за изборната победа на Доналд Трамп и ги повикуваат да одат „да берат памук“ следниот вторник.

„Тоа укажува на добро организирана група која има ресурси и е решена да ги таргетира Американците врз основа на бојата на нивната кожа“, рече Чапел.

притисни ентер