Во Франција и утринава нарушен железничкиот сообраќај

Одредени возови во Франција и денеска беа во прекин, еден ден по „масовниот и добро подготвен“ напад врз мрежата на брзите возови (ТГВ), извршен неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Состојбата се подобрува, но железничкиот сообраќај и денеска ќе биде нарушен, со доцнење на возовите од најмалку еден час.

Француската железница СНЦФ синоќа соопшти дека ќе биде обезбеден превоз за олимписките спортисти и нивниот персонал.

Неколку пожари избувнаа ноќта меѓу четвртокот и петокот на мрежата на ТГВ. Пресечени и запалени се некои кабли, а запалени се и сигнални кутии. Таа опрема покрај специјалната пруга за тој тип возови дава безбедносни информации за машиновозачите.

СНЦФ го означи нападот како саботажа, а париското обвинителство отвори истрага.

Нападот се случил неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимпијадата, во време кога многу патници планирале да патуваат во Париз.

За време на викендот околу 800.000 патници ќе бидат погодени од нарушениот железнички сообраќај, кој е омилено и најпрактично превозно средство за Французите.

Во кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сослушување сведоци на обвинителството во  Кривиченниот суд Скопје денеска  треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. 

На минатото рочиште инспекторите во СВР Скопје и Велес посочија дека двајца од осомничените ги довеле до телата на Вања и Панче.

На првото рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември минатата година.

Во Загреб ќе се одржи Балкан Економик Форум

Балкан Економик Форум - БЕФ денеска ќе се одржи во Загреб, Република Хрватска, под главно покровителство на Central European Initiative (CEI), кој БЕФ 2024 го именува како свој водечки настан во годината.

Форумот кој, како што се наведува, „своите зачетоци ги има во Македонија, повторно на едно место ќе ги обедини економските, политички и академски лидери на Европа“. По успешните изданија во Скопје и Тирана, водечката регионална конференција Балкан Економик Форум се враќа со ново издание кое оваа година ќе се одржи во Загреб.

- Овогодинешниот форум ќе ги собере лидерите и иноваторите од Балканот и Европа за да разменат информации, искуства и препораки за справување со регионалните економски предизвици и промовирање на одржлив раст. Фокусирајќи се на стимулирање на зелениот раст и транзиција, BEF 2024 ќе содржи четири панели: Циркуларна економија; Иновации и претприемништво; Отпорност кон климатски промени и Чиста енергија. На конференцијата учествуваат врвни експерти од своите области од 12 земји членки на Централноевропската иницијатива, изјавил во пресрет на новото издание претседателот на БЕФ, Сашо Ќосев.

Од Балкан Економик Форум соопштија дека крајна цел на Здружението за регионален развој е да стане регионална платформа каде експертите, професионалците и лидерите од Балканот и светот, угледни личности од јавниот и приватниот сектор, академици, студенти, медиуми и други споделуваат идеи и предлози за најголемите економски предизвици кои што треба да се решат и надминат во регионот на Балканот, давајќи ја на тој начин својата поддршка на напорите на владите на земјите од регионот да постигнат одржливо влијание врз промоцијата на економскиот раст, регионалната соработка, мирот и безбедноста.

Кој беше лидерот на Хамас, Јахја Синвар?

Израелските војници го убија лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се сметаше за организатор на нападот на палестинските екстремисти на југот на Израел на 7 октомври.

Гардијан

Израелските војници го убија лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се сметаше за организатор на нападот на палестинските екстремисти на југот на Израел на 7 октомври.

Синвар е „елиминиран“ во средата во Тел Султан, населба на најјужниот град во Газа, Рафа, соопшти доцна синоќа израелската армија.

Само неколку дена по 7 октомври, израелските истражители го идентификуваа Синвар, тогашниот воен водач на Хамас во Газа, не само како главен организатор на тој ненадеен напад, наречен „Поплава во Ал Акса“, туку сфатија дека тој го планирал и организирал нападот речиси сам, пишува британски Гардијан.

За плановите знаеле само мал број негови најблиски соработници, а некои само неколку дена пред нападот.

Во нападот загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили, а беа земени повеќе од 250 заложници, што предизвика израелска офанзива. Досега се убиени повеќе од 42.000 луѓе во Газа и уништени големи делови од таа палестинска енклава.

Синвар ги избегна обидите на израелската армија да го фати уште од почетокот на војната во Газа, а убиен е случајно, како што се вели во извештајот, кога израелските војници забележале неколку екстремисти како влегуваат во зграда во јужниот град Рафа.

Долго време се мислеше дека Синвар ја планира стратегијата на Хамас во Газа криејќи се во тунелите ископани под територијата.

Тој ја консолидираше својата моќ и стана главен лидер на Хамас ова лето по атентатот на политичкиот лидер на организацијата Исмаил Ханије во нападот во Техеран за кој беше обвинет Израел.

Синвар е роден во бегалски камп во Кан Јунис во 1962 година, а неговото семејство побегнало од својот дом заедно со стотици илјади други Палестинци за време на војните во кои е создадена државата Израел.

Се верува дека таквото минато одиграло голема улога во неговата одлука да му се приклучи на Хамас во 1980-тите.

Првпат беше уапсен во 1982 година, а по излегувањето од затвор беше еден од соосновачите на организација чија цел била да ги искорени палестинските соработници на владата на Израел, пишува Индипендент.

Тој подоцна станал член на полицијата на Хамас, според Палестинскиот информативен центар. Го сметале за брутален и безмилосен, па го нарекувале „Касапинот од Кан Јунис“.

Повторно беше уапсен кон крајот на 1980-тите кога го призна убиството на 12 осомничени израелски соработници, по што беше осуден на четири доживотни затворски казни за злосторства, вклучително и убиство на двајца израелски војници.

Наводно, неколку пати се обидел да избега, а еднаш ископал дупка на подот од затворската ќелија, надевајќи се дека бегството ќе му успее.

Поминал повеќе од две децении во израелски затвор и го научил хебрејскиот јазик и добро го познавал израелското општество.

За време на неговиот престој во затвор, тој на еден италијански новинар му рекол дека затворот е клучен, дека му дава време да размисли за цената што е подготвен да ја плати за она во што верува.

Во 2008 година му е дијагностициран тумор на мозокот, а бил лекуван од израелски лекари пред да биде ослободен во 2011 година заедно со повеќе од 1.000 други затвореници во замена за израелски војник.

Синвар верувал дека киднапирањето на израелскиот војник е најдобрата вест за затвореникот бидејќи знае дека тоа му дава трошка надеж.

По враќањето во Газа, тој брзо напредување во раководството на Хамас.

Од 2017 година, кога стана лидер на Хамас на територијата, тој соработуваше со Ханије за да ја усогласи екстремистичката организација со Иран преку зајакнување на нејзините воени способности. Тој стана лидер на Хамас во Газа по вторпат во 2021 година.

Во ноември минатата година, израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека Синвар е изолиран во неговиот бункер, отсечен од околината и дека неговиот синџир на команда слабее.

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, го потврди убиството на Синвар, оценувајќи дека тоа е големо охрабрување за израелската армија и израелскиот премиер по серијата убиства на истакнати водачи на нивните непријатели во изминатите месеци.

Се верува дека нападот врз Израел бил организиран од Синвар со Мухамед Деиф кој беше убиен во израелски напад во Газа во јули истиот месец со Ханије во главниот град на Иран. Израелскиот јавен сервис Кан објави дека Синвар бил убиен „случајно“ и дека во неговиот костум биле пронајдени пари и лажни документи.

притисни ентер