Ванди лета на метла – сите се чудат како е тоа можно (ВИДЕО)

Ванди Ванг сака параглајдерство и својата љубов кон авантурата, односно небесните височини редовно ја искажува на социјалните мрежи.

Неодамна се маскирала во вештерка, јавнала метла, а со својата храброст и креативност предизвикала внимание и восхит, пренесува NDTV.

На објавеното видео се гледа како таа самоуверено лебди во воздухот, со метла во рацете.

„Денес ќе ги натерам сите професионални летачи да ме гледаат. Можеби нема да можам да ги победам на снегот, но можам да ја затворам празнината. Ха, ќе одам надолу“, рече таа.

Бројни корисници беа воодушевени од снимките и оставија коментари за поддршка.

„Вештерките побегнаа и ги маѓепсаа луѓето“, напишала една личност, а друга додала: „Те сакам. Еден ден сакам да летам со тебе“.

Коментираа и оние кои не се љубители на височините, а еден корисник напиша: „Ова ќе ми го избрише стравот од скокање со падобран. Ако имав костим за вештерка и метла, веројатно би бил добар во тоа“.

Имаше и такви кои беа изненадени од отсуството на ракавици на рацете на Ванда: „Толку слатко, но без ракавици - сигурно сте се смрзнувале“.

Слот: Рано е за славење, има уште 20 натпревари до крајот

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот останува смирен бидејќи Ливерпул продолжува да победува и има одлично водство на врвот во Премиер лигата.

Синоќа „црвените“ го совладаа Лестер со 3:1 и сега имаат 7 бода пред Челси и 9 пред Арсенал со натпревар помалку. Сепак, тренерот ја наведе ситуацијата со Манчестер Сити како пример и не ја прифаќа титулата како загарантирана.

-Ако сте доволно долго во овој натпревар, како овие играчи или јас, знаете дека на 20 натпревари до крајот, ништо не е сигурно. Има уште толку многу предизвици кои не чекаат. Пред само 2 месеци бевме бод зад Сити и погледнете што се случи со нив по повредите, лошата среќа и казните. Тоа може да му се случи на секого, рече Слот.

Според него, рано е да се слави, но убаво е да се биде во оваа позиција.

-Сепак, мислам дека немаме лесни натпревари. Против Тотенхем бевме на пат до лесна победа, но примивме 2 гола и беше 5:3. Тоа само покажува колку е тешко да се победи во оваа лига, и секогаш има нешто што може да се случи. Затоа, треба да размислуваме само за следниот натпревар, додаде тој./MИА

Хутите тврдат дека го погодиле аеродромот „Бен Гурион“

Израел вели воздушната одбрана ја пресретна ракетата.

Иранските Хути од Јемен презедоа одговорност за ноќниот балистички ракетен напад врз Израел, тврдејќи дека цел бил аеродромот „Бен Гурион“.

Хутите тврдат дека „ракетата успеала да ја достигне целта и покрај одбраната на непријателот, а операцијата резултирала со жртви и прекин на навигацијата на аеродромот“.

Меѓутоа, израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ракетата била успешно пресретната од воздушната одбрана и нема извештаи за оштетувања на аеродромот. Пристигнувањето на летови било привремено запрено на 30 минути.

Хутите дополнително тврдат дека извршиле напад со дронови врз „витална цел“ во областа на Тел Авив. Израелските власти соопштија дека во изминатото деноноќие нема извештаи за дронови кои пристигнале од Јемен.

Групата, поддржана од Иран, исто така изјави дека цел на напад бил и контејнерски брод во Арапското Море, кој бил погоден со повеќе дронови.

Портпаролот на Хутите, Јахја Сари, изјави дека нападот врз аеродромот „Бен Гурион“ со хиперсонична балистичка ракета „Палестина 2“ и нападот врз контејнерскиот брод „Санта Урсула“ во Арапското Море биле „одмазда за израелската агресија врз нашата земја.“

Групата ветува дека ќе продолжи со нападите врз Израел „сè додека не се прекине агресијата врз Газа и не се укине блокадата.“

Вчера, израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека започнале воздушни напади врз меѓународниот аеродром Сана во главниот град Јемен контролиран од Хутите и енергетските објекти во пристаништето Ходеида. /МИА

Финска задржа руски брод, под сомнение дека е поврзан со саботажа во Балтичкото Море

Финската полиција и граничната служба утринава се качија на бродот „Eagle S“ и ја презедоа контролата врз него, изјави на прес-конференција началникот на полицијата во Хелсинки, Јари Лиуку.

Финските власти задржаа брод поврзан со Русија, кој моментално се наоѓа во фински територијални води, додека се истражува дали тој го оштетил електричниот кабел за пренос на струја во Балтичкото Море, како и неколку подморски кабли за пренос на податоци, соопшти денеска финската полиција.

Финската полиција и граничната служба утринава се качија на бродот „Eagle S“ и ја презедоа контролата врз него, изјави на прес-конференција началникот на полицијата во Хелсинки, Јари Лиуку.

Членови на крајбрежната стража се качија на бродот, регистриран на Кукови Острови, додека тој се наоѓал во Балтичкото Море, и потоа го пренасочиле во финските води, соопшти финската крајбрежна стража.

Финските власти на платформата Икс објавија фотографија на која се гледа брод на крајбрежната стража и рускиот танкер, додека финската царинска служба соопшти дека го запленила товарот на бродот. Се верува дека „Eagle S“ е дел од таканаречената „руска флота од сенка“, составена од стари танкери кои се користат за избегнување на санкциите за продажба на руската нафта.

Истрагата е насочена кон сомнежот дека сидрото на бродот „Eagle S“ го оштетило кабелот, објави финскиот јавен сервис „YLE“, повикувајќи се на соопштението на полицијата.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас го нарече инцидентот „уште еден во низата сомнителни напади на критичната инфраструктура“ и ги пофали финските власти за „нивната брза акција“ во истрагата на сомнителниот брод.

Електричниот кабел „Естлинк-2“, кој ја пренесува струјата од Финска до Естонија преку Балтичкото Море, беше оштетен во средата. Поправката на 170 километри долгиот подморски интерконектор „Естлинк-2“ ќе трае со месеци, а оштетувањето на овој кабел би можел да предизвика потешкотии во снабдувањето со струја во текот на зимата, соопшти финскиот национален оператор за пренос на електрична енергија „Fingrid“./МИА

притисни ентер