Во тек е истрага за можните пропусти на полицијата по масакрот на божикниот базар во Магдебург

Покрај истрагата за нападот на божиќниот пазар во Магдебург, се истражуваат и грешки во работата на полицијата.

Од МВР во Магдебург потврдија дека едно полициско возило не било на предвидената локација, пишува ДВ.

Според Министерството, во моментот на нападот, полициски возила биле распоредени на четири конкретни точки околу божиќниот базар. Меѓутоа, едно возило било лоцирано во такси просторот на Ернст-Ројтер-Але, што не е во согласност со полицискиот распоред. Причината за ова несовпаѓање ќе биде предмет на понатамошна истрага.

Се разговара и за прашањата на безбедносниот план на организаторите на божиќниот базар. Фокусот е на она што го предвидувал планот за заштита на саемот, вклучително и техничкото обезбедување на излезите за евакуација и рутите за спасувачките тимови. „Се истражува дали организаторот ги спровел овие мерки и ако не, зошто не“, се наведува.

Министерството објави и дека е поднесена кривична пријава против градот Магдебург и полициската управа во Магдебург. „Така, безбедносниот план на организаторите на саемот и полицискиот оперативен план, како и нивното спроведување, би можело да стане предмет на кривична истрага. Во тој случај, полициската истрага би ја презела полициската управа Хале (Зале), доколку има потреба.“

Следниот понеделник Комисијата за внатрешни работи на Бундестагот ќе го разгледува случајот со нападот на божиќниот базар во Магдебург. Сојузната канцеларија за криминалистички истраги (БКА) и МВР планираат дотогаш да ја претстават хронологијата на случајот поврзан со напаѓачот.

Според ДПА, откако безбедносните служби ги информирале претставниците на Бундестагот, сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД) и шефот на БКА, Холгер Минх, на парламентарците им ветиле преглед на сите информации за овој случај. Целта е да се разјасни кои институции во кој момент имале информации за напаѓачот Талеб А. и како реагирале на таа информација.

Се вели дека властите во најмалку шест сојузни провинции биле во контакт со напаѓачот. Сега сите информации ќе се комбинираат за да се добие целосна слика за случајот.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави дека ќе обезбеди целосна транспарентност во врска со нападот на божиќниот базар во Магдебург. На прашањето дали безбедносните служби можеле да го спречат нападот, Фезер изјави за Funke Mediengruppe: „Тоа ќе биде детално испитано во текот на истрагата. Секој детал ќе биде проверен и ќе се обезбеди целосна транспарентност“.

Фезер ја предупреди АфД против обидите да се инструментализира овој случај. „Секој обид да се искористи таков ужасен чин за политички цели и да се злоупотреби страдањето на жртвите е одвратен“, рече таа, додавајќи дека таквите потези го откриваат карактерот на оние што го прават тоа.

По нападот, АфД во понеделникот организираше протест во Магдебург, на кој, според полицијата, присуствувале околу 3.500 луѓе. Претседателката на АфД, Алис Вајдел, го коментираше напаѓачот Талеб А., велејќи дека „оној што ги презира граѓаните на земјата што му дава азил не ни припаѓа нам“. За време на митингот, толпата извикуваше „Депортација! Депортација!“

Напаѓачот, кој е во притвор, во петокот вечерта со својот џип влета на божиќниот базар во главниот град на германската покраина Саксонија-Анхалт. Во нападот загинаа пет лица, а повеќе од 200 беа повредени. Истрагата за мотивите на напаѓачот, доктор по потекло од Саудиска Арабија, кој во Германија дошол во 2006 година, се уште трае.

Според досегашните информации, напаѓачот во последно време на социјалните мрежи објавувал сѐ порадикални и исклучени ставови. Во едно неодамнешно интервју, тој се опишал себеси како обожавател на Илон Маск и обожавател на АфД, тврдејќи дека ги споделува нивните цели, но во исто време изјавил дека е политички левичар.

Министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер, уште еднаш ја истакна важноста од расветлување на овој случај: „Правиме сѐ за да се расветли оваа трагедија. Жалиме за жртвите и мислиме на нивните семејства.“ Фезер нагласи и дека во болниците се прават максимални напори за помош на тешко повредените. Таа изрази посебна благодарност до првите што реагираа на местото на несреќата и до сите војници кои се соочија со тешките предизвици и покажаа исклучителна храброст.

Во вторник одлука на Владата за средствата за бесплатниот превоз на студентите

Мерката ќе продолжи непречено и од јануари.

Владата на редовната седница во вторник ќе донесе одлука да се потпише договор за средствата што се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука за субвенционирање на превозот на студентите со што мерката ќе продолжи непречено и од јануари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

- Средствата се обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за образование и наука за следната година и на редовната владина седница во вторник на 31-ви декември, откако веќе се исконсултирав со министерката, ќе донесеме одлука да се потпише договор за да може веднаш да бидат префрлени на ЈСП бидејќи сесијата започнува во јануари и студентите беспрекорно да го користат јавниот превоз во градот Скопје, изјави Мицкоски на новинарско прашање по присуството на презентацијата на резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи.

Мицкоски претходно најави можност за реалоцирање средства со цел да се обезбеди бесплатен автобуски превоз за студентите.

– Претходната Влада не ги предвидела овие средства ниту потпишала договор, мислам дека се 120 милиони денари за следната година. Тоа е далеку од она што е потребно на ЈСП, но излеговме во пресрет кога требаше да се интервенира за да се обезбеди нафта за да можат автобусите да се сообраќаат соодветно и да превезуваат патници, рече Мицкоски.

И Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје претходно испрати апел до Владата и Министерството за образование и наука, на владина седница да овозможат релоцирање на средства со цел продолжување на бесплатниот превоз за студентите во 2025 година.

Притвор од осум дена за двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола

 Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица осомничени за напад на полициски службеници во Битола. На предлог од надлежен јавен обвинител, на двајцата им е определен притвор во траење од осум дена. 

Осомничените, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, со ножеви им се заканиле на двајца полициски службеници, кои постапувајќи по наредба за вршење на мотопатролна дејност на регионалниот пат Р23-33 Битола-Бистрица го запреле возилото во кое се наоѓале осомничените за да извршат контрола.

- Со ножевите осомничените се упатиле кон полицајците, вербално заканувајќи им се дека ќе ги убијат. Едниот од осомничените и физички нападнал полицаец, го турнал и започнал да го стега за вратот, нанесувајќи му површинска телесна повреда. Кога полицајците се обиделе да го совладаат, другиот осомничен се обидел да ги спречи така што ги тргал за рацете и униформите. Двајцата осомничени биле лишени од слобода со засилување од интервентна екипа од СВР Битола, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Најдоброто место за живеење во оваа земја на ЕУ, платата е 5.000 евра....

Најдоброто место за живеење во оваа земја на ЕУ, платата е 5.000 евра, објавен е список на држави во Европа во кој најдобро се живее, сите се изненадени од земјата на последното место.

Списанието „Travel“ објави листа која ги содржи земјите од Европа во кои луѓето живеат најдобро и најдолго.

Луксембург е на врвот на листата, а Австрија и Данска се на второто и третото место.

Листата содржи земји со најдобар баланс помеѓу работата и животот. Магазинот направи рејтинг врз основа на неколку фактори, како што се просечниот број на работни часови неделно, должината на одморот, квалитетот на спиењето, очекуваниот животен век и општото чувство на среќа и задоволство.

Луксембург е на прво место, благодарение на високиот животен стандард. Една од причините за тоа е системот кој ги наградува постарите вработени со дополнителни денови за одмор, работниците над 55 години имаат просечно 36 дена платен годишен одмор.

Воедно и просечната плата во Луксембург е околу 5.000 евра, а повеќе од 65 отсто од жителите имаат сопствен автомобил. И покрај малата популација од околу 600.000 луѓе, квалитетот на животот во оваа земја се смета за еден од најдобрите во Европа, пренесува медиумите

На второто и третото место се Австрија и Данска, кои на своите вработени им нудат минимум 25 дена платен одмор годишно. Интересен е податокот е дека на листата се и Соединете американски држави. Посебно што САД се на крајот на листата, на 87. место, бидејќи немаат законска регулатива за годишните одмори и постои големо незадоволство кај луѓето таму.

притисни ентер