Њукасл бара 150 милиони фунти за својата ѕвезда

 Њукасл постави неверојатна цена на својата ѕвезда Александар Исак. Клубот бара 150 милиони фунти за својот напаѓач, пренесе „Телеграф“.

Швеѓанецот има 11 гола во Премиер лигата од почетокот на сезоната, како и 4 асистенции. Тој го привлече интересот на многу гиганти. Челси испрати барање до „страчките“, од каде што ја одредија споменатата трансферна сума за Исак.

Арсенал, Ливерпул, Реал Мадрид и ПСЖ се други заинтересирани клубови според изворот.

Во Њукасл сепак се мирни, а Исак моментално се чувствува добро во тимот. Покрај тоа, шведскиот напаѓач има договор со клубот на уште три и пол години.

Таравари: Во Новата 2025-та повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството

-Новата 2025 година ќе биде бериќетна и за здравствените работници, вели министерот за здравство Арбен Таравари посочувајќи дека ќе има повисоки плати, нови ваботувања и нови инвестиции во здравството.

-Тоа го бараат здравствените работници, подобри услови за да на крај секогаш пациентите добијат подобри услуги, изјави денеска Таравари прашан дали ќе биде бериќетна Новата година и за здравствените работници по посетата на првороденчето во Новата 2025 година на ГАК.

Во однос на реформите во здравството, тој нагласи дека се започнати но тие нема да се случуваат преку ноќ.

-Реформи ако очекувате за една ноќ ниту за шест месеци тоа не бива. Ние веќе започнавме реформи- гледате - позитивна листа на лекови, масовни вработувања, Советот во Министерството веќе работи на изготвување на стратегија за децентрализација на здравството. Исто така работиме на нов закон за здравствена заштита, сигурно има 10-15 закони од здравството кои чекаат да дојдат на Собрание. Се надевам дека Старетегијата ќе биде готова втора половина на 2025 година и пред да излезе во јавност ќе се повикаат експерти, ќе се повикаат и другите политички партии не само од власта, за да добиеме стратегија која нема да се менува секоја година, вели Таравари за стратегијата која ќе се однесува на периодот до 2030 година.

Мицкоски очекува успешна година на економски план со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски очекува 2025 година да биде поуспешна од 2024 година, со  раст на БДП помеѓу 3,5 и 4 проценти, инвестици од над милијарда евра и буџетски дефицит под 4 проценти. 

- Очекувам параметрите во економијата во 2025 година да бидат подобри од тие што се во 2024 и растот на БДП да дојде до близу 4 проценти, помеѓу 3,5 и 4 проценти, иако проектираниот е на 3,7 проценти, рече Мицкоски, на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот скијачки центар „Михајлово“.

Според него, 2024 година ја завршуваме со подобри резултати од очекуваните на економски план.

- Очекуваме да имаме позитивни параметри за растот на БДП за четвртиот квартал со што севкупно растот за 2024 година да биде 2,6 проценти, 2,7 проценти, а зошто да не и 3 проценти, зависно од тоа како ќе биде четвртиот квартал поради слабиот прв квартал бидејќи третиот и четвртиот се навистина успешни, би рекол најдобри во регионот, изјави Мицкоски.

Повтори дека очекува нивото на странски инвестиции да надмине милијарда евра за 2024-та и уште поголем износ за 2025-та.

Буџетскиот дефицит за 2024, како што го информирала вчера министерката за финансии, има подобри параметри од предвидените и нема да биде 4,9 проценти, туку 4,4 проценти.

- За 2025 очекуваме да биде под 4 проценти. Навистина ќе имаме убави финансиски параметри, ќе бидеме меѓу првите пет-шст најбрзорастечки економии и ќе се вратиме на местата каде бевме пред 10-ина години кога станува збор за економијата, изјави Мицкоски.

Тошковски: Граѓаните не треба да бидат казнети поради возачките дозволи

Граѓаните кои ги немаат сменето возачките дозволи и регистарските таблички кои претстанаа да важат, во овој период не треба да бидат казнети, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

Упати апел до полициските службеници да ги има предвид законските одредби што се однесуваат на укажувања, опомени, ...

- Сметам дека ниеден македонски полицаец не треба да изрече парична казна за овој тип на прекршоци затоа што македонскиот граѓанин не треба парично да плаќа затоа што сме имале некадарни политичари во минатото. Овој перид треба да помине во превентивно делување од страна на полицијата со цел да се усогласиме со законот, изјави Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по офоцијалниот старт на скијачкиот центар „Михајлово“.

Во однос на личните карти, Тошковски ги демантираше пишувањата во дел од медиумите дека престануваат да важат и овие документи.

- Сите лични карти кои се со важечки втиснат датум, се во важност и ќе продолжат да бидат во важност. Ниту една законска измена не се однесувала на личните карти така што граѓаните од тој аспект може да бидат мирни, нагласи Тошковски.

Од денеска возачките дозволи со старото име на државата престануваат да важат. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата.

Согласно Преспанскиот договор, по промената на уставното име на државата, граѓаните имаа обврска да ги променат патните исправи, личните карти и возачките дозволи. Договорот стапи на сила на 12 февруари 2019 година.

притисни ентер