Легендата на светскиот фудбал Франческо Тоти, популарниот Принц на Рим ја врати насмевката на лицето, славниот капитен на Рома, успеа да заборави на пеколните неколку години во кои остана без својот татко кој почина како последица на коронавирусот, но го остави и неговата сопруга Илари Бласи.
Водеше долг судски процес со сопругата и неколку пати јавно кажал дека му е тешко.
Денеска покажа дека завел нова убавица, а тоа е Ноеми Боки. Двајцата се фотографирани на плажа во Мајами како се релаксираат на лежалки. Ниту еден момент не престанаа да се смеат, што покажува дека одлично се забавуваат.
Интересно, тие дури имаа бикини во складни бои.
Франческо и Ноеми се веќе извесно време во врска, а таа му помогна да го преброди разводот и тешките моменти.
Пред тоа, Тоти беше во брак со Илари 17 години, а имаа три деца - синот Кристијан и ќерките Шанел и Изабел. Тие беа еден од најхармоничните парови во Италија пред вестите за развод.