Вежба на ЕУ за дејствување во случај на голем кибернапад

 Европска Унија денеска спроведува вежба поврзана со координација на акциите во случај на кибернапад од големи размери, соопшти Европска комисија.

Во вежбата учествуваат претставници на ЕК, како и на раководствата на службите за киберзаштита на земјите од ЕУ.

Нивната работа е поддржана од Европската агенција за кибербезбедност, чија цел е да се воспостават можности за комуникација помеѓу раководствата на европските услуги во рамките на новоизградениот паневропски систем за известување ЕУ-СајКЛОН (EU-CyCLONe).

Новиот систем е создаден за оперативно управување со одговорот на киберинциденти и ги надополнува воспоставените линии на контакт на политичко ниво.

Резултатите од вежбата ќе се рефлектираат на планот за координирани акции во слични кризи, усвоен пред шест години. /МИА

Објавени се кандидатите за наградата „Греми“, Бијонсе со најмногу номинации

Греми наградите се еден од најгледаните музички настани кога станува збор за овој вид уметност.

Денеска беа објавени номинациите за сите категории.

Бијонсе, Сабрина Карпентер, Charli XCX, Били Ајлиш и Чапел Роан добија номинации за најдобра поп соло изведба.

За најдобар нов изведувач, номинирани се Бенсон Бан, Сабрина Карпентер, Доечија, Хруангбин, Реј, Чапел Роан, Шабузи и Теди Свимс.

Cowboy Carter, F-1, Deeper Well, Higher и Whirlwind се номинирани за најдобар кантри албум.

За песна на годината, Бијонсе "Texas Hold 'Em", Били Ајлиш "Birds of a Feather", Чапел Роан "Good Luck, Babe!", Кендрик Ламар "Not Like Us", Лејди Гага и Бруно Марс "Die With a Smile“, „Please Please Please, Shaboozey - A Bar Song (Tipsy)“ на Сабрина Карпентер и „Fortnight“ на Тејлор Свифт, пишува „Daily Mail“.

За најдобра кантри соло изведба се номинирани Бијонсе „16 Carriages“, Крис Стејплтон „It Takes a Woman“, Џели Рол „I Am Not Okay“, Кејси Масгрејвс „The Architect“, Шабузи „A Bar Song (Tipsy)“.

Филмовите „Американска фикција“, „Предизвикувачи“, „Виолетова боја“, „Дина: Втор дел и Шогун“ се номинирани за најдобра музика за визуелни медиуми (вклучувајќи филм и телевизија).

Сиљановска Давкова ја прими Костовска, основач на Меѓународниот фестивал „Богородичен Покров“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Зорица Костовска, филмски продуцент, режисер, сценарист, новинар, теолог и основач на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен Покров“

На средбата на која присуствуваа и македонскиот режисер Стојан Вујичиќ и српскиот продуцент од Будимпешта Милан Кичевац, претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните заложби за промовирање на културните и духовните вредности, како и за нивната идеја за изработка на филм посветен на Свети Наум, како заеднички проект на Македонија, Србија и Унгарија.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази поддршка за нивниот ентузијазам за збогатување на културниот пејзаж, преку промовирање на култот кон Свети Наум, заедничкото наследство и хуманоста, соопштуваат од Кабинетот на претседателката.

ФБИ почна истрага по појавата на бројни расистички СМС пораки по изборите-се спомнува ропството

Расистички СМС пораки во кои се споменува ропството стигнале до Афроамериканците низ САД – до мажи, жени, студенти, па дури и средношколци, а ФБИ и други релевантни агенции отвориле истрага за да се утврди кој ги испратил тие пораки.

СМС пораките биле испратени анонимно до жителите на Њујорк, Алабама, Калифорнија, Охајо, Пенсилванија, Јужна Каролина, Тенеси - тие имаа сличен тон, но некаде се разликуваа во текстот, објави Ројтерс.

Пораките им велат на оние што ги примиле да се пријават на плантажи за да „берат памук“, според Националното здружение за унапредување на правата на расните малцинства (NAACP).

Во некои пораки се споменува и новата американска администрација. ФБИ соопшти дека е во контакт со Министерството за правда, а Федералната комисија за комуникации исто така објави дека го истражува потеклото на СМС пораките во соработка со полицијата.

Таша Данам од Лоди, Калифорнија, рече дека нејзината 16-годишна ќерка добила порака во која се вели дека треба да се пријави на „плантажа“ во Северна Каролина. Таа вели дека никогаш не живееле таму, а кога подобро ја разгледале локацијата виделе дека таму има музеј.

„Многу е вознемирувачки, се обидувам да сфатам што значи ова? Дефинитивно сум исплашена и загрижена“, рекла мајката на 16-годишното девојче.

Прво мислеле дека некој се шегува, но емоциите станале интензивни по претседателските избори во вторникот, па сепак решиле да пријават во полиција.

"Јас не сум роб, мајка ми не беше роб, но ние сме само неколку генерации подалеку од тоа. Кога ќе размислите колку брутално и ужасно ропството беше за нашиот народ, навистина е вознемирувачки", вели Данам.

Претседателот на НААЦП Мисури Нимрод Чапел вели дека студентите кои се членови на организацијата добиле пораки во кои зборуваат за изборната победа на Доналд Трамп и ги повикуваат да одат „да берат памук“ следниот вторник.

„Тоа укажува на добро организирана група која има ресурси и е решена да ги таргетира Американците врз основа на бојата на нивната кожа“, рече Чапел.

притисни ентер