ЈО ГОКК: Кривичен одреди притвор од 8 дена за Васко Ковачевски

Кривичен одреди притвор од 8 дена за екс директорот Васко Ковачевски, издадена наредба за распишување на потерница

ОЈО ГОКК донесе Наредба за распишување на потерница и предложи притвор за осомничен во предметот „Адитив“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла, наведувајќи дека осомничениот не е достапен на органите на прогонот.

Согласно своите законски надлежности, јавните обвинители кои постапуваат во предметот до судијата на претходна постапка веднаш доставија Жалба по однос на донесеното Решение за отфрлање, како и Предлог за определување на мерка притвор за осомничениот која мерка ќе биде активна по неговото пронаоѓање. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.

Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР доставија Наредба за распишување на национална потерница и Изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице.

Истрагата за предметот „Адитив“ започна на 10 овој месец и со него се опфатени 23 физички лица и четири правни лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството и кривични дела против службената должност и против правниот сообраќај.

Силен ветер издува балон со дете во него, а потоа се случи нешто полошо (ВИДЕО)

Драматичен настан се одвивал во Бразил, поточно на плажа на околу 200 километри од Сао Паоло.

Силните ветрови го однесоа таканаречениот балон за одење во вода, во кој имало 11-годишно момче.

Неговите родители го забележале исчезнувањето и го вклучиле алармот, а работите да бидат уште полоши, балонот одлетал на остри карпи, се продупнал и почнал да се празни.

Неименуваното момче било исплашено, очајно и само, а потоа се случило чудо. Сосема случајно во негова близина се нашол Рафаел Граса до Прадо (32), кој се возел на глисер, пренесува Метро.

„Забележав голем балон, веќе беше пробиен и се наполни со вода. Момчето го шутирало, но не можело да се ослободи. Го прашав дали има воздух и тој го крена палецот нагоре“, рече тој.

Сепак, Рафаел не знаел колку долго ќе издржи малиот внатре, па брзо реагирал.

„Нема многу кислород внатре. Го смирив и ќерка ми снимаше сѐ. Не го отворивме балонот, го закачивме за чамецот и го влечевме до брегот“, објасни тој.

@dailymail A sailor rescued an 8-year-old boy who had floated adrift on the high seas inside an inflatable plastic ball. Rafael Graça do Prado said the bubble appeared to be punctured when he came across it, so he attached it to his boat by rope and dragged it as quickly as possible to shore. #news #bubbleboy #brazil ♬ Mysterious and sad BGM(1120058) - S and N

Таму ги нашле очајните и расплакани родители. Кога го виделе синот, побрзале да го извадат од балонот. Спасувачите подоцна издадоа предупредување дека малечките во вакви „реквизити“ никогаш не треба да бидат надвор од нивниот вид.

Италија бара итно ослободување на новинарката Сесилија Сала од притворот во Иран

Италија денеска побара итно ослободување на италијанската новинарка Сесилија Сала, која е притворена во Иран од 19 декември.

Италија денеска побара итно ослободување на италијанската новинарка Сесилија Сала, која е притворена во Иран од 19 декември, беше соопштено по средбата на генералниот секретар на италијанското Министерство за надворешни работи, Рикардо Гвариљa, со иранскиот амбасадор во Рим.

Во соопштението се наведува дека Гвариљa го повторил барањето да се обезбедат соодветни услови за притвор на Сала, со почитување на човековите права, како и да се гарантира нејзината целосна конзуларна помош, со дозвола да биде посетена од персоналот на италијанската амбасада во Техеран.

Гвариљa побарал и да i се дозволи на Салa да прима пакети, што досега не беше можно.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани денеска изјави дека италијанската влада неуморно работи на ослободување на новинарката од првиот ден од нејзиното апсење и дека очекува да бидат почитувани сите нејзини права.

Сала, 29-годишна дописничка на Ил Фољо, беше уапсена на 19 декември во Иран, каде отиде со новинарска виза и беше обвинета за наводно кршење на исламскиот закон.

Тaa моментално се наоѓа во затворот Евин во Техеран.

Паника пред Капитол поради сомнително возило- аларм поради два терористички напади во САД

Полицијата во Вашингтон веднаш реагираше на „сомнително возило“ пред Капитол.

Официјалните лица рекоа дека полицајците реагирале на извештајот и ги повикале локалните жители да ја избегнуваат областа.

Според извештаите, осомничениот бил забележан како го вози возилото погрешно на тротоарот, а властите ја опколиле областа, објави Дејлимаил.

Полицијата не препушта ништо на случајот по двата терористички напади во САД кои се случија во последните 48 часа.

Прво, во Њу Орлеанс, на новогодишната ноќ, воен ветеран влета со камион во толпата, по што отвори оган врз толпата во Францускиот кварт, убивајќи 15 и рани уште 30 пред полицијата да го убие.

Еден ден подоцна, вчераутро, пикап „Тесла“ експлодираше и изгоре пред хотелот на Трмап во Лас Вегас, при што едно лице загина, а неколкумина беа повредени.

Според непотврдени информации, полицијата во Вашингтон го уапсила возачот кој го управувал сомнителното возило.

притисни ентер