Внукот на Мохамед Али победи во рок од минута и пол, судијата ја прекина борбата (ВИДЕО)

Биаџио Али Волш (24), внук на најголемиот боксер во историјата, Мухамед Али, го победи Исаја Фигуероа во Лас Вегас на настанот на борбената организација ПФЛ во рок од минута и половина.

Али Волш ја доби својата трета победа во четвртиот аматерски настап со ТКО. Фигуероа сега е на аматерски рекорд од една победа и два порази.

Волш се бори во лесна категорија, а натпреварувањето во ПФЛ има редовен дел од сезоната, односно редовни кола и плеј-оф во кој борците се борат за првото место. Да потсетиме, Али Волш неодамна почна да се занимава со ММА. Тој претходно беше средношколска фудбалска ѕвезда која играше и на Универзитетот во Калифорнија и на УНЛВ.

„Имав притисок и во фудбалот, кој е сосема поинаков спорт. ММА е исто така сосема различно од боксот, но исто така е борбен спорт, така што ќе има малку поголем притисок. Јас сум како и секој друг борец кој се обидува да направи име и наследство, само што е многу познат поради мојот дедо. Но, на крајот на денот, важно е само како ќе се претставите во кафезот“, рече Али Волш на крајот на ноември минатата година.

На прашањето за споредби со дедо му, тој рече дека неговиот стил нема да го пресече во ММА: „Многу се потпираше на предната нога кога задаваше удари, во ММА постојано добивав удар на таа нога. Се обидов со тоа, добив удар во ногата и ме соборија. Но мислам дека ја имам неговата брзина, што ми ја пренесе“.

МТЕЛ станува генерален спонзор на кошаркарската Прва машка лига

МТЕЛ станува генерален спонзор на кошаркарската Прва машка лига, продолжува партнерството со КК Работнички и КК МЗТ Скопје.

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, дел од групацијата Телеком Србија, со гордост ја најавува својата нова улога како генерален спонзор на најдоброто клупско кошаркарско натпреварување во Македонија.

„Среќни сме и почестени што станавме генерален спонзор на најдоброто натпреварување во македонската кошарка кое отсега ќе се именува како МТЕЛ Прва машка лига. Како компанија, сме длабоко посветени да соработуваме со спортските федерации и клубови за да ги поттикнуваме заедничките вредности и да промовираме активна, здрава заедница која ги инспирира младите луѓе. Уверени сме дека нашата поддршка ќе придонесе за возбудлива и успешна сезона, каде и клубовите и навивачите ќе уживаат во извонредни спортски достигнувања,“ вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

Покрај спонзорството на лигата, МТЕЛ го проширува и партнерството со актуелниот шампион КК МЗТ Скопје, станувајќи генерален спонзор на клубот за претстојната сезона. Ова означува континуирана заложба за зајакнување на локалниот спорт, а особено македонската кошарка.

МТЕЛ, исто така, со големо задоволство ја продолжува својата тековна соработка со најтрофејниот клуб на македонската кошаркарска сцена, КК Работнички чиј генерален спонзор е веќе трета година по ред.

Следејќи ги светските вредности за општествена одговорност, како и корпоративниот код на Телеком Србија групацијата, МТЕЛ во рамки на своите активности продолжува и во иднина да биде поддршка за различни хуманитарни и спортски настани, соопштуваат од компанијата.

Алкараз избори учество на Завршниот АТП турнир

Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се квалификуваше за Завршниот турнир на АТП, објавено е на веб-страницата на организацијата.

Натпреварот ќе се одржи од 10 до 17 ноември во Торино, Италија.

Пред Алкараз на Завршниот турнир се пласираа светскиот рекет број еден Јаник Синер и Германецот Александар Зверев.

Алкараз трет пат по ред ќе учествува на Завршниот турнир. Минатата сезона Шпанецот загуби во полуфиналето од Србинот Новак Ѓоковиќ, кој подоцна го освои трофејот.

Која е приказната зад вашиот омилен бренд Вива?

Што ви паѓа на ум кога ќе помислите на свежи, природни сокови кои веќе со години се дел од вашето секојдневие? 

За многумина од нас во Македонија тоа се соковите Вива — бренд кој веќе три децении е дел од нашите семејни трпези и прослави. Но, колку навистина ја знаете приказната за Вива? И дали знаете дека зад секој Вива сок има дел од приказната исполнета со посветеност, иновации и непоколеблива преданост кон квалитетот.

Вива одбележува 30 години и тоа е нашиот повод да побараме интересни факти за брендот, неговиот успех и значење. Се започнува во 1994 година со визијата на Димитар Јосифовски за создавање на семејна компанија, производител на природни овошни сокови. Визијата стана реалност, а она што тогаш беше амбиција денес е статус. Така, се роди Вива — бренд кој не само што доминира на домашниот пазар, туку предизвикува внимание и на меѓународно ниво. Дали знаевте дека Вива е најголемиот македонски производител на овошни сокови, нектари, каши и пиреа?

На почетокот беа само два внимателно создадени вкусови, коктел и портокал во дојпак пакување, кои веднаш станаа омилени. Денес, Вива има капацитет на производство од 60 милиони литри годишно, а магијата се создава на 50.000м² во Македонија, толку се просторните капацитети на Вива. Она што ja прави оваа компанија толку посебнa е тоа што е македонски бренд кој користи македонско овошје и зеленчук и на тој начин го стимулира локалното земјоделство, создавајќи производи со врвен квалитет.

Вива е повеќе од само бренд на сокови, таа е глобален амбасадор на македонскиот квалитет. Соковите се извезуваат во повеќе од 30 земји во светот, а пред да стигнат на полиците, секој производ поминува низ строга контрола на квалитет. Производниот процес е прецизно контролиран за да се осигура дека соковите остануваат свежи, хранливи и полни со вкус. Со применување на современата технологија за пастеризација се продолжува рокот на траење на производите и се задржуваат витамините и минералите без додавање на адитиви и конзерванси. Секоја година, компанијата вложува значителни ресурси во развој и тестирање на нови вкусови со цел да ги задоволи различните вкусови на потрошувачите.

Компанијата нуди разновиден асортиман на производи во практични пакувања, вклучувајќи нектари, 100% овошни сокови, цедени сокови, ладни чаеви, како и смути, доматни сосови и кечапи, сите произведени со сопствена преработка на овошје и зеленчук, наменети за потрошувачи кои се стремат кон здрави и природни опции за балансирана и квалитетна исхрана.

Вива е водечка компанија во Македонија со најголеми капацитети за преработка на овошје во индустријата во која делува. Тие преработуваат вишни, праски, јаболка и капини, претворајќи ги во вкусни сокови и каши кои се извезуваат и во Кина, Катар, Кипар, Алжир, САД, Данска, Ирак и други земји. Овошните каши од Вива се користат во производството на детска храна и кондиторски производи. Квалитетот на овие сокови, меѓу другото, се должи на посветеноста кон создавање производи во периодите кога овошјето е најсвежо и најквалитетно, што резултира со неодоливи вкусови. Исто така, овие сокови овозможуваат достапност на овошје во текот на целата година, а не само во сезоната.

Компанијата е длабоко посветена и на одржливост и општествена одговорност со инвестиции во локалното земјоделие, здравството, образованието, спортот, едукацијата на најмладите и поддршката на детските културни настани.

Оваа година, Вива слави 30 години постоење - патување обележано со страст, упорност и посветеност да биде најдобра. Без разлика дали станува збор за иновативни производи, одржливи практики или лидерство на локалниот и глобалниот пазар, Вива и понатаму е инспирација за успех.

Бонус „факт“ - следниот пат кога ќе си ставете чаша Вива сок, знајте дека уживате не само во вкусен сок, туку и во наследство на традиција, квалитет и иновација.

притисни ентер