„POWERED BY LIONS“: Peugeot и Born Free Team

„POWERED BY LIONS“: Peugeot и Born Free Team преку дигиталната кампања ја подигнуваат свеста за заштита на лавовите. 

PEUGEOT, во партнерство со добротворната организација Born Free со седиште во Велика Британија, ја лансираше „Powered by Lions“, новата дигитална кампања, на Саемот за автомобили во Париз во 2024 година.

„Powered by Lions“ е креирана за да го потсети светот дека популацијата на лавови е во опасност, па затоа треба да дејствуваме веднаш за да ја зачуваме. Сите средства собрани за време на оваа кампања ќе бидат донирани “Born Free”. Дополнително, PEUGEOT инвестира во солидарна рекламна кампања за поддршка на Born Free, при што 60% од својот буџет е дониран во добротворната организација.

Како официјален образовен партнер на Born Free, PEUGEOT ја поддржува работата на организацијата за заштита на дивите животни и места. Born Free овозможува ангажирање, едукација и зајакнување на локалните заедници со цел да коегзистираат со дивите животни во Кенија и други земји ширум светот. Од 2023 година, PEUGEOT го поддржува Born Free во изградбата на огради од пчеларници и боми отпорни на предатори во нивната зачувана област Меру во Кенија и организирање работилници за правилно „дресирање и однесување со слоновите“ во локалните заедници.

PEUGEOT, исто така, ќе обезбеди Landtrek пикап возила кои ќе ги користат на терен секојдневно.

ЧЕТИРИ ПОЛНАЧИ ВО ОБЛИК НА ЛАВ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА

Целта на PEUGEOT со кампањата „Powered by Lions“ беше да го привлече вниманието на јавноста и да ги охрабри луѓето да донираат за Born Free.

Како бренд што работи на лавовски погон, PEUGEOT го реализираше ова со напојување на улиците на Париз со полначи за електрични возила, во облик на лав. Минувачите имаа можност да добијат информации за четирите поединечни лавови спасени од Born Free - Кинг, Теа, Даду и Саида - претставени од секој полнач и да скенираат QR-код за донирање. Овие донации одат за обезбедување квалитетна храна и стручна грижа за овие лавови во центарот за заштита на Born Free Shamwari во Јужна Африка.

Активирањето на полначот лав е поддржано со социјална и дигитална кампања на PEUGEOT од 360° во сите земји и на веб-страницата на Peugeot.

Скулптурата на EV лав може да се види од 14-ти до 20-ти октомври, на саемот за автомобили во Париз, на штандот на PEUGEOT.

Речиси сто повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени во источна Турција (ВИДЕО)

Речиси 100 лица се повредени во денешниот земјотрес со јачина од 5,9 степени во источна Турција, јави турската телевизија НТВ.

Земјотресот бил регистриран во градот Кале, во округот Малатија, во 10:46 часот по локално време, соопшти турската владина управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10,07 километри.

Земјотресот бил почувствуван во многу окрузи во источна и централна Турција, како и во Сирија.

Следеа 77 последователни потреси, информира електронското издание на градот „Сјозџу“.

Гувернерот на покраината Елазиг, Нуман Хатипоглу изјави дека во областа се пријавени 94 ранети. Хатипоглу додаде дека е причинета голема материјална штета на две згради, јави НТВ.

Четири лица се повредени во областа Малатија, изјави валијата Седар Јавуз. Едно лице е повредено во округот Шанлиурфа.

Меѓу повредените во градот Кале, каде што бил епицентарот на земјотресот, има и бремена жена. Таа е примена во болница, а нејзината состојба е стабилна, јавија турските медиуми.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со гувернерот на Малатија и градоначалникот на истоимениот град, јави НТВ.

Мобилните оператори кои работат во областа соопштија дека нема прекин во услугите што ги обезбедуваат.

Малатија е меѓу најтешко погодените окрузи од разорните земјотреси на 6 февруари минатата година со јачина од 7,6 и 7,7 степени, во кои загинаа над 53.000 луѓе.

Претставен е скафандер за патување на Месечината, дизајнер е позната италијанска модна куќа

Италијанската модна куќа „Прада“ и компанијата „Аксиом Спејс“од Хјустон го претставија дизајнот на вселенските одела, т.е. на вселенскиот костум што ќе се користи за мисијата на НАСА „Артемис 3“, т.е. за патување на Месечината.

Оделото, кое е познато како „Axiom Extravehicular Mobility Unit“ (AxEMU), беше претставено на Меѓународниот астронаутички конгрес во Милано, а неговиот дизајн е комбинација на висока функционалност и естетика, бидејќи е неопходно да се прилагоди на суровата услови на Месечината, објави Ројтерс.

Оделото е дизајнирано да ги издржи екстремните температури на јужниот пол на Месечината и да функционира во студени области најмалку два часа. Астронаутите ќе можат да вршат вселенски прошетки во времетраење до осум часа во овој костум.

- Многу сум горд на резултатот што го презентираме денеска. Ова е само првиот чекор во долгогодишната соработка со компанијата „Axiom space“ – изјави главниот маркетинг менаџер на модната куќа „Прада“ Лоренцо Бертели.

Мисијата Артемис 3, која е планирана како прво слетување на астронаути на Месечината од 1972 година, е закажано за 2026 година.

Мистериозна смрт на британска двојка, чии голи тела биле најдени во изнајмена куќа во Солун

Телата на една постара британска двојка се пронајдени во куќата, која со години ја изнајмувале во северна Грција, откако неколку дена не биле видени во јавноста.

Голите тела на маж (74) и неговата сопруга (72) се пронајдени во саботата околу пладне во предградието на Солун, објави „Дејлимејл“.

Сопственикот на куќата, која парот ја изнајмувал во последните девет години, ги пронашол телата и веднаш ја известил полицијата. Локалните медиуми објавија дека сопственикот дошол да ги посети бидејќи не ги видел два месеци.

Телата наводно биле во фаза на напредно распаѓање, но, според грчките медиуми, немало траги на криминални активности.

Се верува дека прв починал сопругот, бидејќи бил пронајден гол во соба со затворена врата, додека неговата сопруга била пронајдена како лежи со лицето надолу во друга соба, облечена само во долна облека.

Полицијата на приземјето пронашла и плик со пари за покривање на киријата за октомври. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Соседите изјавија дека двојката не била видена со денови и дека сопствениците ги опишале како „осамени луѓе“. Според непотврдени информации, сопругот страдал од алкохолизам, додека сопругата се борела со психички проблеми. Соседите исто така рекоа дека парот често се расправал меѓу себе.

притисни ентер