Албанските демократи тврдат дека партијата на Трамп бара техничка влада во Албанија

Генералниот секретар на албанската опозициска Демократска партија, Фљамур Нока, во гостување на А2 Си-ен-ен уште повеќе ја надополни перцепцијата на демократите дека администрацијата на Доналд Трамп ќе ја отстрани мерката „нон грата" за Сали Бериша.

Според него, Унијата на демократите на светот, чиј дел е и Републиканската партија на Трамп, изгласала резолуција со која се осудува режимот на премиерот Еди Рама, се бара формирање техничка влада во Албанија, а за Нока тоа значи дека одлуката за Бериша е неважечка.

Тој се пофали дека ДП веќе има најголема меѓународна поддршка.

- Унијата на демократските партии на светот усвои резолуција со која го осудува режимот на Еди Рама, кој ја загрозува правдата, а ги осудува и апсењата на опозициското раководство. Оваа резолуција бара формирање техничка влада во нашата земја пред парламентарните избори. Овој сојуз е предводен од Републиканската партија на Трамп. Теоретски падна и одлуката за Бериша -"нон грата". Ветерот на Трамп дува. Денес сме партија со најголема поддршка од меѓународниот фактор“, изјави Нока.

Тој е убеден во победата на демократите на општите избори што во Албанија ќе се одржат на 11 мај, додавајќи дека ќе освојат над 60 отсто од гласовите. /МИА

Хрватски актер запроси колешка пред преполната театарска сала: Знаев дека е луд (ВИДЕО)

На премиерата на претставата во Вараждин, актерот и комичар Александар Лазиќ ја изненади својата партнерка Наташа Поповиќ, која му беше колешка во претставата.

Актерот клекнал на едно колено пред полн театар и ја запросил.

Публиката беше воодушевена, а на Наташа ѝ требале неколку моменти да се свести и да ја прифати ненадејната понуда.

- Ова е најубавиот момент. Актерот ја запроси актерката на сцената. Честитки, Алекс и Бара, за големата љубов, за одличното шоу и на сите во публиката за прекрасните реакции - пишува на Фејсбук страницата на Театар Керекеш, која го сподели видеото.

- Знаев дека е луд, но ова не го очекував! Ова е она за што сонува секоја девојка, а јас во моментов го живеам мојот сон. И, реков да – изјавила самата актерка.

Мистерија на Тајланд:По невреме, нашле црни камења во дворот- лекуваат и даваат енергија(ВИДЕО)

Мистериозните црни камења кои „паднаа од небо“ при невреме во тајландската провинција Паталунгу, целосно го збунија локалното население.

Пронајдени се во дворот на Вичета и Манерат Сирипувадон, а тежат околу 20 килограми. Сопружниците веруваат дека тоа „дошло од вселената“, пренесува New York Post.

„Врнеше многу дожд, а два часа удираа громови, што предизвика пожар. Утрото најдовме паднато дрво и траги од горење на земјата. Имаше и необична јама од која нешто чадеше. Го покрив со земја и си заминав“, изјави Вичета.

Две недели подоцна, повторно ја посетил јамата и ги пронашол мистериозните црни камења. Манерат се исекла додека ги собирала, но крварењето брзо престанало.

Камењата ги чуваат во својата куќа и тврдат дека по еден месец се чувствуваат поздрави, поенергични и ментално поконцентрирани.

Затоа ги повикуваат надлежните да ги истражат „невообичаените предмети“ и да го утврдат нивното потекло.

Инаку, мештаните ги забележале шарите на камењата и ги протолкувале како „среќни бројки“ со кои планираат да играат лотарија. Тие мислат дека тоа ќе им донесе среќа.

Властите во Газа: Во израелски напад се убиени петмина новинари

Властите во Газа соопштија дека во израелски воздушен напад загинале пет палестински новинари пред болница, но израелската војска соопшти дека нападнала возило со милитанти на Исламски џихад.

Лекарите рекоа дека најмалку 21 лице загинало во израелските воздушни напади врз палестинската енклава додека Хамас и Израел меѓусебно се обвинуваат за одложување на постигнувањето договор за прекин на огнот.

Синдикатот на палестинските новинари објави дека пет новинари на каналот Ал-Кудс Тудеј биле убиени во напад пред болницата Ал-Авда во бегалскиот камп Ал-Нусеират во центарот на Газа.

Од почетокот на војната во октомври 2023 година, убиени се повеќе од 190 палестински новинари. Израелската армија објави дека „извршила прецизен напад врз возило со терористичка група Исламски џихад во областа Нусејрат“.

Израел редовно ги негираше нападите врз новинарите и тврди дека презема чекори за да избегне напади врз цивили.

Групата Исламски џихад, поддржана од Иран и сојузник на Хамас, се приклучи на борбата против Израел во октомври 2023 година.

На видеото од местото на нападот се гледаат остатоци од бело комбе со, како што изгледа, остатоците од зборот ПРЕСС на задната врата.

На погребот на петтемина новинари присуствуваа десетици роднини и колеги новинари. На нивните тела бил ставен панцир со натпис PRESS.

„Израелската армија го оправдува овој напад со тврдењето дека е насочен кон поединци вклучени во палестински организации и групи. Сепак, овие лица биле на задачи, во возила за новинари и известувале за настани“, рече дописникот на каналот Ал-Араби, Абед Мекдад за време на погребот.

Лекарите во енклавата соопштија дека уште осум лица се убиени, а 20 се ранети во израелски воздушен напад врз куќа во населбата Зејтун во Газа. Тие додадоа дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи многу луѓе се заробени под урнатините.

Хамас и Израел меѓусебно се обвинуваат за неуспехот да се постигне договор за прекин на огнот и покрај напредокот што го пријавија двете страни.

Хамас рече дека Израел поставил нови услови, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја обвини групата дека се откажува од веќе постигнатите договори.

притисни ентер