Фабрегас нема планови за Деле Али: Во моментов само тренира со нас

 Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, ја разјасни ситуацијата со поранешниот играч на Тотенхем и Евертон, Деле Али.

Поранешниот англиски репрезентативец веќе неколку недели тренира со дебитантот во Серија „А“, а уште тогаш беше јасно дека италијанскиот тим само ќе му помогне на Али да се подготви, но не и да го внесе во тимот.

-Во моментов тој тренира со нас, Деле се чувствува добро. Тој е прекрасен играч. Ако можеме да му помогнеме, ние сме повеќе од среќни. Во моментов тој тренира само со нас, изјави Фабрегас.

Се очекува Сеск Фабрегас да ја процени состојбата на Деле Али во наредните недели.

Фудбалерот е без клуб од јули 2024 година кога му истече договорот со Евертон. Инаку, Деле Али нема настап на официјален натпревар од 26 февруари 2023 година кога учествуваше во ремито 0:0 на Бешикташ со Анталијаспор.

Макрон: Распишувањето предвремени избори ја зголеми нестабилноста во Франција

Одлуката да се распишат предвремени парламентарни избори во Франција во текот на летото предизвика поголема политичка нестабилност во земјата, призна францускиот претседател Емануел Макрон во своето новогодишно обраќање.

-Разумноста и понизноста ме принудуваат да признаам дека оваа одлука создаде повеќе нестабилност отколку мир во овој момент и јас сум целосно одговорен за тоа, рече Макрон во своето новогодишно обраќање на телевизија.

По лошите перформанси на неговиот центристички табор на европските избори во јуни, Макрон го распушти парламентот со цел „да создаде јасност и да ја спречи заканата од застој“.

-Сепак, ова создаде повеќе поделби отколку решенија за францускиот народ, рече тој.

Предвремените избори, кои наидоа на широко неразбирање и критики во Франција, доведоа до дополнително губење на моќта на таборот на Макрон во парламентот.

Малцинската влада, која беше формирана само по два месеци, беше соборена од опозицијата во декември во спорот околу буџетот за штедење.

Јаневска: Заедно за промени во образованието, одговорни сме за децата и за државата

Новата година ја почнуваме со надежи, очекувања и верба дека ќе биде година за паметење по добро, исполнета со радост и убави случувања.

Новогодишната порака на министерката за образование и наука Весна Јаневска:

Новата година ја почнуваме со надежи, очекувања и верба дека ќе биде година за паметење по добро, исполнета со радост и убави случувања.

По половина година заедничко работење за да го направиме образованието подобро и поквалитетно, во 2025 заедно со учениците и студентите, наставниците и родителите, со сите граѓани кои веруваат дека можеме да имаме напреден воспитно-образовен систем - продолжуваме.

Градиме образование на можности, во кое секое дете може да ги реализира своите потенцијали, кое го цени и вреднува придонесот на секој наставник, образование кое сплотува. Во септември почнавме со учебници за сите ученици, во јуни да ја завршиме учебната година со подобри резултати од лани. Тоа е целта на воведувањето едносменска настава и продолжениот престој во училиште, на растот на платите на вработените во училиштата, на реконструирањето и градењето нови училишни објекти, на промените во регулативата, на јакнењето на образовната асистенција и оптимизацијата на училишната мрежа. Во високото образование почнавме со промени кои ќе им понудат на студентите програми какви што бараат на странски универзитети, а нашите професори да можат да се одмеруваат на меѓународно ниво.

За да направиме стабилен воспитно-образовен систем во чии темели се вткаени најдобрите решенија што низ годините дале резултати и да го доградиме со нови решенија што ги бара дигиталното доба, треба да се здружиме сите што сакаме образовен исчекор.

Во новата година да се обединиме и да ги надминеме поделбите, затоа што сите имаме иста желба - нашите деца да добијат образование кое ќе им отвори животни и професионални можности какви што посакуваат.

Посакувам Новата година да Ви донесе добро здравје, многу моменти на среќа, радост и успех во остварувањето на сите ваши цели.

Министерка за образование и наука

Проф. Д-р Весна Јаневска

Министерство за образование и наука

Џошуа планира две борби во 2025 година

Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа планира две борби во 2025 година. Ова го изјави неговиот менаџер Еди Херн во интервју за „ИФЛ ТВ“.

-Ја чекаме одлуката на Тајсон Фјури за неговата кариера, како и борбата меѓу Даниел ДуБоа и Џозеф Паркер на 22 февруари. Планираме две борби во 2025. Една во лето и една во зима, изјави менаџерот.

Претседателот на промотивната компанија „Мечрум Боксинг“ додаде дека средбата меѓу Џошуа и Фјури може да стане најголемата борба во боксот во последните години.

-Никој не би бил заинтересиран за трета борба меѓу Фјури и Усик. Нема друг противник кој е посоодветен за Фјури од Џошуа, категорично изјави Херн.

Потсетуваме, Тајсон Фјури во 2024 година претрпе два порази од неприкосновениот шампион во дивизијата Александар Усик. Џошуа (35) беше нокаутиран од Даниел Дубоа.

притисни ентер