Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и Попова Шапка

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патот Тетово – Попова Шапка.

Од денеска од 7:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато, соопшти АМСМ.

Оттаму потсетуваат дека се уште е активна забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Од 6:00 часот на патниот правец Гостивар-Маврово-Дебар и обратно се укинува забраната за движење на тешки товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Симона Халеп го откажа настапот на Австралија Опен

Симона Халеп, 33-годишната романска тенисерка и некогаш најдобра светска тенисерка, поради повреда се повлече од Австралија опен, првиот Грен слем турнир годинава.

Халеп моментално е 877. тенисерка на ВТА рангирањето, а од организаторите на турнирот во Мелбурн доби покана за настап во квалификациите. Романката го откажа доаѓањето во Мелбурн поради повреда на коленото и рамото што ја добила на почетокот од подготовките за новата тениска сезона.

Во октомври 2022 година, Халеп беше суспендирана на четири години поради позитивен допинг тест, но по жалба казната ѝ беше намалена на девет месеци бидејќи беше утврдено дека намерно не ја земала забранетата супстанца роксадустат. Халеп на крајот на 2017 година беше најдобрата тенисерка на светот, а во кариерата освои вкупно 24 ВТА турнири.

Од тоа, таа двапати победи на Грен слем турнирите, најдобра беше во 2018 година на Ролан Гарос и 2019 година на Вимблдон. На Австралија Опен во 2018 година, играше во финалето кога беше поразена од Данката Каролин Вознијацки. Отвореното првенство на Австралија ќе се одржи од 12 до 26 јануари, а Халеп последен пат играше на Грен слем турнир на УС Опен во 2022 година.

Вучиќ:До 31 март граѓаните ќе видат најжестока борба против корупцијата во последните 24 години

Српскиот претседател Александар Вучиќ бил гостин во емисијата „Четвртоци во 9“ на РТС, а зборува за најактуелните теми.

Претседателот Вучиќ зборува за сите актуелни теми - економскиот успех на Србија во 2024 година, кризата на Косово, студентските блокади и протести, најавените американски санкции за НИС, објави Телеграф

На прашањето кој е најголемиот проблем на Србија, Вучиќ вели:

„Имаме големи геополитички проблеми кои ја засегаат Србија, она што ме загрижува е можното воведување санкции против НИС и тоа веќе ми е потврдено. Чекаме да видиме што ќе содржи“.

„Како проблем, што се однесува до другите работи, ме интересира дали ќе издржиме и ќе продолжиме со стапката на раст, како проблем ја гледам и недоволната енергија кај многумина во владата, а мислам и на себе. Ќе морам да работам повеќе во следната година, како проблем и принцип на навика гледам опстанок на власт, помалку амбиции, помалку труд и помалку соништа за некои.

За корупцијата:

„Колку и да кажав, тоа влегуваше во едното уво, а на другото излегуваше. До 31 март граѓаните на Србија ќе ја видат најжестоката борба против корупцијата во последните 24 години. Ќе има посебни механизми. Тоа важи и за оние на власт и оние што соработуваат со нив“.

Како што вели, среќен е што тема веќе не е стандардот на живеење.

„Тоа значи дека е подобро, не значи дека е доволно добро. Секогаш ќе слушнете помалку од оние кои имаат најмалку, оние кои се од пониска средна класа и повеќе од оние кои се висока средна класа и кои имаат повеќе.“

„Добрата работа во студентскиот протест е што тие покренаа прашање. Сите документи се достапни. Ако некој бил корумпиран, ќе одговара. Тоа е како да ја изгубивме енергијата да се бориме против оние кои малтретираа секого од нас. Знаете колку пати неделно слушам „Шефот го кажа тоа“ сите наши служби да ја завршат таа работа.“

„Некој вели „Вучиќ е сопственик на возот Белград - Нови Сад“, го слушнавме и тоа. Сѐ што велат мора да се провери. Дали јас сум сопственик или не, дали е брат ми“...

„Ќе има многу луѓе од врвот на локалната и регионалната власт.“, рече Вучиќ.

Сиљановска Давкова: Да има јасна разлика меѓу држава и партија, секоја Влада е Влада на сите

„Како да создал некој паралелен систем, имаме одлични судии, но нешто во антисистемот мора да се скрши“

Тежок е се уште животот во Македонија, но се движи да биде полесен.

Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европјанин се станува со почитување на правото, односот кон ЕУ ќе опстои со спроведување на реформите.

Претходниот претседател наспроти не почитување на процедурата за уставни измени си тераше по свое.

Со Преспанскиот договор прашањето за јазикот, културата и историјата е решено, како тоа Бугарија не го почитува Преспанскиот договор?

Уставот не се менува по брза постапка.

Радев рече дека имам отворена покана и е подговтен да дојде за да разговараме, тој има најголем легитимитет и ќе си ги штити позициите, но тие таму немаат разногласие како кај нас во Собранието, кој и да додје на власт имаат ист став, Бугарија треба да ја земеме како пример.

Единство внтаре во државата мислам за националните интереси, треба да градиме институционален дијалог.

„Денеска велите „сакаме да градиме единство“, утре велите „криминалци“.

Треба да има јасна разлика меѓу држава и партија, секоја Влада е Влада на сите.

Не е добро во брза постапка да менувате нешто, многу е важно да процените последици.

Не е само допрен глас, тоа е силно допрен глас, секогаш кога некој е на „црна листа“ за тоа има правни докази и тоа не во САД туку во Македонија.

Како да создал некој паралелен систем, имаме одлични судии, но нешто во антисистемот мора да се скрши.

Критериумите мора да се прецизираат, истакнат правник не е партиски активист.

До вчера Груби беше најпривилигираниот функционер во владата, мора да ставиме крај на уникатни решенија, да не измислуваме решенија по нечија мерка.

Треба да се почитува уставниот суд и неговите одлуки.

Не постои заедничка јазична политика, не може да се хармонизираме, значи г-динот од „црната листа’’ го злоупотребил и го донел по скратена постапка.

Во органите на државната власт вели „може“ да го употребуваат законот што го користат 20% од граѓаните, а не „мора“.

Судиите треба да си се држат до уставот не до етничката припадност.

Погледнете ја најновата емисија „Само интервју“:

притисни ентер