Видео: Нивес Целзиус во секси долна облека ја кити елката!!

Хрватската старлета, водителка, писателка и актерка Нивес Целзиус е подготвена за Божиќ, а тоа го покажа на социјалните мрежи со видео како ја украсува елката.

Сепак, она што привлече многу погледи беше нејзиното провокативно секси издание во кое ја кити елката.

Нивес ја кити елката во секси црвена долна облека која ги истакна нејзините бујни облини.

"Позади речиси секој секси Дедо Мраз кој ја накити елката за Инстаграм, стои еден кој навистина ја украсил. Во мојот случај и тој е секси", напишала таа со објавата и открила дека студио и помогнало да го украси елката.

„Секси Нивес“, „Се надевам дека тоа не е твојот сопруг“ е дел коментари под објавата, пренесува „ShowBuzz“.

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2024. биле целосно електрични

Девет од десет нови автомобили продадени во Норвешка минатата година биле целосно електрични, покажаа податоците за регистрација, бидејќи земјата ја исполни својата цел да додаде само електрични автомобили на патиштата до 2025 година.

Целосно електричните возила учествувале со 88,9 отсто од продажбата на нови автомобили во 2024 година, според податоците на Норвешката федерација за патишта (OFV). „Ни требаат само уште 10 проценти за да ја достигнеме целта за 2025 година“, се вели во соопштението на ОФВ. Од 128.691 новорегистрирани автомобили минатата година, 114.400 биле електрични, што е најголем удел на кој било голем пазар на автомобили и повеќе од 82 проценти во 2023 година.

И покрај тоа што е главен производител на нафта и гас, Норвешка има за цел сите нови продадени автомобили да бидат со „нулта емисија“ почнувајќи од 2025 година, 10 години пред целта на Европската унија, чија членка не е Норвешка.

Во 2012 година, електричните автомобили сочинуваа само 2,8 отсто од продажбата, но оттогаш тие експлодираа благодарение на различните стимулации.

Тие добија ослободувања од повеќе даноци, што ги направи конкурентни наспроти високо оданочените автомобили со внатрешно согорување. Тие исто така се ослободени од патарина, имаат бесплатен паркинг на јавните паркинзи и можеле да ги користат лентите за јавен превоз.

Иако некои даночни олеснувања и стимулации биле постепено укинати со текот на годините, електричните автомобили станаа секојдневие. Tesla е водечка компанија за електрични автомобили во Норвешка со 19 проценти од пазарот, а потоа следат Volkswagen, Toyota, Volvo и BMW.

Вучиќ разговарал за санкциите на САД за НИС со американскиот потсекретар: Нема добри вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше, како што изјави, отворен, искрен и тежок разговор со потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина на САД, Хозе Фернандез.

Разговарале, како што рекол, за важни прашања од билатералната соработка меѓу Србија и САД, особено во областа на енергетиката, објави Телеграф.

-Санкциите беа посебна тема, а за неколку дена ќе можам да ги откријам целосните детали. Секако, немам премногу добри вести за граѓаните на Србија, но Србија ќе ја зачува стабилноста и енергетската безбедност - напиша Вучиќ.

Финска енергетска компанија бара заплена на танкерот кој наводно го пресекол подводниот кабел

Компанијата која е оператор на финската електроенергетска мрежа Фингрид денеска соопшти дека побарала од судот во Хелсинки да го заплени нафтениот танкер Игл Ес.

Компанијата која е оператор на финската електроенергетска мрежа Фингрид денеска соопшти дека побарала од судот во Хелсинки да го заплени нафтениот танкер Игл Ес во обид да ги обезбеди своите побарувања како отштета за штетата на подводниот кабел за пренос на енергија Естлинк 2.

Финската агенција за транспорт и комуникации претходно денеска соопшти дека ќе изврши контрола на нафтениот танкер „Игл Ес“, кој е осомничен дека припаѓа на руската „фантомска флота“ и дека предизвикал оштетување на подводен кабел во Балтичкото Море.

„На 2 јануари 2025 година, Финската агенција за транспорт и комуникации (Трафиком) ќе започне контрола на танкерот ‘Игл Ес’,“ соопшти директорката на Трафиком, Сана Сонинен, прецизирајќи дека инспекцијата ќе биде дополнување на истрагата што ја води финската полиција.

- Инспекцијата ќе ја извршиме на начин што нема да пречи на полициските операции и истрагата, потенцираше Сонинен.

„Игл Ес,“ кој плови под знамето на Кукови Острови, е осомничен дека на католички Божик го оштетил подводен електричен кабел „ЕстЛинк 2“, кој ги поврзува Финска и Естонија низ Балтичкото Море.

Танкерот беше спроведен со придружба до пристаништето Килпилахти, на 40 километри источно од Хелсинки, каде што истражителите го прегледуваат и го испитуваат неговиот екипаж од околу 20 лица. Од вторникот, седуммина морнари се под сомнение и им е изречена забрана за патување.

Се сомнева дека „Игл Ес“ е дел од руската „фантомска флота“ – бродови што превезуваат руска сурова нафта и нафтени производи под ембарго.

Во петокот, НАТО објави дека ќе го засили своето воено присуство во Балтичкото Море.

По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, во Балтичкото Море се регистрирани бројни слични инциденти. Според експерти и политичари, овие акции насочени кон енергетската и комуникациската инфраструктура се дел од хибридната војна меѓу Русија и западните држави.

На 17 и 18 ноември, во шведски територијални води беа прекинати два телекомуникациски кабела. Стокхолм го сомничи товарниот брод „Ји Пенг 3“, кој пловел под кинеско знаме, дека бил во областа кога се случил инцидентот.

Европската Унија најави зајакнување на мерките за заштита на подводните кабли, преку подобрување на размената на информации, примена на нови технологии за откривање и поправка и засилена меѓународна соработка.

притисни ентер