Фудбалерите на Манчестер Ј. сакаат Ван Нистелрој да остане во тренерскиот штаб на Аморим

Фудбалерите на Манчестер jунајтед сакаат Ван Нистелрој да остане во тренерскиот штаб по пристигнувањето на Аморим

Фудбалерите на Манчестер јунајтед очекуваат дека вршителот на должноста тренер на тимот, Руд ван Нистелрој ќе продолжи да работи во клубот.

Според „Sky Sports“, на играчите им се допаѓа начинот на кој 48-годишниот Ван Нистелрој комуницира со нив. Играчите сакаат да го гледаат Холанѓанецот како врска меѓу нив и новиот стручен штаб.

Холанѓанецот стана вршител на должноста главен тренер на тимот по отпуштањето на Ерик тен Хаг на крајот на октомври. Тој се приклучи на тренерскиот штаб на Манчестер јунајтед во текот на летото.

Пред пет дена, клубот од „Олд Трафорд“ објави дека тренерот на Спортинг од Лисабон, Рубен Аморим на 11 ноември ќе ја преземе тренерската функција во Манчестер јунајтед.

Аракчи: Иран не бара ескалација, но има право на легитимна одбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска, говорејќи за можниот одговор на израелските напади во Иран, извршени на 26 октомври, изјави дека неговата земја не бара ескалација, но има право на легитимна одбрана.

-За разлика од Израел, Исламската Република Иран не бара ескалација, но го задржуваме неотуѓивото право на легитимна одбрана, рече Аракчи во Исламабад, Пакистан на заедничката прес-конференција со неговиот пакистански колега, Исхак Дар.

„Ќе одговориме, тоа е сигурно, на израелската агресија навремено и адекватно, многу одмерено, но добро пресметано“, рече тој.

Пакистанскиот министер рече дека ја осудува неограничената воена агресија на Израел на Блискиот Исток и, како што ги нарече, нејзините „геноцидни дејства врз цивилите“.

Во неделата, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан објави дека евентуалниот прекин на огнот меѓу сојузниците на Техеран и Израел може да влијае на одговорот на неговата земја на најновите израелски напади.

На 26 октомври, израелските воздухопловни сили гаѓаа воени локации во Иран како одмазда за иранското истрелување проектили врз Израел на 1 октомври.

Израел го предупреди Иран дека е против каков било одговор на неговиот напад, додека Техеран вети, преку својот врховен лидер Али Хамнеи, дека одговорот ќе биде остар.

Николовски: СДСМ реализираше 90% од ИПАРД 2

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 телевизија истакна од програмата ИПАРД 1 до 2015 година биле искористени само 10%, а 90% од средствата биле вратени.

Програмата ИПАРД 2, во периодот од 2017 до 2023 година има искористеност од 90%. Тоа е огромна разлика, нагласи Николовски, додавајќи дека СДСМ ги креираше политиките заедно со земјодлеците во нивен интерес.

Извозот на овошје и зеленчук драстично расте, извозот на преработувачката индустрија е зголемен за 100%, извозот на вино расте секоја година, има 300 нови винарии, земјодлеците користат зелена нафта, а членството во ЕУ мора да биде цел, за подобар квалитет на живот за граѓаните, за пристап до големиот европски пазар, но и за фондовите, кои ќе обезбедат модернизација на кој било сектор, вклучително и на земјодлеството, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.

СДСМ

Нејмар се повреди на вториот меч по враќањето на теренот

 Фудбалерот на Ал Хилал, Нејмар се повреди на синоќешниот натпревар со Естегал во азиската Лига на шампиони.

Бразилецот влезе во игра во 58. минута, но беше заменет 29 минути подоцна. Овој меч му беше втор по закрепнувањето од повредата на коленото. Нејмар паузираше од 18 октомври 2023 година.

- Почувствував многу силен грч. Ќе направиме преглед и се надевам дека не е ништо сериозно. Нормално е тоа да се случи една година по таа повреда, лекарите веќе ме предупредија, па треба да бидам внимателен, изјави Нејмар.

Ал Хилал победи со 3:0, трите гола ги постигна Александар Митровиќ.

притисни ентер