„Гответе со Дракче“ - Компири со туна

Во вторник (24.09.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Георгиевски Камиказа

Состојки за денешниот рецепт:

10 компири

1 главица кромид

2 конзерви туна без масло

3 лажици црвен пипер во прав

3 јајца

1 лажиче морска сол

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова изјави дека партијата дејствува независно и оти тоа може да се заклучи од поднесените закони на ЛДП, од стренограмите, излагањата и гласањата во Собранието. 

На новинарско прашање зошто нема писмено известување за независното дејствување на ЛДП, која на изборите во мај настапи во коалиција предводена од СДСМ, Зајкова одговори дека „не гледа дека нешто би се сменило“ зашто „јасно и видливо“ е дека „ЛДП дејствува независно бранејќи ја својата либерално-демократска политика“.

-Сме го направиле тоа и во изминатиот состав, но не гледам дека нешто би се сменило бидејќи по самото гласање и предлозите кои ги даваме и излагањата, јасно и видиливо е како дејствува Моника Зајкова, рече претседателката на ЛДП на прес-конференција на која соопшти дека поднесуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи.

На прашање дали партијата ќе му се придружи на владејачкото мнозинство, одговори дека во моментов партијата е фокусирана да се позиционира со своите предлози и политики за граѓаните, а не, како што рече, „дали ќе настапува во одредено мнозинство или во одредено друго мнозинство“.

Додаде дека и да има понуда до ЛДП за коалицирање, би се разговарало во рамки на партиските тела и органи и дека за тоа јавноста ќе биде известена.

Зајкова ја нарече „квази“ иницијативата на дел од членовите на ЛДП кои пред две недели соопштија дека формираат одбор за промени на раководството на партијата.

-Квази затоа што беше претходно доставена до медиумите наместо до Централниот одбор, согласно статутот. Централниот одбор заседаваше по однос на иницијативата и таа доби нула гласови поддршка, додаде Зајкова.

Фото: Милијардери на „скапа“ вечера во приватен авион

Најбогатиот човек на светот, мултимилијардерот Илон Маск се најде во центарот на вниманието откако новоизбраниот претседател на САД,  Доналд Трамп го именуваше за еден од шефовите на новиот Оддел за владина ефикасност,

На социјалните медиуми се појавија интересни фотки од „прескапа“ вечера во приватен авион на неколку познати светски милијардери.

Според фотките може да се види дека и најбогатите луѓе на светот се само обични луѓе дека и тие за вечера некогаш јадат хамбургери од Мекдоналдс.

На фотографиите објавени на мрежата Икс, Маск позира со Трамп и неговиот нов министер за здравство Роберт Кенеди Јуниор и синот на Трамп, Доналд Трамп, во приватен авион, додека јадат храна од Мекдоналдс.

за јавноста е интересен податокот дека скоро сите присутни на фотките се милијаредери.

Пјастри: Веќе не сум должен да му помагам на Норис

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, откри дека повеќе нема да го поддржува тимскиот колега Ландо Норис поради намалените шанси за освојување на шампионската титула во Формула 1.

-Во голема мера, „да“, одговори Пјастри на прашањето дали стратегијата на тимот се променила, пренесоа американските медиуми.

Лидерот Макс Верстапен од Ред Бул има 393 поени, вториот Норис има 331, а го следат Шарл Леклер од Ферари со 307 и Пјастри со 262 поени.

Коментарот на Пјастри, сепак, сугерира дека тој не е целосно слободен да постапува како што сака под никакви околности.

-Сè уште има некои, да речеме, многу конкретни сценарија каде што можеби ќе треба да помогнам. Но, за многу голем дел од ситуациите се враќаме како што беше, изјави возачот на Мекларен и додаде дека следната година сака да се осигура дека не биде во слична позиција.

Тимот на Мекларен води во поредокот кај конструкторите со 593 бодови, пред Ферари со 557 и Ред Бул со 544 бодови./МИА

притисни ентер