Мајк Тајсон: Јас сум на терапија со тестостерон, не ми е гајле што зборуваат

Познатиот боксер Мајк Тајсон (58) неодамна во интервју за магазинот „Loaded“ отворено проговори за проблемите со кои се бори.

Освен што зборуваше за лични работи како менталното здравје и зависноста, тој се осврна и на неговата терапија со тестостерон, за која вели дека продолжува да ја зема.

„Мислам дека постои оваа заблуда дека ако мажите земаат терапија со тестостерон, тоа е затоа што нешто физички не е во ред со нив. Но, од 30-годишна возраст, не ми е грижа колку сте здрави, нивото на тестостерон опаѓа. Јас сум во подобра физичка форма кога земам тестостерон“, рече Тајсон.

Тој вели дека физичкото здравје е испреплетено со менталното здравје, нешто со што се бори до ден-денес: „Сè уште се борам со моето ментално здравје, но за среќа, имам подобри алатки. Научив многу во текот на годините како поранешен зависник од дрога. Ги разбирам моите предизвикувачи и зошто се саботирам себеси“, искрено коментираше тој.

Често се чувствува несоодветен

Тој исто така призна дека често се чувствува неадекватно, но вели дека со текот на времето научил да биде искрен со себе: „Ако си искрен со себе, ќе престанеш да се споредуваш со другите и нема да ти биде важно што мислат за тебе, затоа што си се соочил со својот најголем критичар во огледало и си победил“.

Во едно од претходните интервјуа, тој низ солзи изјави дека „не би го посакал никому својот боречки живот“. Сепак, се чини дека тој се уште е посветен на кариерата бидејќи наскоро му претстои посебен натпревар. За една недела, поточно на 15 ноември, тој во рингот осум рунди ќе се соочи со 27-годишниот Јутјубер Џејк Пол.

„Тој никогаш не се борел со некој како мене“

"Сè уште планирам да го завршам. Ги почитувам Мајк Пери и другите борци, но Џејк никогаш не се борел со некој како мене и јас ќе бидам целосно подготвен да го повредам кога ќе влезе во тој ринг. Почитта е емоција за која не размислувам во рингот“, рече тој.

Извор: Индекс.хр

Нетанјаху се заканува дека ќе дејствува насилно и решително против бунтовниците во Јемен

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им се закани на јеменските бунтовници хути дека ќе дејствува со „сила и решителност“, еден ден по нападот на тие бунтовници врз Тел Авив во кој повредија 16 лица.

„На ист начин како што постапивме со сила против вооружените крила на иранската оска на злото, ќе дејствуваме и против хутите... со сила, решително и софистицирано“, рече Нетанјаху.

Израелскиот премиер додаде дека дури и ако е потребно време, „резултатот ќе биде ист како кај другите терористички групи“.

Јеменските бунтовници ја презедоа одговорноста за истрелување балистичка ракета ноќта меѓу петокот и саботата, која израелските сили не успеаја да ја пресретнат.

19 жени кои го победиле ракот, вечерва ги облекоа фустаните на Елена Лука

19 жени кои го победиле ракот, вечерва ги облекоа фустаните на Елена Лука на специјална модна ревија.

Под мотото „Во чест на храброста, духот и вистинската убавина на жената која го победи ракот“ во Младинскиот културен центар се одржа „Ексклузивна модна ревија", на Елена Лука на која модели беа инспиративни жени кои ја добиле битката со карциномот.

Модната ревија која се реализира во соработка со здружението ХЕМА-ОНКО и Словачката амбасада во Скопје е вистинска прослава на животот, храброста и убавината на жените кои се соочиле со еден од најтешките животни предизвици.

Елена Лука е ко-организатор на оваа модна ревија на која моделите не се само презентери на свечени тоалети, туку хероини кои покажуваат дека и во најтешките моменти може да се пронајде сила. На оваа уникатна ревија беа прикажани повеќе свечени тоалети од елена лука, секоја креирана со посебна љубов и посветеност.

Џеј Ло за развод од Бен Афлек: Ништо не е случајно, се се случува со причина

Мегапопуларна пејачка и актерка Џенифер Лопез за британскиот Вог раскажа како ги надминала тешкотиите по разводот со Бен Афлек.

Актерката зборуваше за магазинот по повод претставувањето на нејзиниот нов филм „Unstoppable“, кој го продуцираше нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.

„Размислував така да некои работи не ми се случуваат мене, туку се случуваат за мене, и се обидувам да сфатам која е лекцијата што треба да се научи во овој момент“, рече таа, додавајќи: „Кога размислувам за такви работи и останувам во еден вид попозитивен начин на размислување за тоа, полесно е да се прифати како лекција за тоа што е“.

Таа истакна дека секогаш размислува што треба да научи од животните ситуации кои и се случуваат и напомена дека не верува во случајности. „Ништо не се случува случајно. Сè се случува со причина“, додаде таа.

„Секогаш се прашувам што можам да научам и како да излезам на другата страна подобра, посилна, пообразована и некако да пораснам од таа точка“, заклучи таа на крајот.

Инаку, Лопез и Афлек се венчаа повеќе од 20 години откако се запознаа на снимањето на комедијата Џигли. Двојката првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја откажаа венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна и дадоа уште една шанса на својата љубов, која не траеше долго.

притисни ентер