Кинески „Мини“ за само 3.000 евра

Откако оригиналниот модел на автомобилот „Мини Морис“ беше претставен во летото 1959 година, „Mini“ стана вистинска икона на глобалната автомобилска индустрија.

Но, додека најновите верзии на Mini продолжуваат да ги поставуваат стандардите во својата класа, повеќето возачи сметаат дека малиот и модерен автомобил станал прескап и сега жалат за деновите кога беше еден од најприфатливите модели на пазарот.

Но, за сите љубители на Мини Морис доаѓаат подобри денови. Сега постои значително попристапна алтернатива која сепак бара „помал компромис“.

Овој Mini всушност не е британски, туку „кинески мини“ и достапен е на „Alibaba“ за само 3.077 евра.

„Shandong Keyu TC-T“ е електричен хечбек со пет врати и дели голем број визуелни решенија со оригиналниот Mini, како што се карактеристичните тркалезни светла.

Слично на оригиналниот „Mini Cooper“, широк спектар на бои е достапен за клиентите, вклучувајќи примери со двобојна каросерија.

Познавачите на автомобилската индустрија сметаат дека, ниската цена на TC-T значи дека има „тенка“ количина на стандардна опрема. Но, „Шандонг Кеју“ вели дека моделот доаѓа со електрични предни прозорци, централна брава и LCD екран.

Сепак, во споредба со неодамна лансираниот Mini Cooper Electric, кинескиот EV има голем недостаток.

Погонот го обезбедува електричен мотор од 3,5 kW, кој на кинескиот Mini му обезбедува слични можности како Citroen Ami. Максималната брзина на моделот е ограничена на само 45 km/h, а максималниот опсег е меѓу 80 и 100 километри, пренесува „AutoBlog“.

Автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар

Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.

Од МВР за МИА информираа дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.

На лице место е и јавен обвинител.

Жена остава торба на туѓ праг, сопственикот занемел кога видел што има внатре (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео од њујоршкото предградие Лонгвуд.

Гледаме непозната жена како оди покрај тротоарот, застанува пред куќа и остава зелена торба на прагот.

Тоа било снимено од надзорна камера во неделата, во доцните попладневни часови, а она што се случило потоа ја шокира јавноста, пишува Дејли мејл.

Сопственикот на споменатата куќа Мамад Хафиз Џелу не знаел што се случува сѐ додека на телефон не му се јавил соседот. Она што го слушнал го натера да поита надвор и да ја отвори торбата!

„Имаше мало девојче внатре. Многу плачеше. Бев многу исплашен и му реков на соседот да повика брза помош. Ја внесов во куќата и повикав полиција“, објаснил Џело.

Тој додава дека бебето било старо неколку дена и потоа било пренесено во локалната болница. Лекарите рекле дека е во стабилна состојба и очекуваат да преживее.

Додека несреќното девојче е под надзор, полицискиот оддел на Њујорк се обидува да ја идентификува и лоцира жената фатена на камера.

„Мило ми е што таа е безбедна. Во исто време, шокиран сум што некој би можел да го направи ова“, рекол сопственикот на куќата во Лонгвуд.

Слично реагираа и неговите соседи, а Донел Варден за медиумите изјави дека целата приказна е „вознемирувачка“.

„Ако мајката не го сакала детето или околностите биле поинакви, зошто не го ставила на посвојување или не повикала полиција“, прашал тој.

Според важечките закони, возрасен не би одговарал доколку го предаде бебето на надлежните органи и на безбедно место. Полицијата ги повикала сограѓаните да помогнат во откривањето на жената.

ФБИ објави детали: Напаѓачот во Њу Орлеанс прво сакал да си го убие семејството и пријателите

Американскиот воен ветеран кој со својот пикап влетал во луѓето на новогодишната забава во Њу Орлеанс, се заколнал на верност на Исламската држава и дејствувал сам во нападот во кој загинаа најмалку 14 лица, соопшти ФБИ.

Осомничениот, кој бил убиен на местото на настанот откако отворил оган врз полицијата, е идентификуван како Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишен Тексашанец кој служел во Авганистан, објави Си-Ен-Ен.

Тој возел од Хјустон до Њу Орлеанс на 31 декември и објавил пет видеа помеѓу 01:29 и 03:02 ноќта на нападот во кои рекол дека ја поддржува Исламската држава (ИД), додаде ФБИ.

Во првото видео, Џабар објаснува дека прво планирал да им наштети на семејството и пријателите, но бил загрижен дека медиумското покривање нема да се фокусира на „војна меѓу верниците и неверниците“, рече заменик-помошникот директор на ФБИ, Кристофер Раја на прес-конференција.

Џабар на снимките изјави и дека се приклучил на ИД пред минатото лето. „Тоа беше терористички акт. Тоа беше однапред смислен и злобен чин“, нагласи Раја.

ФБИ соопшти дека се чини дека нема врска помеѓу нападот во Њу Орлеанс и епизодата во Лас Вегас истиот ден, кога сајбер камион Тесла, натоварен со канистри со бензин и моќна пиротехничка опрема, експлодира и се запали пред меѓународниот хотел Трамп во Лас Вегас.

Тоа се случи три недели пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа на 20 јануари.

Меѓу повредените во нападот во Њу Орлеанс имало и двајца полицајци кои биле застрелани од осомничениот.

Нападот се случил три часа по почетокот на новата година на улицата Бурбон во историскиот француски кварт.

Најмалку 15 лица загинаа, вклучувајќи го и осомничениот, соопшти ФБИ. Тој додаде дека знамето на Исламската држава било пронајдено на возилото користено во нападот.

Властите во другите американски градови објавија дека ја зголемиле безбедноста, вклучително и Трамп Тауер и Тајмс Сквер во Њујорк, додавајќи дека нема непосредни закани.

Во Вашингтон, полицијата, исто така, соопшти дека го зголемила своето присуство додека главниот град се подготвува да биде домаќин на три големи настани овој месец.

На 6 јануари Конгресот ја потврдува победата на Трамп на претседателските избори, на 9 јануари се одржува државното збогување од поранешниот претседател Џими Картер, а на 20 јануари инаугурацијата на Трамп.

притисни ентер