Алкараз избори учество на Завршниот АТП турнир

Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се квалификуваше за Завршниот турнир на АТП, објавено е на веб-страницата на организацијата.

Натпреварот ќе се одржи од 10 до 17 ноември во Торино, Италија.

Пред Алкараз на Завршниот турнир се пласираа светскиот рекет број еден Јаник Синер и Германецот Александар Зверев.

Алкараз трет пат по ред ќе учествува на Завршниот турнир. Минатата сезона Шпанецот загуби во полуфиналето од Србинот Новак Ѓоковиќ, кој подоцна го освои трофејот.

Во израелски напад на Сирија е убиен високиот командант на Хезболах, Али Муса Дакдук

Во неодамнешниот израелски воздушен напад во Сирија загина висок командант на Хезболах, Али Муса Дакдук.

Во неодамнешниот израелски воздушен напад во Сирија загина висок командант на Хезболах, Али Муса Дакдук, кој помогна во планирањето на еден од најхрабрите и најсофистицираните напади врз американските војници за време на војната во Ирак, објави NBC News, цитирајќи висок претставник на Пентагон.

Дакдук бил заробен од американските сили по нападот во 2007 година во кој милитантите претставувајќи се како американски безбедносен тим убија пет американски војници, но подоцна беше ослободен од ирачката влада, според NBC News.

Има малку детали за израелскиот воздушен напад во кој беше убиен Дакдук, не се знае кога се случил нападот и каде во Сирија, како и дали цел бил конкретно командантот на Хезболах, изјави овој висок претставник на Пентагон.

Сиљановска Давкова прими претставници на Националната установа Филхармонија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими претставници на Националната установа Филхармонија по повод 80-годишнината од нејзиното основање.

На средбата на која присуствуваа Александар Котевски, в.д. директор, поранешните директорки Мелпомени Корнети и Маја Чаначевиќ, концерт-мајсторот Анна Кондратенко, концерт-мајсторот во пензија Румен Димитриев, како и Ангелина Димоска од Националната установа Филхармонија, претседателката Сиљановска Давкова честитајќи го големиот јубилеј, истакна дека оваа значајна културна институција како единствен постојан претставник на симфониското творештво на македонската музичка сцена, со својот богат и разновиден репертоар ја привлекува домашната и светската публика.

Претседателката оцени дека во изминативе години преку своите незаборавни концерти во земјава и ширум светот кои содржеле дела од светски класици, но и од македонски музички великани, Филхармонија градела свој специфичен имиџ по кој денес е препознатлива институција.

На средбата, претставниците на Филхармонија ја запознаа Претседателката со роденденската сезона насловена „Одисеја“ исполнета со настапи и изведби на врвни странски и македонски солисти, ремек-дела на симфонизмот, концертно музицирање и премиерни изведби на дела од домашни музички творци. Тие информираа и за програмската политика на оваа институција која содржи нова форма на изразување збогатена жанровски и естетски за различни профили на публика, а која вклучува и едукативни симфониски концерти за најмладите, соопштуваат од Кабинетот.

Џуд Ло тврди дека за една улога бил платен премногу: Филмот беше целосно промашување (ВИДЕО)

Џуд Ло, познат по неговите соработки со великани како Мајк Николс и Вес Андерсон, денес е синоним за успех во филмскиот свет.

Неговата кариера е обележана со независни остварувања и големи студиски блокбастери како Шерлок Холмс и Злосторствата на Гринделвалд. Сепак, Ло искрено призна дека една улога во неговата кариера не го оправдувала хонорарот.

Откако се прослави со улогата во „Талентираниот господин Рипли“, Џуд Ло стана едно од најбараните имиња во Холивуд. Но, неговата транзиција од независни филмови во комерцијални проекти го доведе до филмот Алфи од 2004 година, римејк на истоимениот класик од 1966 година.

Алфи, во режија на Чарлс Шајер, го следи животот на британски возач на лимузина во Њујорк кој го доведува во прашање неговиот хедонистички начин на живот по аферата со девојката на пријател. Филмот беше значаен за Ло од неколку причини: тој ја запозна својата поранешна свршеница Сиена Милер на сетот, а во исто време му донесе комерцијален успех бидејќи за улогата беше платен осум милиони долари.

Но, и покрај големиот буџет од 80 милиони долари, филмот заработи само 35 милиони, со што стана еден од најголемите неуспеси во неговата кариера. Ло подоцна призна: „Веројатно бев преплатен за улогата. Филмот беше целосно промашување“.

Интересно е што по Алфи, Ло најде можност да се врати на своите корени. Неговиот следен проект беше Closer, независна филмска продукција во режија на Мајк Николс, адаптирана од истоимената драма на Патрик Марбер. Closer стана клучен момент во неговата филмографија, разделувајќи ги критичарите, но задржувајќи го статусот на класика.

притисни ентер