Врши ли притисок државниот обвинител Коцевски врз Вишото обвинителство за бонусите во СЈО

Врши ли притисок државниот обвинител Љупчо Коцевски врз Вишото обвинителство за случајот со бонусите на екс обвинителите од СЈО, кој лани во декември беше затворен од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција  ? 

Вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи во изјава за Канал 5 тврди дека Коцевски директно му посочил да внимава како ќе се постапува со предметот и да не се дава својство на оштетен на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ, која поднела жалба до Вишото обвинителство за овој случај. Харулахи како што вели му одговорил на Коцевски дека тој ниту сака ниту има надлежност да се меша во работата на предметниот обвинител Јован Цветановски.

„ Неколку дена откако стигна предметот по жалба од страна на ОЈО ГОКК, РЈО Коцевски телефонски ми се јави и во разговорот што го имав со него во кабинетот ми рече дека треба да бидме претпазливи во однос на одлуката на ВЈО во однос на поднесената жалба односно дека не трбеа да се даде својство на оштетен за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие не се оштетени. Јас на тоа оидвоорови дека предметот е во фаза на ЈО кој е задолежн со иститот предмет и по проучување иститот ќче биде рефериран кај мене е видиме кој е ставот на обивнителкот а јас не можам да се мешат во работата на ЈО. “Мустафа Хајрулахи – Виш јавен обвинител.

Предметниот обвинител Јован Цветановски, пак, во изјава за Канал 5 вели дека бил запознаен со разговорот меѓу државниот обвинител Коцевски и Хајрулахи. За него пораката од Коцевски претавува директна закана, но сепак вели нема да влијае врз неговата работа.

-Во врска со разговорот кој го имал Мустафа со репбличкиот обивнител ми е пренесен веднаш тоа значи за мене директна заканаа бидејќи годиниве не сум доживеал ниту јас ниту сум чил за таква закана да се внимава.. Предметот е сензитивен точчно е и ќе биде проследен како и секој друг мојата одлука ќе биде независне и ќе биде претставен предОчеувам да се достави предметот од организиран криминал и после десетина дена Мислам дека е некаде Деја че се видуи дисциплинска постпака против мене,- Јован Цветановски – Јавен обвинител во ВЈО Скопје.

Дали е на повидок скандал во јавното обвинителство Канал 5 побара став од државниот обвинител Коцевски да одговори за ваквите наводи, но и на сомнежите на обвинителите дека можеби постои поврзаност на овој случај со неодамна испратената работна група за надзор токму врз вишото обвинителство, за кое велат дека не се случила во последните пет години.

Коцевски за Канал 5 категорично ги отфрла ваквите наводи како апсолутно невистинити. Вели ниту во овој,ниту во било кој друг предмет бил вршен притисок. Во однос на извршениот надзор вели дека тој бил дел од планоираните контроли во сите виши обвинителства во државата

-Воопшто не е вршена контрола врз предмети во работа, ниту врз конкретниот предмет кој се однесува на исплата на бонуси во поранешното СЈО, бидејќи тоа не беше ниту опфатено со одлуката за вршење надзор. – велат од прес службата на државниот јавниот обвинител.

Коцевски појаснува и дека причините за надзорот биле поткрепени со соодветни судски одлуки во однос на постапувањето на одредени обвинители во Вишото обвинителство Скопје како и со документирани наводи за мобинг, закани и притисоци со кои се соочувале вработени во службата.

Шер се трансформира поради корекција на лицето, фановите шокирани (ВИДЕО)

Легендарната икона на светската музичка сцена Шер се прошета на модната писта на ревијата на Викторија Сикрет, а нејзиниот изглед предизвика бура од реакции.

Поп-легендата излезе на сцената вчера за нереалното шоу, што го означи враќањето на годишната екстраваганција на модните писти по нејзиното откажување во 2019 година, поради критиките за недостатокот на инклузивност.

Таа на розовиот тепих се појави со 40 години помладиот дечко Едвард, а потоа доминираше на сцената.

Таа во специјален костим изведе два големи хита „Strong Enough“ и „Believe “.

Сепак, она што овојпат привлече можеби најмногу внимание - е нејзиниот изглед, поточно лицето.

Како што се коментира, таа повторно направила некои операции на лицето, до таа мера што изгледа „на работ да пукне“.

Шер си го „средила“ лицето, а тоа не им се допадна на многумина: „Повторно си направи нешто на себе, а изгледа како да ќе пукне“, „Ах, ја сакам Шер, но ова навистина не ѝ одговара , таа е искривена“, „Сега отиде предалеку со овие јаготки“…

Словачкиот премиер Фицо рече дека гледа голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека гледа голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши, јавија светските агенции, повикувајќи се на словачките медиуми.

Ова Фицо го изјави пред заминувањето на самитот на Европската унија, каде претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе го претстави својот „План за победа“ во војната против Русија.

„На среден рок, веројатноста војната во Украина да заврши е голема. Утре очекувам некакво навестување, бидејќи одеднаш се појави темата за поканата на Украина за НАТО“, изјави словачкиот премиер пред парламентарната комисија во Братислава. /МИА

Бекер: Синер и Алкараз се идните Ѓоковиќ и Федерер

 Поранешната светска тениска ѕвезда Борис Бекер ги спореди Јаник Синер и Карлос Алкараз со играчите од големата тројка во последните две децении.

- Гледав многу натпревари на Јаник во последно време и тој е навистина во форма. Од УС Опен тој го игра својот најдобар тенис. Тој личи на Ноле. Стил, а особено стабилност. Никогаш не паѓа под одредено ниво и секогаш игра тенис на највисоко ниво. Тој шутира со голема брзина и врши притисок врз противниците од основната линија. Кога Ноле беше помлад, дури и пред неколку години, можеше да доминира во игра на основната линија со својата техника, работа со нозете и брзина. Синер и Алкараз можете да ги наречете идните Ѓоковиќ и Федерер кои испишаа историја во спортот, како и Рафа Надал. Стилот на игра на Алкараз по убавина повеќе наликува на Швајцарецот и покрај тоа што негов идол отсекогаш бил Надал. Од чисто стилска гледна точка, Шпанецот може да се спореди со Федерер, а Италијанецот со Ѓоковиќ, изјави Бекер.

Во моментов Синер е лидер на АТП ранг-листата, додека Алкараз е на втората позиција.

притисни ентер