Девојка која била на станицата во Нови Сад: Другарка ми загина пред очи, брат ми не се јавува

Девојка сподели страшно сведоштво по трагедијата во Нови Сад, кога се урна тешката бетонска настрешница на железничката станица, на новинарите кои беа на местото на настанот.

Застанала пред урнатините и ја опишала грозоморната сцена на која била сведок,објави Србија данас.

„Пред очи ми почина другарката, не можев ништо... Целата структура падна врз неа“, раскажала низ солзи девојката која била очевидец на трагедијата.

„Мојот брат сè уште не ми се јавува, се плашам од најлошото. Се надевам дека ќе го најдат жив“.

Во оваа трагедија загинаа 14 лица, но потрагата продолжи и во вечерните часови.

Карамбол на пристаниште: Камион со кран удри во џип, возачот во несвест (ВИДЕО)

Немаме информации каде е снимена снимката, освен дека деталите укажуваат дека се наоѓа на истокот на планетата.

Сцената на пристаништето изгледа обична, додека во кадарот не се појави камион со кран и не предизвика хаос.

Камионот удира во џипот и го турка кон работ, додека не заврши во водата. Сè се случува пред очите на запрепастен сведок.

Камионот продолжува напред, а во кадарот се појавуваат други луѓе кои шокирани ја гледаат колата.

Се чини дека возилото со кран застанало, пред да удри во реката, по што видеото се прекинува.

Многу корисници биле шокирани од глетката и се прашувале што се случило со возачот.

Некои веруваат дека кабината била празна, а други дека мажот се онесвестил и ја отпуштил сопирачката.

Израелците тврдат дека убиле еден од последните функционери на Хамас (ВИДЕО)

Израелската армија денеска соопшти дека е убиен еден од последните високи функционери на Хамас, Иза ал-Дин Касаб.

Во соопштението се наведува дека Касаб е еден од последните високи членови на Хамас кој е одговорен за координација на другите групи во Газа во воздушниот напад врз Кан Јунис, пренесе Ројтерс.

Во Појасот Газа, судирите меѓу израелските одбранбени сили и Хамас траат од 7 октомври 2023 година, кога, според израелски извори, во напад на таа група врз Израел биле убиени околу 1.200 луѓе, а околу 250 луѓе биле киднапирани.

Верстапен е казнет со пет места на стартот на неделната трка за Големата награда на Бразил

Светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, доби казна од пет места за неделната трка за Големата награда на Бразил во Формула 1, соопшти ФИА.

Холандскиот возач на Ред Бул е казнет поради промена на моторот. Тоа ќе биде втора ваква казна за лидерот во генералниот пласман во сезоната, откако правилата им дозволуваат на возачите да менуваат мотори до четири пати на сите 24 старта.

На „Интерлагос“ ваквата казна не се смета за особен проблем, бидејќи патеката во Сао Паоло е полесна за претекнување.

Сепак, казната на Верстапен ќе му даде дополнителна шанса на фаворитот на Мекларен, Ландо Норис. Со четири старта до крајот на сезоната и вкупно 120 бодови за освојување, Британецот е со 47 зад Верстапен во поредокот.

притисни ентер