На половина од реализацијата на програмските содржини, „Зимска приказна“во Битола

„Зимската приказна“ е на половина од реализацијата на програмските содржини, а вчерашниот ден е уште една потврда за огромниот интерес на публиката. 

Многу впечатливи содржини го исполнија вчерашниот ден, а вечерната програма во целост го исполни Платото пред Офицерскиот дом во Битола.

Етно поп дуото „Некст Тајм“, одржа одличен концерт на кој ги изведоа нивните обработки на македонските песни, но и песни кои ги пееле во почеток на нивната кариера. Песните се пееја заедно со присутните, кои ги враќаа на сцената за песна повеќе.

На сцената кај Офицерски дом настапија и ТК „Данза Есперанза“ со „Kangoo power performance“ музичката група „The Groove“, а за крај пееја „SinfulGlare band“.

Денешниот ден исто така, носи прекрасна програма за сите генерации, која се реализира во Старата чаршија, лизгалиштето на Плоштадот Магнолија, низ Широк Сокак, кај Офицерски дом, а во вечерните часови Платото е резервирано за настап на „Еликсир бенд“, „Чоканче“ и „Паркети“.

Делегација на Владата положи цвеќе на вечното почивалиште на Киро Глигоров

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Овој чин претставува израз на почит кон животот и делото на претседателот Глигоров, кој го посвети својот живот на визијата за мирна, стабилна и напредна Македонија.

Делегацијата се потсети на неговото мудро раководење во еден од најпредизвикувачките периоди од историјата на нашата држава, како и на неговата улога во обезбедувањето независност преку мирен пат.

Министерот Минчев нагласи дека делото на Киро Глигоров е трајно врежано во темелите на современата македонска држава и дека неговата визија продолжува да инспирира генерации.

„Киро Глигоров беше симбол на мудрост, достоинство и државничка одговорност. Неговата посветеност кон демократијата и суверенитетот останува светла точка во нашата историја“ - истакна Минчев.

Положувањето на цвеќе е дел од активностите со кои Владата ја одбележува важноста на личностите и нивниот придонес кон создавањето на современа и просперитетна Република Македонија.

Делегација на СДСМ оддаде почит за ликот и делото на Киро Глигоров

Делегација на СДСМ оддаде почит за ликот и делото на Киро Глигоров првиот претседател на независна Македонија.

Делегација на СДСМ, претставена од потпретседателката Каја Шукова, генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ и пратеникот Митко Трајчулески, денеска положи свежо цвеќе и оддаде почит на вечното почивалиште на Киро Глигоров, првиот претседател на независна и суверена Македонија.

Денеска се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство постави темели на модерната македонска држава. Неговите вредности, историските одлуки и државничкиот пристап оставија трајни белези во нашето општество и се патоказ за нашата борба за напредок и просперитет.

Киро Глигоров е симбол на дијалог, помирување и обединување. Во најтешките моменти за нашата држава, тој покажа лидерство и визија кои овозможија стабилност и напредок. Неговата верба во заедништвото, демократските вредности и европските перспективи остануваат наша инспирација за иднината.

СДСМ ги следи патеките на визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија.

Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас.

СДСМ

Макрон: Распишувањето предвремени избори ја зголеми нестабилноста во Франција

Одлуката да се распишат предвремени парламентарни избори во Франција во текот на летото предизвика поголема политичка нестабилност во земјата, призна францускиот претседател Емануел Макрон во своето новогодишно обраќање.

-Разумноста и понизноста ме принудуваат да признаам дека оваа одлука создаде повеќе нестабилност отколку мир во овој момент и јас сум целосно одговорен за тоа, рече Макрон во своето новогодишно обраќање на телевизија.

По лошите перформанси на неговиот центристички табор на европските избори во јуни, Макрон го распушти парламентот со цел „да создаде јасност и да ја спречи заканата од застој“.

-Сепак, ова создаде повеќе поделби отколку решенија за францускиот народ, рече тој.

Предвремените избори, кои наидоа на широко неразбирање и критики во Франција, доведоа до дополнително губење на моќта на таборот на Макрон во парламентот.

Малцинската влада, која беше формирана само по два месеци, беше соборена од опозицијата во декември во спорот околу буџетот за штедење.

притисни ентер