Во 2024 година 93,8 отсто од деловните субјекти користеле компјутер

Во 2024 година 93,8 отсто од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа, а широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 93,2 процента од деловните субјекти со десет или повеќе вработени, соопшти ДЗС.

Во однос на е-трговијата, 19,7 отсто од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, додека 18,9 проценти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба. /МИА

Бритни Спирс си ја запалила косата по инцидент со камин: Лицето ми беше во пламен (ВИДЕО)

Само четири години откако ја запалила својата домашна теретана, Бритни Спирс повторно се соочи со оган и раскажа како доживеала страшна несреќа со камин.

Поп принцезата им порача на своите следбеници на Инстаграм дека „навистина опасниот“ инцидент се случил пред шест месеци, пренесе Пејџ Сикс.

- Бев во соба, го палев огнот и наеднаш ми експлодира во лице - се присетува пејачката (42) додека „зборува со британски акцент“: - Бидејќи мојот камин го правеше тоа претходно, ќе го замоли обезбедувањето да дојде и да го запали. Но, овој пат, само ја фрлив целата работа и буквално ми се разнесе во лице.

Спирс вели дека пламенот бил толку силен што „личноста со која била во тој момент - се разбудила“.

- Моите трепки, веѓи и – ги гледате овие бебешки шишки? Ова е од... ми гореше цела коса - опиша таа.

Добитничката на Греми била загрижена дека има изгореници од втор или трет степен и мислела дека ќе треба да оди во блница бидејќи лицето и било „како пламен“.

- Ме болеше да се допирам кога го држев телефонот. Ме болеше кога ставав мраз на лицето. Сè што допрев ме болеше. Ова се случуваше околу шест или седум часа. … Болката не престана. Беше толку, толку, толку лошо - изјави Спирс.

Конечно, таа земала три лекови против болки за да може да заспие.

– Сега сѐ е во ред – заклучила таа.

Минатата година музичарката случајно ја запалила својата домашна теретана со свеќи, а потоа изгорените останки ги покажала на Инстаграм.

- Ја поминав вратата од салата и пламенот, БУМ !!!!!! - напиша Спирс во декември 2023 година: - По Божја милост, алармот се вклучи после тоа и, „ипи ура“, никој не беше повреден. За жал, сега ми останаа само две парчиња опрема и еднострано огледало за теретана! Но, можеше да биде многу полошо, па затоа сум благодарна. Ама пст, сепак преферирам да вежбам надвор.

Хаџи-Јанев: Иран покажа заби, Израел со своите операции ги надмина иранските црвени линии

По иранскиот ракетен напад врз Израел растат стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток.

Според безбедносниот аналитичар Методи Хаџи Јанев извесен е регионален конфликт, а предупредува и дека ситуацијата може да ескалира и на глобално ниво. Со него разговараше Дејан Трајкоски.

Се огласи данската полиција по експлозиите пред израелската амбасада, уапсени 3 лица

Две експлозии што се случија рано утрово во близина на израелската амбасада во Копенхаген најверојатно биле предизвикани од рачни гранати, соопшти данската полиција.

„Две експлозии се случија во 3:20 часот во близина на израелската амбасада. Нашата прелиминарна проценка е дека тие биле предизвикани од две рачни бомби“, изјави на прес-конференција Јенс Јесперсен од полицијата во Копенхаген, додавајќи дека тројца млади Швеѓани се уапсени, пишува Тајмс оф Израел.

притисни ентер