Во Франција почнува судењето против две жени кои тврделе дека Брижит Макрон е трансродова жена

 На две жени ќе им се суди оваа недела поради лажни тврдења дека првата дама на Франција, Брижит Макрон е трансродова, што предизвика онлајн озборувања од страна на теоретичарите на заговор и екстремната десница.

Брижит Макрон во 2022 година поднесе жалба за клевета против две жени кои во декември 2021 година објавија видео на „ЈуТјуб“ (YouTube) тврдејќи дека Брижит некогаш била маж – Жан-Мишел.

Тврдењето за Брижит Макрон стана вирално само неколку недели пред претседателските избори во 2022 година.

Претседателот на Кенија го повлече законот за зголемување на данокот

Претседателот на Кенија, Вилијам Руто денеска најави дека нема да го потпише законот за зголемување на даноците еден ден по немирите во кои демонстрантите упаднаа во зградата на Парламентот, при што загинаа 22 лица.

Руто истакна дека предлог-законот предизвикал „општо незадоволство“ и оти ги слушал граѓаните и се „согласил“ со нив. Тој протестот го нарече предавнички.

Лидерот на кениската опозиција Раил Одинга го осуди убиството на демонстрантите и грубата сила на власта и повика на дијалог. /МИА

Шефот на израелската дипломатија го нарече турскиот претседател „воен злосторник“

Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, во објава на платформата „Х“ го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „воен злосторник“.

Кац напиша дека Ердоган „ја објави својата поддршка за Хезболах против израелската закана. Ердоган е воен злосторник кој убива невини Курди долж сириската граница и се обидува да му го одземе правото на Израел на самоодбрана од терористичка организација која напаѓа од Либан по иранска наредба“.

Турскиот претседател денеска изрази солидарност со Либан поради зголемените тензии со Израел и ги повика и другите земји во регионот да го сторат истото, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Во својот говор Ердоган го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ментално болен“. /МИА

притисни ентер