Меџити оствари средба со министерот за животна средина на Косово, Либурн Алиу

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа важна средба со министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу. 

Ова е прва официјална посета на министерот Алиу по формирањето на новата влада.

На оваа средба, вицепремиерот Меџити изрази благодарност до министерот Алиу и неговата делегација, вклучително и амбасадорот на Република Косово, Флоријан Ќехаја, истакнувајќи ја неговата и владината определба за соработка на секое поле што е од интерес за граѓаните на двете земји.

Разговорите се фокусираа на прекуграничната соработка, при што беше споменат проектот за заштита на реката Лепенц преку интегрирано управување со водните ресурси.

На посебна средба одржана подоцна, министерот Меџити беше домаќин на делегација од Министерството за животна средина на Република Косово, на која се разговараше за унапредување на соработката меѓу двете министерства за решавање на важни еколошки прашања и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Косовската делегација го претстави проектот за хидросистем Ибер-Лепенц, финансиран од WBIF, и ја истакна потребата од продлабочување на соработката во областа на екологијата.

Двајцата министри се согласија дека е од суштинско значење да се продолжи со подобрување на односите и да се искористи потенцијалот за продлабочување на соработката во еколошките прашања.

Оваа посета и одржаните средби ја нагласуваат силната посветеност на двете земји да работат заедно за постабилна и побезбедна иднина за своите граѓани, се наведува во соопштението.

Лима се прошета во црвена тантела, се врати на пистата како „Ангел на Викторија“ (ВИДЕО)

Во „Викторија сикрет шоу“ на изненадување на многумина се врати една од најубавите жени на светот, Адријана Лима.

Поранешната српска снаа доби бројни овации и аплаузи додека чекореше по пистата, дури двапати.

Лима носеше две сосема различни комбинации и не се знае која повеќе и одговара.

Прво прошета во предизвикувачки костим, односно црна облека, додека рацете и нозете ѝ беа покриени, но потоа дојде она што сите го чекаа!

Вториот пат таа излезе на сцената во ансамбл од црвена тантела, кој ги истакна сите нејзини атрибути.

Кога го сврте грбот, глетката била вистинско уживање за машкиот пол.

@runwaymoodell #adrianalima ♬ som original - ♡model♡

По бруталниот изглед, ангелската убавина и затегнатото тело, многумина би рекле дека манекенката не остарела ниту ден.

ОЈО: 16 службеници осомничени за поткуп при царинење, двајца за злоупотреба на службена положба

По вчерашната акција „Премин“ во која уапсени се 14 царински службеници, еден пензиониран цариник и еден полициски службеник, обвинителството ги сомничи за примање на поткуп, а двајца за злоупотреба на службена положба и овластувања.  

Предистрагата траела од март минатата година , а по доставена пријава од граѓанин против три лица.

Како што соопшти Обвинителството осомничените како вработени во Царинската управа а распоредени во царинските испостави Ново село и Дојран, во временскиот период започнувајќи од 21.03.2023 година, па сѐ до вчера – 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија ..

Тие при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што би морало да го извршат.

Откако ќе го примеле поткупот, го делеле меѓу себе.

Шпанија не се согласува за отворање на центри за азил надвор од ЕУ

Владата на Шпанија денеска соопшти дека не се согласува со предлогот за создавање центри за азил во земји надвор од Европска Унија.

Шпанската министерка за труд Јоланда Дијаз од левичарската партија Сумар (Обединети), која е дел од шпанската владина коалиција, истакна дека не се согласува со идејата.

Додека портпаролката на Владата, Пилар Алегрија веќе категорично го отфрли таквиот план, наведувајќи дека шпанската миграциска политика веќе функционира.

На утрешниот Самит на ЕУ, на предлог на претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен ќе се разговара и планот за создавање на центри за азил во земји кои не се членки на Унијата.

Во Шпанија е во тек дебата за планот за користење на релативно нов, но речиси напуштен аеродром во централниот регион Кастиља-Ла Манча како прифатен центар за мигранти.

Изминатите месеци голем број мигранти, вклучително и малолетници, пристигнаа на Канарски Острови, шпански архипелаг во близина на брегот на северозападна Африка. Канарски Острови се залагаат за правична распределба на овие мигранти и поддршка од централната Влада.

притисни ентер