Видео-Фото: Секси голферка во долна облека на снег!!

Атрактивната голферка Пејџ Спиранац е највлијателната личност на социјалните мрежи во светот на голфот.

Поради неа милиони мажи започнаа внимателно да го следат нејзиниот омилен спорт голфот.

Девојката која на Инстаграм ја следат повеќе од четири милиони луѓе покажува зошто е толку популарна на мрежите.

Поранешната професионална играчка на голф, а денес инструкторка во овој спорт, како и фотомодел, Пејџ Спиранац, најде посебен начин да го промовира својот омилен спорт.

Неодамна таа ексклузивно прикачува забавени видеа од нејзините клоци кои имаат милионски прегледи на социјалните мрежи.

Финска енергетска компанија бара заплена на танкерот кој наводно го пресекол подводниот кабел

Компанијата која е оператор на финската електроенергетска мрежа Фингрид денеска соопшти дека побарала од судот во Хелсинки да го заплени нафтениот танкер Игл Ес.

Компанијата која е оператор на финската електроенергетска мрежа Фингрид денеска соопшти дека побарала од судот во Хелсинки да го заплени нафтениот танкер Игл Ес во обид да ги обезбеди своите побарувања како отштета за штетата на подводниот кабел за пренос на енергија Естлинк 2.

Финската агенција за транспорт и комуникации претходно денеска соопшти дека ќе изврши контрола на нафтениот танкер „Игл Ес“, кој е осомничен дека припаѓа на руската „фантомска флота“ и дека предизвикал оштетување на подводен кабел во Балтичкото Море.

„На 2 јануари 2025 година, Финската агенција за транспорт и комуникации (Трафиком) ќе започне контрола на танкерот ‘Игл Ес’,“ соопшти директорката на Трафиком, Сана Сонинен, прецизирајќи дека инспекцијата ќе биде дополнување на истрагата што ја води финската полиција.

- Инспекцијата ќе ја извршиме на начин што нема да пречи на полициските операции и истрагата, потенцираше Сонинен.

„Игл Ес,“ кој плови под знамето на Кукови Острови, е осомничен дека на католички Божик го оштетил подводен електричен кабел „ЕстЛинк 2“, кој ги поврзува Финска и Естонија низ Балтичкото Море.

Танкерот беше спроведен со придружба до пристаништето Килпилахти, на 40 километри источно од Хелсинки, каде што истражителите го прегледуваат и го испитуваат неговиот екипаж од околу 20 лица. Од вторникот, седуммина морнари се под сомнение и им е изречена забрана за патување.

Се сомнева дека „Игл Ес“ е дел од руската „фантомска флота“ – бродови што превезуваат руска сурова нафта и нафтени производи под ембарго.

Во петокот, НАТО објави дека ќе го засили своето воено присуство во Балтичкото Море.

По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, во Балтичкото Море се регистрирани бројни слични инциденти. Според експерти и политичари, овие акции насочени кон енергетската и комуникациската инфраструктура се дел од хибридната војна меѓу Русија и западните држави.

На 17 и 18 ноември, во шведски територијални води беа прекинати два телекомуникациски кабела. Стокхолм го сомничи товарниот брод „Ји Пенг 3“, кој пловел под кинеско знаме, дека бил во областа кога се случил инцидентот.

Европската Унија најави зајакнување на мерките за заштита на подводните кабли, преку подобрување на размената на информации, примена на нови технологии за откривање и поправка и засилена меѓународна соработка.

Автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар

Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.

Од МВР за МИА информираа дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.

На лице место е и јавен обвинител.

Жена остава торба на туѓ праг, сопственикот занемел кога видел што има внатре (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео од њујоршкото предградие Лонгвуд.

Гледаме непозната жена како оди покрај тротоарот, застанува пред куќа и остава зелена торба на прагот.

Тоа било снимено од надзорна камера во неделата, во доцните попладневни часови, а она што се случило потоа ја шокира јавноста, пишува Дејли мејл.

Сопственикот на споменатата куќа Мамад Хафиз Џелу не знаел што се случува сѐ додека на телефон не му се јавил соседот. Она што го слушнал го натера да поита надвор и да ја отвори торбата!

„Имаше мало девојче внатре. Многу плачеше. Бев многу исплашен и му реков на соседот да повика брза помош. Ја внесов во куќата и повикав полиција“, објаснил Џело.

Тој додава дека бебето било старо неколку дена и потоа било пренесено во локалната болница. Лекарите рекле дека е во стабилна состојба и очекуваат да преживее.

Додека несреќното девојче е под надзор, полицискиот оддел на Њујорк се обидува да ја идентификува и лоцира жената фатена на камера.

„Мило ми е што таа е безбедна. Во исто време, шокиран сум што некој би можел да го направи ова“, рекол сопственикот на куќата во Лонгвуд.

Слично реагираа и неговите соседи, а Донел Варден за медиумите изјави дека целата приказна е „вознемирувачка“.

„Ако мајката не го сакала детето или околностите биле поинакви, зошто не го ставила на посвојување или не повикала полиција“, прашал тој.

Според важечките закони, возрасен не би одговарал доколку го предаде бебето на надлежните органи и на безбедно место. Полицијата ги повикала сограѓаните да помогнат во откривањето на жената.

притисни ентер