„Гответе со Дракче“ - Рижото со печурки

Во четврток (31.10.2024) во емисијата гостин ни беше Ирена Спировска

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. ориз

200 гр. свежи печурки

100 гр. сув вргањ

1 пакетче златна мешавина

1 супа од печурки

зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 ноември е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година.

Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале до сега, може да се пријават електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/.

Финансиската поддршка изнесува 140 денари и е наменета за купување храна, која студентите може да ја користат од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.

На линкот https://mon.gov.mk/content/?id=8727 се наведени условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.

-Ако имате потреба од поддршка при аплицирањето, можете да се обратите до Секторот за ученички и студентски стандард на e-mail: [email protected] или да посетите канцеларијата на приземјето во зградата на министерството, наведува МОН.

Андоновски: Немаме податоци зашто нема механизам за известување за случаи на сајбер-напади

Државата нема анализа за сајбер-напади и за проценети ризици и подложност на институциите. Нема податоци зашто не постои механизам за известување за вакви случаи. 

-Наследивме една тешка состојба во којашто најголемиот проблем е што недостигаат такви информации. Токму таков тип на анализи предвидуваме со алатката за мониторинг на инциденти и на закани којашто не само што ќе анализира колку се случува, туку и да знаеме од кој калибар се, од кое ниво се затоа што закани и инциденти има постојано. Некои се од грешка на вработени поради ниско ниво на сајбер хигиена, некои се поради кликнување погрешен линк којшто им бил пратен - оние фишинг напади, трети се големи напади коишто се случуваат тенденциозно, намерно кон институцијата, така што се уште немаме податоци затоа што нема механизам за известување за случаи, рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција посветена на донесување на Националната стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028.

Очекува дека со донесувањето на стратегијата ќе имаме, како што рече, точни задолженија на секоја институција да пријави кога ќе и се случи каков било инцидент и тие да се следат во реално време.

Јанчев: Кавадарци има најмала стапка на невработеност

Кавадарци има најмала стапка на невработеност, многу инвестиции и проекти. Ова го нагласи денеска градоначалникот Митко Јанчев, давајќи отчет за сработеното во изминатите три години од вториот мандат. 

Тој се осврна на сите реализирани проекти во општината. Градоначалникот подвлече дека особено е горд на проектот за бесплатниот оброк за секое дете од прво до петто одделение. Тоа, како што додаде, придонело многу кон социјалната еднаквост, за сите деца да бидат рамноправни, но и олеснување на семејниот буџет.

- Многу е важно да се напомене дека до сега се реализирани 97 проценти од предизборната програма, но и голем број на проекти кои се со дополнителна реализација и кои не беа дел од таа предизборна програма, но се реализираа како резултат на мојата упорност, желба, но и потребата и барањата на самите жители. Затоа во овој отчет за три години градоначалник, има и посебен дел што ги содржи токму овие дополнителни проекти надвор од предизборната програма. Проекти на кои сум особено горд затоа што произлегоа од нас, од мене, од моите соработници во општината и секако по барања на жителите на општина Кавадарци, истакна градоначалникот.

Јанчев додаде дека во изминатите години биле асфалтирани голем број на улици во целата општина. Само во периодот од ноември минатата година досега, целосно биле асфалтирани над 25 улици. Тој се осврна и на други реализирани проекти од различни сфери на општинското живеење. Водоснабдување, предучилишно и училишно воспитување и образование, комунална инфраструктура, спорт, превоз, осветлување и друго

Градоначалникот говореше за неколку капитални проекти, меѓу кои изградба на скијачки центар во Михајлово, затворен пливачки базен, дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, интервентен центар за привремено згрижување на лица со социјален ризик, доградба на кејот на реката Луда Мара, реконструкција на интернатот за средношколци, изградба на регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство.

Јанчев упати благодарност до Советот на Општина Кавадарци, вработените во Локалната самоуправа, јавните претпријатија, до општествено одговорните компании.

притисни ентер