ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ветуваа „Европско здравство„ а ги ставија пациентите во агонија

СДС и ДУИ цел мандат ветуваа „Европско здравство„ а ги ставија пациентите во агонија да чекаат термини за магнетна резонанца со месеци иако за тоа немало потреба.

Крахот на македонското здравство под раководство на СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување на термини, егзодус на лекарите и не постоење на систем на квалитетни здравствени услуги.

СДС системски го уништувала македонското здравство во изминатите 7 години според извештајот на ДЗР каде утврдиле недоволна искористеност на апаратите за магнетна резонанца при што граѓаните чекале, иако немало потреба.

СДС и ДУИ до толку го урнисаа здравството што ги оставиле граѓаните да чекаат со месеци за магнетна резонанца, иако за тоа немало потреба.

Борјот на апарати за магнетна резонанца во периодот од 2017 година до 2022 година е дуплиран според извештајот на ДЗР, а бројот на прегледи не е зголемен и истите се неискористени. ДЗР нотира и еден апарат кој е донација а воопшто не бил ниту ставен во функција.

СДС и ДУИ цел мандат ветуваа „Европско здравство„ а ги ставија пациентите во агонија.

Наместо брзи термини, на време и без чекање здравството под раководството на СДС и ДУИ направило хаос во системот со термини. Во системот со термини со години се внесувале помалку термини, како последица на дефект на апаратите и поради необучен кадар а на огромна штета и агонија на пациентите кои не добивале услуга.

Бројот на снимања по апарат во Македонија е далеку под европскиот просек. Имено еден апарат во просек има 2800 снимања годишно, а европскиот просек е од 4 до 9 илјади.

Катастрофалното менаџирање на СДС и ДУИ во здравството ги остави болниците без медицинска опрема, клиниките и болниците во долгови и дефицит на медицински кадар.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

ОПЕК повторно ја намали прогнозата за раст на побарувачката на нафта

 Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во својот најнов ноемвриски месечен извештај, објавен денеска, повторно ја намали прогнозата за раст на глобалната побарувачка на нафта оваа и следната година.

Како што е наведено, ОПЕК ја ревидираше надолу својата прогноза за побарувачката на нафта четврти пат по ред, пренесува Независне новине.

Нафтениот картел сега очекува глобалната побарувачка на нафта да се зголеми за 1,82 милиони барели дневно оваа година, што е помалку од октомвриската проценка за раст на побарувачката од 1,93 милиони барели дневно.

Ревидираниот раст на светската побарувачка е првенствено последица на послабата побарувачка за енергенси во Кина, но и во Индија и другите азиски и африкански пазари.

Струшки Комуналец најави тужби за неплатените фактури до крајот на ноември

 Јавното претпријатие „Комунално Струга“ ги известува корисниците на нивните услуги дека ќе пристапат кон тужење за фактурирани, заостанати неплатени сметки заклучно до 30 ноември годинава.

- Со таа цел ги повикуваме сите физички и правни лица, кои ги користат услугите на јавното претпријатие да пристапат кон доброволна исплата на долгот кои го имаат спрема јавното претпријатие „Комунално - Струга“ за да не бидат изложени на дополнителни трошоци, кои ќе настанат со поднесените тужби, стои во информацијата на претпријатието.

Корисниците, како што е наведено, долгот можат да го подмират и преку системот за електронска наплата со што им е овозможено онлајн плаќање на сметките со кредитна или дебитна картичка без провизија.

- Со оваа услуга корисниците имаат увид во неплатените месечни сметки и брзо, лесно и сигурно можат да ги платат, посочува ЈП „Комуналец Струга“.

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Турција ги прекина односите со Израел, подготвена e да започне операции доколку се почувствува загрозена.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека односите на Турција со Израел се прекинати и додаде дека неговата земја е подготвена да започне прекугранични операции доколку се чувствува загрозена.

„Турција, на чело со Реџеп Таип Ердоган, не може да продолжи да ги развива односите со Израел. Немаме никакви односи со Израел во овој момент. Не презедовме никакви чекори за развој на тие односи“, изјави Ердоганпо враќањето од Азербејџан , јави Си-Ен-Ен Турк.

Ердоган изрази надеж дека Турција може да ги обнови врските со сирискиот претседател Башар ал Асад, што, според него, може да придонесе за намалување на регионалната тензија.

притисни ентер