Властите на Филипините наредија евакуација на населението поради наближувањето на тајфун

 Властите на Филипините наредија евакуација на населението, складирање храна и ставање на војската во состојба на готовност поради тајфунот Јинсинг, бидејќи бурата се движи кон североисточните градови што може да ги загрози во текот на неделата

Центарот на тајфунот, со ветрови од 120 километри на час, се проценува на 590 километри од источниот град Балер во провинцијата Аурора, објави државната метеоролошка агенција.

Локалните власти го повикаа населението од оддалечените населби да се евакуира предвреме, бидејќи постои можност спасувачите да не можат да стигнат до нив за време на бурата.

„Различни владини оддели ги здружија напорите за издавање рани предупредувања, планирање и позиционирање на потребните стоки и услуги“, рече министерот за одбрана Гилберто Теодоро.

Се очекува бурата да го погоди копното помеѓу четврток навечер и петок наутро во близина на северната провинција Кагајан, со силен дожд во градовите кои се наоѓаат на патот, изјави претставник на метеоролошката агенција.

„Околу 24 милиони луѓе би можеле да бидат директно погодени од тајфунот“, соопштија филипинските власти.

Ова е трета бура за помалку од еден месец што им се заканува на Филипините, откако бурата Трами и супертајфунот Конг-реј го погодија централниот остров Лузон во последните неколку недели, при што загинаа 151 лице, а 21 се водат како исчезнати, соопшти цивилната одбрана.

Околу 20 тропски бури просечно ги погодуваат Филипините секоја година, носејќи поројни дождови, силни ветрови и смртоносни одрони.

Ковачки во седиштето на НАТО: Поздравено е значителното вложување и одвојување на средства

Поздравено е значителното вложување и одвојување на средства на сите земји членки, потенцирана е потребата од континуирана комуникација.

Од 3-5 ноември како собраниска делегација, учествувавме на брифинзи во седиштето на НАТО.

Настанот претставуваше уникатна можност учесниците изворно да се информираат за начинот на функционирање и соработката меѓу парламентарниот и владиниот дел на Алијансата, како и за нејзините актуелните приоритети, политики и идни предизвици во пресрет на Самитот на НАТО во Хаг следната година.

Беше поздравено значителното инвестирање и одвојување средства во делот на одбраната кај сите земји членки, со потенцијал истите да продолжат да се зголемуваат во следните години.

Особено беше потенцирана потребата од континуирана комуникација меѓу земјите членки, координацијата на заедничките активности, како и зголемената соработка со индустријата, како клучни за нивно поуспешно делување.

Линк од ФБ статус, Драган Ковачки

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1038101211659035&id=100063774981830

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Агелер: Гласав и како и сите вие очекувам да видам кој ќе победи на Претседателските избори

Гласав на денешните Претседателски избори во САД и како и сите Вие очекувам да видам кој ќе победи што значи дека заедно ќе продолжиме да следиме што ќе се случи, истакна денеска во Скопје американската амбасадорка Анџела Агелер.  

-Како амбасадор во Македонија мојата порака е дека е од витална важност секој граѓанин да излезе да гласа. Гласањето во демократијата е тајна одговорност и огромна привилегија. Јас гласав. Се надевам и очекувам дека ќе има мирна и фер транзиција на силата. Тоа е она што го очекуваме сите и се надеваме дека така и ќе биде, рече Агелер во изјава за медиумите за коментар за нејзините очекувања од денешните Претседателски избори во САД, дадена на паузата на „Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа“ што денеска беше отворена во Скопје во организација на ОБСЕ.

Таа одби да ја коментира изјавата што неодамна ја даде Стејт департментот дека е можно САД да биде медијатор во нашите преговори со Бугарија за продолжување на европската агенда, по конституирањето на новата бугарска Влада.

Аракчи: Иран не бара ескалација, но има право на легитимна одбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска, говорејќи за можниот одговор на израелските напади во Иран, извршени на 26 октомври, изјави дека неговата земја не бара ескалација, но има право на легитимна одбрана.

-За разлика од Израел, Исламската Република Иран не бара ескалација, но го задржуваме неотуѓивото право на легитимна одбрана, рече Аракчи во Исламабад, Пакистан на заедничката прес-конференција со неговиот пакистански колега, Исхак Дар.

„Ќе одговориме, тоа е сигурно, на израелската агресија навремено и адекватно, многу одмерено, но добро пресметано“, рече тој.

Пакистанскиот министер рече дека ја осудува неограничената воена агресија на Израел на Блискиот Исток и, како што ги нарече, нејзините „геноцидни дејства врз цивилите“.

Во неделата, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан објави дека евентуалниот прекин на огнот меѓу сојузниците на Техеран и Израел може да влијае на одговорот на неговата земја на најновите израелски напади.

На 26 октомври, израелските воздухопловни сили гаѓаа воени локации во Иран како одмазда за иранското истрелување проектили врз Израел на 1 октомври.

Израел го предупреди Иран дека е против каков било одговор на неговиот напад, додека Техеран вети, преку својот врховен лидер Али Хамнеи, дека одговорот ќе биде остар.

притисни ентер